Доктор Даница Стевковска – нов државен секретар во Министерството за здравство


Доктор Даница Стевковска е нов државен секретар во Министерството за здравство, информираше попладнево министерот Сашо Клековски. – Имам чест и задоволство да ја именувам д-р Даница Стевковска за државен секретар во Министерството за здравство. Стевковска е доктор на стоматологија, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По повеќе години работа како стоматолог од 2015 […]

АВМУ потврди дека Наша ТВ бара промена на сопственичката структура


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) реагира на обидите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија да го доведе постапувањето на Агенцијата во конкретни предмети во контекст на дневно-политички интереси.   „АВМУ постапува исклучиво врз основа на надлежностите и во рамките на постапките утврдени со закон. Пред секоја промена на сопственичка структура на радиодифузер, тој […]

Јаневска: Никој не може да го избрише македонскиот јазик од светската културна ризница, се грижиме за негова достојна афирмација


Министерката за образование и наука Весна Јаневска се обрати на свеченото отворање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што по 59-ти пат се одржува во Охрид. „Образованието и науката се цврстите темели врз кои се гради иднината на секој јазик и култура. Во таа насока, расте и институционалната грижа […]

Парче леб се наплаќало како килограм, се купувале душеци за кревети со преголеми димензии – ДЗР ги откри сите дубари во СД „Пелагонија“


По извршената ревизија во студенсткиот дом „Пелагонија“, Државниот завод за ревизија утврдил низа неправилности и неусогласености во работењето на домот. Со ревизијата, како што е соопштено од страна на ДЗР, било утврдено дека во материјалната и сметководствената евиденција на студентскиот дом не се евидентирани одредени постојани средства и не е извршено усогласување на сметководствената и […]

И годинава ќе има училишна кошничка, одлука ќе се носи во вторник


Следниов вторник, Владата на седница ќе донесе одлука за намалување на цените на училишните материојали, односно, она што родителите треба да го купат на почетокот на учебната година за своите ученици. Ранци, тетратки, моливи, гуми, линијари, лепила, маркери, прибори за ликовно, за техничко образование, блокови се дел од потребните реквизите потребни на секој ученик, а […]

Македонија утре во портокалова фаза, од недела поројни дождови и пад на температурите


Целата територија на Македонија, утре ќе биде во портокалова алертна фаза поради горештините.  Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, […]

Прелиминарни резултати од полагањето државна матура во август


Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот […]

Дел од Ново Лисиче добива нов систем за полевање, кај стадиончето „Никола Христовски – Кољо“


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во […]

Контејнери за кабаст отпад поставени на осум локации во Гази Баба


До 23 август, на територијата на Општина Гази Баба се поставени контејнери за одлагање кабаст отпад, информираат од ЈКП „Гази Баба 2007“. Контејнерите се достапни на осум локации – во Ергеле, Трубарево, Скопско Поле, Јурумлери, Колонија, Идризово и Дрма. Од јавното претпријатие апелираат граѓаните навремено да го одлагаат кабастиот отпад и тоа исклучиво во поставените […]

Се предлага продолжување на автобуската линија „35“ до Радишани, за бутелчани да се поврзат со Аеродром


Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека во изминатиов период до него стигнале повеќе предлози за продолжување на автобуската линија број 35, која во моментов сообраќа на релација Железничка станица – Ново Лисиче – Железничка станица Скопје Север. Предлогот, како што вели Костовски, бил оваа линија да продолжи до Радишани, со што Општина Бутел […]

Возило удри во автобуска постојка на Бит Пазар


Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот […]

Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милиони евра


Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, […]

Странците цупкаа на граница за да платат казна: В година трева ќе ви никне на автопатот!


На граничниот премин „Табановце“ помеѓу Северна Македонија и Србија, вчера беа забележани редици странски возачи кои чекаат да платат казни за сообраќајни прекршоци снимени од камерите на системот „Безбеден град“. „Срамота што прават Македонците“, е само еден од лавината коментари на социјалните медиуми по вчерашната примена на системот „Безбеден град“ за странци, поради што на […]

Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила


Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие […]

Без струја дел од жителите на Гази Баба


 Без електрична енергија денека ќе останат дел од корисниците од Општина Гази Баба. -Поради исклучување од подземна мрежа – промена на довод до РО (150-240мм2) од Автокоманда 10, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од 16-та Македонска бригада зграда ВА влез 2,3 и 4, во Општина Гази Баба, соопшти РЦУК по добиено известување […]

Сончево и многу топло, температурата до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Утринската температура ќе се движи од 13 до 21 степен, а дневната од 33 до 39 степени, соопши Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 20 август 2026 година, 232-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 133 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 40 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Казните од системот „Сејф сити“ стигнаа и до странските возачи – гужва на Табановце


Казните од системот „Сејф сити“ стигнаа и до странските возачи – на граничниот премин Табановце денеска се создаваат редици од возачи кои пред да ја напуштат земјава мораат да ги платат глобите за сообраќајни прекршоци регистрирани од камерите. Возачите кои „летале“ по македонските патишта, сега се соочуваат со непланиран трошок на граница, а од МВР […]

Пробајте гулаш на Фестивалот на занаети, ракотворби и храна „Шопско село“ во Крива Паланка


Општина Крива Паланка ја најавува завршницата на августовската културна програма, која од 25 до 29 август ќе донесе значајни културни манифестации, меѓународни гости, традиционални содржини и голем музички настан. Од 25 до 27 август, на Градскиот плоштад ќе се одржи XXI Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, една од најпрепознатливите културни манифестации во градот, која […]

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка


Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на прес-конференцијата на СДСМ, на која тој е критикуван дека задоцнил со прскањето против комарците. Вели дека е повторен обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка и оти фактите го говорат спротивното. -Јавното здравје не е тема за политичка паника – фактите се јасни. Вообичаено не […]