Без вода дел од Аеродром кај „Раде Кончар“


 Без вода денеска од 12:30 часот се дел од корисниците од Американ Колеџ, Тинекс Маркетот и „Раде Кончар“ во општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на шибер ф 80 мм на булевар „3-та Македонска Бригада“ бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на интервенцијата.

Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции


 Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ си поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година. Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот …

Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции Read More »

Метео аларм за Македонија: Обилни врнежи од дожд!


Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од …

Метео аларм за Македонија: Обилни врнежи од дожд! Read More »

Уште неколку дена наплата на долгови за „Водовод“ без камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во интерес на своите корисници и граѓаните на град Скопје. Во таа насока, ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за наплата на долговите на рати без камата е во тек и истата завршува за неколку дена. …

Уште неколку дена наплата на долгови за „Водовод“ без камата Read More »

Аплицирајте за проектот Светски ден на уметноста, Општина Центар финансира 400 илјади денари


Општина Центар, информира дека е отворен јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Светски ден на уметноста“, кој ќе се одржи на 15 април. Овој настан ќе им овозможи на уличните уметници – музичари, акробати, танчери и перформери да го претворат јавниот простор во сцена за креативно изразување. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите уметници …

Аплицирајте за проектот Светски ден на уметноста, Општина Центар финансира 400 илјади денари Read More »

Пожарот во Кочани го отвори прашањето за нова опрема и екипираност на противпожарните служби


Интервенцијата на кочанските пожарникари во гаснењето на пожарот и спасувањето на младите лица во дискотеката „Пулс“, беше пожртвувана и храбра. Десетина дена по трагедијата и кај нив сѐ уште е присутен шокот од последиците што ги предизвика огнената стихија, иако во досегашното работење се соочувале со голем број слични предизвици. Тројца пожарникари се здобија со …

Пожарот во Кочани го отвори прашањето за нова опрема и екипираност на противпожарните служби Read More »

На охридскиот аеродром прв лет од директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул


Со пристигнување на патници од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ ќе биде означен официјалниот старт на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид.    Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Туркиш ерлајнс“ што од денеска ќе лета од Истанбул до охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“. Според претходните најави, …

На охридскиот аеродром прв лет од директната авиолинија на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул Read More »

Зградата на МАНУ, бисер на модерната на Балканот, комплетно ќе се реконструира


Оваа година ќе се изработи проект за комплетна реконструкција на објектот на МАНУ кој е изграден во 1976 година, рече вчера, првиот човек на МАНУ, академик Живко Попов во експозето на Редовното годишно собрание осврнувајќи се на работата во изминатата година – прва во неговиот мандат.  Зградата на МАНУ важи за бисер на модерната во …

Зградата на МАНУ, бисер на модерната на Балканот, комплетно ќе се реконструира Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 20 …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е четврток, 27 март 2025 година, 85-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 280 ден. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 25 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 12 часа и 28 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор


 Мерката „ефективен притвор“ за поранешните градоначалници на Кочани, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев е заменета со куќен притвор, а во куќен притвор оди и поранешна директорка на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донел Основниот суд во Кочани постапувајќи по жалбите на 17 осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.  На останатите 14 лица одбиени …

Ефективниот притвор за двајца поранешни градоначалници на Кочани заменет со куќен притвор Read More »

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава


Дваесет и двегодишен пациент кој беше повреден во пожарот во дискотеката во Кочани, а кој се лекуваше во Атина, вечерва се врати во државава. Вечерва се очекува во земјава да пристигнат и четворица пациенти од Шпанија. Министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го пречекаа …

Пациент кој се лекуваше во Грција се врати во државава Read More »

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани


Премиерот Христијан Мицкоски се сретна со младиот Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани. За средбата извести Мицкоски на неговиот службен профил на Фејсбук. Притоа, како вели, на Костадинов ќе му биде доделена стипендија од „Алкалоид“  како знак на признание за неговата храброст и човечност.  „Денес се сретнав со Јован Костадинов, …

Мицкоски се сретна со Јован Костадинов кој спаси 21 лице од огнената стихија во Кочани Read More »

Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри


Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски. Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – …

Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри Read More »

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано


Во врска со изјавата на Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ, за наводно вршење на притисок врз вработени во центрите за социјална работа, како и закани дека ќе бидат избркани од работа доколку излезат на протест ве известуваме дека од страна на Кабинетот на министерот и …

Министерство за социјална политика, демографија и млади: Правото на протест е загарантирано Read More »

Вински музеј Кавадарци на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко


Вински музеј Кавадарци е на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко, Неколкумина странски  туристи дсенеска ја посетија оваа културна установа, откако претходно поминаа неколку километри на коњи, од една друга точка, во прекрасна еко и етно околина на тиквешкиот крај. Во музејот кој се повеќе привлекува внимание на домашни и странски посетители, тие се …

Вински музеј Кавадарци на мапата за туристи со коњи низ Тиквешко Read More »

КСЗД поведе постапка по службена должност против психијатриските болници и МЗ


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека повела постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги. Како што е објавено на …

КСЗД поведе постапка по службена должност против психијатриските болници и МЗ Read More »

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп


Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска обвини дека врз вработените во скопските центри за социјална работа бил извршен силен притисок да не излезат надвор од работните места и така да ѝ дадат поддршка на колешката Маријана, која беше ранета со два куршуми во оружен инцидент што се случи во Центарот за социјална работа …

На скопските центри за социјална работа им било забрането да дадат поддршка на ранетата колешка од Прилеп Read More »

Муцунски: Платени се сите трошоци на пациентите и нивните семејства во странство, хуманитарни акции поддржувам


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција истакна дека активно се работи на процесот на репатријација на македонските пациенти повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство. -Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Министерството за здравство и СОЗР активно работат на реализација на процесот на репатријација на …

Муцунски: Платени се сите трошоци на пациентите и нивните семејства во странство, хуманитарни акции поддржувам Read More »

Нема повеќе „количиња“ зад Участакот во Прилеп – детско игралиште е планирано со унгарските пари


Локалната самоуправа на Општина Прилеп е подготвена за реализација на нови капитални проекти, кои треба да ги реализира со парите од вториот повик на Владата за унгарскиот кредит. Во рамките на Јавниот повик објавен од Министерството за локална самоуправа, поднеле 11  значајни проекти, кои ќе бидат финансирани со поддршка на Владата. Ова се проекти од …

Нема повеќе „количиња“ зад Участакот во Прилеп – детско игралиште е планирано со унгарските пари Read More »