Мицкоски за фамозните 325 отсто за пензиите: Месечниот пораст изминатите две години е 296 денари, пред тоа беше 91 денар


Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на новинарско прашање за споредба на просечната старосна пензија во време на претходната и актуелната Влада, посочи дека на месечно ниво таа се зголемува за 325 проценти повеќе отколку во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ потенцирајќи дека е подготвен аргументирано да зборува за тие податоци.  – Гледам како на […]

За Мицкоски скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници


 За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово, каде што изгореа 14 луѓе, секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело што би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со […]

Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти


Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп.  Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови.    – […]

Вирусот потврден и кај мртов гавран, до денеска 43 пациенти со западнонилска треска


Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со […]

Три јавни повици за поддршка од 3 илјади до 150 илјади евра за Скопје европска престолнина на културата


 Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои […]

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер


 Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните, а особено до сопствениците и операторите на дронови, за доследно почитување на правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Од МВР посочуваат дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, […]

Скопје ги следи сите службени возила со GPS: Ѓорѓиевски најави поголема контрола на трошоците


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS-уреди и се следат преку современ систем за мониторинг, со цел да се намалат трошоците и да се спречат можни злоупотреби. Преку системот во реално време се следат локацијата на возилата, нивната маршрута, брзината, […]

МВР упати предупредување до операторите на дронови поради гаснењето на пожари од воздух


Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата […]

Прилепските пожарникари со контрапожар спречија огнот да стигне до Подмоле


 Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изутринава информира дека целосно е изгаснат пожарот во околината на селото Лопатица, кое ноќеска беше загрозено од пламените јазици. Ангелов повтопрно апелира до граѓаните да бидат внимателни бидејќи доволна е само искра, која, ако падне на сува трева, може да настане вистинска катастрофа.   – Утрово, селата […]

Општина Аеродром конечно ги расчистува насобраните купишта гранки и диви депонии


Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации во Општина Аеродром.   Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани.   Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на […]

Без вода дел од Лисиче


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот се корисниците од улиците „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Димитар Благоев“ и дел од улиците „Митре Влаот“ и „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

ЕУ и Македонија во летна слатка трка: Кој повеќе произведува, а кој повеќе троши сладолед


етото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките […]

Сончево и многу топло до 40 степени


Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 21 август 2026 година, 233-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 132 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 48 минути, а ќе зајде во 19 часот и 25 минути. Денов трае 13 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Идејата за купување владин авион не е повлечена, ниту пропадната – вели директорот на СОЗР


Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на […]

Странските возачи преку веб апликација можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“


Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден […]

Томовски: Околу шест милиони денари се потрошија за обезбедување вода за пиење во Гостивар


Околу шест милиони денари беа потрошени за обезбедување вода за пиење за Гостивар изминатиов период, додека траеше кризата. Сите граѓани беа снабдени, а дневно се доставуваа по два шлепера или 50 – 70 тони питка вода, рече попладнево директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Во гостувањето на „Вести […]

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење


Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од […]

Нов проект: Обновување на речната поврзаност во Преспа


Започнуваме нов проект за мапирање и проценка на речните бариери во преспанското сливно подрачје, со визија за реставрација на природниот тек на реките и унапредување на условите за опстанок на загрозената преспанска пастрмка (Salmo peristericus).   Проектот се фокусира на реките Голема Река, Лева Река, Брајчинска, Кранска, Курбинска и Источка Река, кои се влеваат во […]