Стигнале пријави за мито побарано од медицинари – уште не е пријавено до правосудството


Граѓани пријавиле барање на мито од страна на медицинари, кажа Азир Алиу, министер за здравство. Но, засега ова е непријавено до правосудните институции. Посочува дека тие прво ќе ги проверат пријавите, па ќе видат што понатаму. Алиу одби да каже кои клиники биле пријавените, како и дали се од скопскиот Клинички центар. „Прва фаза е, […]

Владата за плата од 24 илјади денари ќе ангажира невработени лица за справување со пожарите


Владата ќе ангажира невработени лица кои ќе помагаат во справување со пожарите. Програмата се спроведува за првпат и ќе значи зачувување на природата, велат оттаму. -Мерката предвидува вклучување на 400 невработени лица кои ќе бидат ангажирани во јавни работи, со фокус на создавање на противпожарни појаси и други активности за спречување и намалување. Секој ангажиран […]

ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат


 Во општина Чучер Сандево, помеѓу селата Блаце и Чучер, каде гори мешана шума и ниска вегетација, екипите за гаснење се сè уште на терен и активно интервенираат. Еден крак од пожарот е пресечен и изгаснат, но останува уште еден активен крак кој се шири кон сосема непристапен ридско-планински терен, објавија од Центарот за управување со […]

Во скопската зоолошка градина починале две лами


Советникот во Град Скопје, Дарко Кирков, алармира дека во скопската Зоолошка градина повторно угинале животни – овој пат две лами, при што тврди дека институцијата го прикрива случајот. Според него, поморот трае со години, а состојбата ја опишува како „вистински хорор“. „Нашата, Скопската Зоолошка е една хорор приказна изминативе 3,5 години. Ја нареков куќата на […]

Скопјани, само во еден ден, потрошиле 140 олимписки базени со вода


ЈП Водовод и канализација – Скопје, ја информира јавноста дека и покрај секојдневните апели и превземање мерки, продолжува енормно зголемена потрошувачка на водата, особено во попладневните часови, што во просек изнесува над 350.000 м3 на дневно ниво, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдителниот систем. Скопјани во еден ден потрошиле 140 олимписки базени со вода […]

Отворена нова сензорна соба во средното училиште „Панче Арсовски“


 Нова сензорна соба, дизајнирана според потребите средношколците со попреченост е отворена во средното училиште на град Скопје „Панче Арсовски”, со цел подобрување на инклузивноста во образовниот процес. Оваа иницијатива, како што соопшти Град Скопје, е дел од посветеноста на градот за поттикнување инклузивна средина за учење во сите наши скопски средни училишта. Сензорната соба во […]

Издадена забрана за капење и пливање во битолската акумулација „Стрежево“


Јавното претпријатие „Стрежево“ издаде забрана за капење, пливање и задржување во истоимената вештачка акумулација. Одлуката за строга забрана за капење во објектите на хидросистемот е донесена поради опасност по живот од нагло полнење и празнење на системот и опасност од вшумукување во цевководот. Од ЈП „Стрежево“-Битола во јавно соопштение до јавноста нагласуваат дека нема да […]

Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце нормализиран


Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран. Укината е и забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР Сообраќајот на оваа делница синоќа поради пожарот над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот, кој се прошири, беше пренасочен за патнички возила, а беше воведена забрана за товарни моторни возила. МВР […]

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен, освежување од среда


Топлотниот бран со температури до 41 степен продолжува и во следните два дена, а освежување продор на посвежа воздушна маса од север се очекува од задутре. Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најави сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната […]

Ситуацијата по пожарот во дворот на Психијатриската болница е целосно под контрола, нема повредени ниту материјална штета


Министерството за здравство соопшти дека по пожарот што синоќа зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, ситуацијата е целосно ставена под контрола и нема причина за загриженост. -Од безбедносни причини, во краток временски период беше спроведена превентивна евакуација на дел од пациентите и вработените. Навремената и координирана интервенција на надлежните […]

Хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода на пожарот кај Блаце


Во седум налети хеликоптер на МВР исфрли 10 тони вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце, а потоа поради ноќните услови се врати во базата, информираа вечерва од МВР.  Полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК се вклучија во активности за гаснење на […]

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура


Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) со загриженост ја следи јавната комуникација на Министерството за здравство, во која се упатуваат апели до медиумите кои се ограничувачки по својата содржина и претставуваат обид за воспоставување на лоша институционална пракса во односите со медиумите. Како ЗНМ, го осудуваме обидот на Министерството да наметнува практични правила за тоа […]

ЦУК: Активни пет пожари на отворено заклучно со 21 часот


Активни се пет пожари на отворен простор заклучно со 21 часот, од вкупно 22 регистрирани денеска. Еден е ставен под контрола, еден е локализиран, а 15 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Има активни пожари во општините Прилеп, с. Бешиште (приземен во мешана шума), Македонски Брод, с. Црешнево (деградирана дабова шума и […]

Во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари


Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека направени се промени кои ветуваат спремност во справувањето со пожарите и за разлика од минатото државата ќе биде проактивна, а не реактивна на ова поле. Покрај опремата која е набавена за спречување на пожарите, посочува дека во тек е оглас за ангажирање на 400 пожарникари. – Македонската интервентна пожарна единица, […]

Пожар во населбата Геге, евакуирана Психијатриската болница Бардовци


Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.  – Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на […]

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот


Во државава активни се шест пожари на отворео, денеска заклучно со 18 часот се  регистрирани 17, покажува информацијата од веб страницата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите.  Еден пожар е локализиран, а десет се изгаснати.  Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, помеѓу село Блаце и село Чучер, каде гори ниска […]

Хеликоптер на МВР го гасне пожарот над патот кон ГП „Блаце“, сообраќајот се одвива наизменично


Во гаснење на пожарот што избувна попладне на патот кон граничниот премин Блаце интервенира хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, а сообраќајот на патот кон преминот се одвива наизменично, информираа од Центарот за управување со кризи и АМСМ. – Хеликоптерот моментално е активен на терен и активно учествува во гаснењето на големиот пожар што избувна […]

Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, се движи кон шума


Пожар на патот кон граничниот премин Блаце, гори сува трева и пожарот се движи кон шума, соопшти Центарот за управување со кризи.  Екипи од БППЗ на Град Скопје веќе се пристигнати на самото место каде што се наоѓаат  и припадници на полицијата, а известени се и ЕЛС Чучер Сандево и ЈП Караџица. ЦУК информира дека […]

Мицкоски ретерира за данокот за немажени и неженети, сакал да поттикне јавна дебата


Се разбира дека нема да има данок за немажени и неженети, изјави премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека целта била да се поттикне јавна дебата и изразувајќи исклучителна загриженост за демографската рецесија во Македонија последните години. Но, според Мицкоски, ние тивко исчезнуваме и изумираме и тоа поминува така незабележано и како да треба да се помириме […]