Претстави, изложби и промоции на Бела ноќ во сабота во Скопје




На 3 октомври, од 19:00 до 03:00 часот, „Бела ноќ“ повторно го осветлува Скопје. Вечер на уметноста што нè запира среде чекор, на музиката што нè води низ улиците и на средбите што остануваат во сеќавање. Oрганизатори се Универзална сала и Град Скопје.



Од плоштадите и мостовите до галериите, музеите и чаршијата, автентичните скопски места добиваат нов живот. Скопје ги отвора своите културни простори и ве повикува да го доживеете со поинакви очи – љубопитно, возбудено, заедно!



🌕 БЕЛА НОЌ 2026

📅 3 октомври, сабота

🕖 19:00 – 03:00 часот



📍 Уметноста ве чека на:

• Плоштад „Мајка Тереза“ (Плато пред МОБ)

• Младински културен центар – МКЦ

• Мост на уметноста

• Боемска улица

• Стара скопска чаршија

• Музеј на Град Скопје

• Аудио Култура

• Дом на градежници

• Мала станица

• ДКЦ „Карпош“

• Градска библиотека

• Чифте амам

• Улица „Македонија“

• Музеј на современа уметност



Изберете ја првата станица. Остатокот препуштете ѝ го на ноќта.



🤍 Бела ноќ – една ноќ за сите што го сакаат Скопје. И за сите што допрва ќе се вљубат во него.



⚠️ Целосна програма по локации ќе биде објавена утре!