Сојузот на филателистите на Македонија ќе одбележи 75 години со промоција на поштенска марка


Сојузот на филателистите на Македонија денеска ќе ја одбележи 75-годишнината од своето основање со промоција на поштенска марка издадена по повод јубилејот.  Промоцијата ќе се одржи во седиштето на Сојузот на филателистите во Скопје каде што пригодни обраќања ќе имаат претседателот на Сојузот, Синиша Павлески, и генералниот директор на АД Пошта на Република Северна Македонија, […]

Дел од Чаир без вода


Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Челопек“ и бр. „157“ во Општина Чаир. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради дефект на приклучна цевка од ф – 150 мм на раскрсница меѓу улиците  „Челопек“ и бр. „157“. Водоснабдувањето во овие населени места […]

Претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди, свежи утра и високи дневни температури


Претпладнево по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 17 до 20 степени. Во Скопје, утрото постудено, […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 31 октомври 2025 година, 304-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 61 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 5 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути. Денов трае 10 часа и 23 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Мицкоски најави 70 нови проекти, не спомена ниту еден од нив 


  Целиот партиски врв на ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери вечерва се собраа на платото пред Филхармонијата во Скопје на завршниот митинг за вториот круг од локалните избори. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, најави дека во наредниот период ќе имало реализација на 70 нови проекти во Македонија во образованието, здравството, земјоделството, културата. Тој најави и серија […]

Досега, никој не се разболел заради несобраното ѓубре во Скопје


Досега не се забележани некои заболувања што се директно поврзани со насобраниот смет во Скопје, но треба да се внимава посебно во овој период, додека не се расчисти сметот, порача доктор Драган Кочински, епидемиолог, раководител на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје. -Се препорачува често миење на рацете, посебно кога се оди да […]

Д-р Кочински: Граѓаните може паралелно да се тестираат за грип и за Ковид-19


Граѓаните во земјава може паралелно да се тестираат и за грип и за Ковид-19, бидејќи Институтот за јавно здравје располага со потребните реагенси, изјави попладнево д-р Драган Кочински, епидемиолог и раководител на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје. „Опремени сме со реагенси и луѓето може да се тестираат паралелно и за грип и […]

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“


Александар Јовановски на позицијата директор на Комунална хигиена Скопје доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој. Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружение за заштита и унапредување на […]

ЈП „Комунална хигиена“ на крај со резервите нафта: Арсовска да назначи в.д. директор!


Од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ бараат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  да назначи в.д. директор затоа што претпријатието има мали резерви на нафта. Во прилог ургенцијата од нив: „Почитувана г-ѓо Арсовска, Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за […]

МОН и ИНОФЕИТ ќе ги обучуваат наставниците за дигитални вештини, со фокус на ВИ


Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје се приклучува кон заложбите на Министерството за образование и наука за унапредување на дигиталните компетенции на наставниот кадар, поттикнување на иновативни педагошки практики и одговорна употреба на генеративната вештачка интелигенција во наставниот процес. Двете страни денес потпишаа меморандум […]

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром. Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје. Издвоени се 40 милиони […]

Жители од Крушево се жалат на институционален притисок пред изборите


Жители од Крушево информираат дека овие денови градот е под вистинска опсада, со сериозни притисоци, закани и уцени врз граѓани и бизниси, спроведени преку државни институции. Според нив, Управата за јавни приходи со повеќе инспекции врши масовно казнување на мали и семејни бизниси, а потоа инспекторите сугерираат дека „помош“ можат да добијат ако се обратат […]

В недела нема да има избори во Гостивар, Маврово, Врапчиште и Центар Жупа


Во недела, кога ќе се одржи вториот круг од локалните избори, нема да се гласа во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово, затоа што на гласањето во првиот круг на 19 октомври не беше постигнат цензусот од најмалку една третина излезност. Во овие општини ќе почне нова изборна постапка за избор на градоначалник […]

Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, пад во однос на претходната недела


Во текот на 43. недела од 2025 година – од 20 до 26 октомври, во земјава се евидентирани  56 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, што претставува намалување од 32,5 отсто во споредба со минатата недела, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – За споредба, во […]

Утрово минусни температури во Берово и Струмица


Најстудено утрово е во Берово, -2 степени Целзиусови, а максимални 6 степени се измерени во Крушево. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во 8:30 часот -1 степен е измерен во Струмица, 0 во Битола, Тетово и Демир Капија, 1 во Скопје–Петровец и Крива Паланка, 2 во Лазарополе, Прилеп, Куманово, Велес и Гевгелија, 3 во Штип, Кавадарци, […]

Без вода дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев


Поради изведување водоводен приклучок, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Борис Трајковски“ и „Христо Татарчев“, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Студено утро, преку ден сончево


Утрото денеска ќе биде постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 4, а максималните ќе достигнат од 16 до 21 степен. […]

Прекин во водоснабдувањето за корисниците на неколку улици во Карпош


 Корисниците на неколку улици во општина Карпош денеска ќе имаат прекин во водоснабдувањето од 09:00 часот, соопшти ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.  Прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците на улиците „Софиска“, „Бриселска“, „Петар Драганов“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Стокхолмска“. Прекинот ќе биде поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „Софиска“ 7 и […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 30 октомври 2025 година, 303-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 62 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 4 минути, а ќе зајде во 16 часот и 30 минути. Денов трае 10 часа и 26 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Поради Задушница, во сабота нема да се одржи „Маршот на ангелите“


Оваа сабота 1- ви Ноември, нема да има марш, бидејќи е Задушница, информираа на Фејсбук од Здружение на граѓани 16ти Март 2025.   „Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас. Следниот марш ќе биде […]