Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници


Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив. -Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може […]

Железничката станица Скопје повеќе нема да биде големо рекламно пано и турбо-фолк хаб


  Железничката станица во главниот град на државата, еден од симболите на модернистичко Скопје, градена според проект на славниот јапонски архитект Кензо Танге, повеќе нема да биде како големо рекламно пано и турбо-фолк хаб. Ова денес на прес-конференција го изјави Синиша Ивановски, директор на Македонски железници Инфраструктура, најавувајќи го проектот за целосна реконструкција на железничката […]

Тој е кандидат за градоначалник на Зелениково, сестра му претседател на изборната комисија


  Секакви работи се случуваат на овие локални избори, а и цели семејства да бидат вклучени во процесот. Како во општина Зелениково. СДСМ денеска објави дека претседателка на Општинската изборна комисија на Зелениково Елена Маневска-Јовановска. Таа е сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Коста Маневски. „Тоа само по себе претставува класичен судир на интереси […]

Се одбележуваат Еразмус денови 2025 – ќе бидат објавени писма од оние кои прошетале со програмата


Со „Еразмус штафета – кутија во движење“, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ја започна агендата за одбележување на Еразмус денови 2025. Учениците и наставниците од основното училиште „Ацо Шопов“ во Бутел кои веќе ги искусиле придобивките од учеството во оваа европска образовна програма преку проект за мобилност, се првите што симболично во […]

„Не гледам иднина во Македонија“: Средношколците од Делчево, Берово, Кочани масовно на студии во Бугарија


  Меѓународно признаена диплома, сместување во студентски дом (четири години во иста соба), финансиска поддршка од министерството за образование се дел од причините поради кои матурантите од Делчево, Македонска Каменица, како и од Берово, Пехчево, Кочани се одлучуваат да се запишат на факултетите во Бугарија, место на некој од македонските. „Јас не ја гледам иднината […]

Почина Панчо од ДНК – уште една жртва од пожарот во „Пулс“


  По речиси седум месеци во болница, почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК. Тој изминатиот период го помина на лекување во „Систина“ каде се бореа со повредите со кои се здоби откако се случи пожарот во дискотеката „Пулс“ во март годинава, кога загинаа 62 лица, меѓу кои и  членови на бендот ДНК. Познато беше […]

Нема метан за автобусите на ЈСП? Смислете како попладне ќе се вратите дома


Автобусите на ЈСП кои користат метан како гориво, попладневно најверојатно ќе се исклучат од сообраќај заради проблеми со дотурот на гас. Утрово во сообраќај беа зглобните автобуси од марката „МАН“, кои најчесто возат на долгите релации кои го поврзуваат источниот со западниот дел на градот, но попладне тие веројатно ќе бидат исклучени поради проблеми со […]

(Во живо) Ќе се реконструира Железничката станица во Скопје


Директорот на ЈП Македонски Железници Инфраструктура, Синиша Ивановски, деканот на Градежен факултет, Јосиф Јосифовски и деканот на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска, ќе оджат прес-конференција на тема „Реконструкција на Железничка станица Скопје“.  Проследете ја во живо:

Најстудено на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија


Најниска температура до 8:30 часот утринава е измерена на Попова Шапка -1 степен Целзиусов, додека во исто време највисока температура е измерена во Гевгелија 11 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Нула степени се измерени во Берово, 3 во Лазарополе, 4 во Демир Капија, Маврови Анови и Крушево, 5 во Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Претор […]

Саем на локални производи ,,Вкусот на Тиквешијата” во Кавадарци


„Вкусот на Тиквешијата”, е насловен саемот на локални производи, што денеска од пладне, ќе се реализира на градскиот пазар во Кавадарци. Организатор на настанот е Комисијата за еднакви можности при Општина Кавадарци.  – Вкусот на локалните производи ја раскажува приказната на еден народ. На раце што создаваат, на срце што не заборава. Ќе имаме кошници […]

Без струја дел од Аеродром и Карпош


Без струја денеска ќе бидат жителите на неколку улици во Аеродром и Карпош. -На ден 14.10.2025 година (вторник ) без електрична енергија ќе останат: 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Божидар Рајковиќ. (Општина Аеродром); од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Крчин (Општина Карпош) и од 09:00 до 14:00 […]

Сончево со температура до 23 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 14 октомври 2025 година, 287-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 78 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 45 минути, а ќе зајде во 17 часот и 54 минути. Денов трае 11 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

Мицкоски вели дека не изнесол ниедна навреда за никого во кампањата


  На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека се изнаслушал многу работи за него во кампањата, а тој никого не навредил. „Последно коешто го слушнавме од претседателот на СДСМ е тоа дека тие не нѐ мразеле или, туку ме презирале. Што сѐне се изнаслушав во оваа кампања, од тоа […]

Трагедијата во Кочани зеде уште една жртва – полицаецот Владо Петров


Владо Петров – главниот инспектор за сообраќај во Кочани, кој веќе неколку години бил во пензија, првоосомничен во случајот „Пулс“ за наводни неправилности при издавање на дозвола за паркинг – почина синоќа. Според неофицијални информации, тој починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес. Петров беше во првата група осомничени полициски службеници затоа […]

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари


Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“. Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква […]

Кривична пријава против Орце Ѓорѓиевски дека дозволувал дивоградби


  Во Основното јавно обвинителство – Скопје е поднесена кривична пријава против градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, со која се товари за непостапување по службена должност и толерирање дивоградби во населбата Драчево, пишува „Слободен печат“. Пријавата опфаќа два одделни случаи на незаконито градење. Првиот […]

Расчистена депонијата под Кале


Актуелниот градоначалник на Општина Центар и кандидат од редовите на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Горан Герасимовски, денеска, заедно со директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Душко Коцевски, учествуваше на акцијата за чистење на депонијата кај полигонот на Кале. Како што посочи Герасимовски, хигиеничарите на ЈП ПОЦ заедно со службите на Општината се постојано на […]

Улицата „Белградска“ во Скопје од денеска е еднонасочна


Изминатиов викенд екипи на ЈП „Улици и патишта” Скопје на улица „Белградска” ја поставија новата вертикалната сигнализација за еднонасочен сообраќај. На оваа сообраќајница во насока од булевар „Мајка Тереза” кон улица „Димче Мирчев”согласно основен сообраќаен проект воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај. ЈП „Улици и патишта” Скопје апелира до учесниците во сообраќајот да […]

Битолските кандидати ветуваат работи за екологијата и кои не се нивна надлежност


  БИТОЛА – Поставување филтри на оџаците на РЕК „Битола“, субвенционирање на електричната енергија за битолчани како компензација за работењето на термоелектраната, до забрана за палење на депонии, ова се само дел од ветувањата на кандидатите за градоначалник на Битола за претстојните избори на тема екологија, чист воздух, отпад… Најголем дел од нивните ветување се […]