Владата ќе обезбеди превоз и сместување на семејствата на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во други земји
Владата утре на седница ќе донесе одлука за организирање и обезбедување на превоз и сместување на семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. -Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања …