СДСМ вели дека има двајца Мицкоски. Едниот рудар, другиот демонстрант
Опозицискиот СДСМ реагираше на повторените најави на премиерот Христијан Мицкоски за отворање нови рудници. Партијата вели дека јавноста гледа двајца Мицкоски:
„Во 2023, додека беше опозиција, за Иловица зборуваше дека ‘се брани приватен интерес на сметка на колективниот интерес на граѓаните во тој регион’. Најавуваше дека идната влада на ВМРО ќе го решава случајот. Во 2026 е премиер. Па, на 17 април рече: противниците на антимонот ‘ќе налетаат на тврд орев’. Вчера: нема повлекување, тоа е иднината на земјата. Стратегија. Истата уста. Два различни принципа“, вели СДСМ.И го поставува прашањето дали ако во 2023 здравјето на луѓето вредеше против рудник, зошто истиот принцип не важи за антимонот денес?
„Концесиите за Иловица ги даде ВМРО во 2012 и 2013. Мицкоски тогаш беше во кругот на Груевски. Во опозиција се прави заштитник. На власт го впишува рудникот во просторниот план до 2040. Народот пак не е на маса. Провизијата е. Дојде на власт. Преспа ја нарече ремек-дело. Името остана. Реформите ги закопа. Сега ќе копа антимон“, вели СДСМ.