ЈП „Комунална хигиена“ на крај со резервите нафта: Арсовска да назначи в.д. директор!


Насобрано ѓубре на 22 октомври 2026 година - три дена по локалните избори (Фото: Б. Грданоски)

Од Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“ бараат градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  да назначи в.д. директор затоа што претпријатието има мали резерви на нафта.

Во прилог ургенцијата од нив:

„Почитувана г-ѓо Арсовска, Како Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ве информираме дека, спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за назначување и разрешување директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво вие. Согласно член 24, став 2, член 23 став 3 од Законот за јавните претпријатија и член 40 од Статутот на ЈП Комунална хигиена – Скопје (во прилог), исклучиво вие како градоначалник на Градот Скопје имате ингеренции да именувате в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, имајќи го предвид дека состојбата во претпријатието итно го налага тоа. Би сакале да ве потсетиме и дека во текот на изминатите четири години токму вие именувавте пет в.д. директори на ЈП Комунална хигиена – Скопје и разрешивте четири од нив. За ваше запознавање, во моментов се при крај резервите со нафта наменета за специјализирани комунални возила кои се употребуваат за собирање и транспорт на комуналниот отпад, што не може да се набави без потпис на в.д. директор. Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот Скопје е ваша. Од наведените причини, Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје бара од вас итно да назначите нов в.д. директор кој ќе раководи со претпријатието, во насока на остварување на примарната дејност на претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје. Управен одбор на ЈП Комунална хигиена – Скопје: Јулијана Спировска Ерџан Демир Анета Гоцева Персида Отовиќ Стојановска Гордана Велковска Теута Џафери Јуљмие Хаскај Мируше Лимани Јашари Влатко Митовски Јане Попоски Христина Јовановска Тодор Шоптгарјанов“, се вели во текстот.