Заев: Сега е најдобриот момент да се изнајде решение за името


Мислам дека сега е најдобриот и неповторлив момент да се изнајде решение за долгогодишниот проблем за името, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по завршувањето на денешното рочиште за „Поткуп“. – Очекувам најмалку на маргините на Самитот за Западен Балкан во Софија да се видам со грчкиот премиер Ципрас и да ги искоментираме […]

Тимоние: Имаме доверба во Македонија дека ќе ни се приклучи во европското семејство


Ние имаме доверба во Македонија дека ќе ни се приклучи во европското семејство. Ова денеска го соопшти францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние во МНР, каде со предавање беше одбележан Денот на Европа-9 Мај. – Добредојдовте во клубот бидејќи вие поминавте, направивте еден значителен чекор со безусловната препорака. Но, тоа е само почетокот на еден […]

Заев: Снимката за „Поткуп“ објавена на Јутјуб е прекинувана


Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште во Кривичниот суд на кое се гледаше скратената снимка што беше објавена на Јутјуб, рече дека Судот констатира оти на три пати снимката се прекинува. – Токму тоа се деловите кои што ги видовме преку презентацијата на целата снимка, како се разговара и објаснува дека сето ова ќе оди за цемент,  […]

Филипче: Немаме обврска да ѝ плаќаме пенали на банката за Клинички центар


Пред две недели имавме состанок со Банката на Советот на Европа. Останува делот од парите што беа посветени на Клиничката болница во Штип, а ние се откажуваме од делот што беше наменет за градење на Клиничкиот центар во Скопје во рамки на сегашниот кампус. Во однос на Банката ние немаме обврска за плаќање на никакви […]

Април потопол за пет степени од просекот, со мал број дождливи денови


Значително повисоки температури, за дури четири до пет степени, годинава имаше во април. Највисока темепратура е измерена во Гевгелија 31,5 и Демир Капија 30,9 степени на 24-ти минатиот месец. – Споредено со многугодишните просечни вредности за април за период 1981-2010, температурите во април 2018 се значително повисоки, за четири до пет степени. Среднодневните температури беа […]

Случај „Титаник“: Ново судско рочиште за изборните измами


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“ што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено, бидејќи како што кажа судијата Осман Шабани, Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како […]

Бошкоски: Нема да се гледаме со командант Хоџа


Тринаесет посебни, десет „обични“ и 33 надворешни советници има премиерот Зоран Заев. Еден дел од нив имаат статус на административни работници и тие се обврзани секојдневно да доаѓаат на своите работни места, но поголемиот дел се „теренци“, на кои единствена обврска им е да рефефираат пред претседателот на Владата, па макар тоа го правеле и […]

Денеска се навршуваат три години од настаните во „Дива населба“


Денеска се навршуваат три година од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи,  додека четириесетина беа тешко повредени. Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ кои […]

Рочиште за „Поткуп“, ќе се гледа снимката објавена на Јутјуб


На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб. Снимката требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности. Пред Судот во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште исказ даваше Заев. Тој рече […]

Вашингтон загрижен поради Хоџа и Бошкоски


Американските власти се загрижени што две лица што се на нивната црна листа станаа советници на премиерот Зоран Заев. Станува збор за Љубе Бошкоски и за новопечениот советник Џезаир Шакири алијас командант Хоџа. „Ние ја споделивме загриженоста со Владата. Но, ова не е ненадминлива ситуација во односите меѓу амбасадата на САД во Македонија и Владата […]

(Фото) Нов асфалт на улицата „4 Јули“ во Кавадарци


Нов асфалт доби улицата „4 Јули” во Кавадарци. Оперативата на фирмата „Инвест груп” денеска на оваа улица постави нова асфалтна подлога на вкупна површина од 1.200 квадратни метри, со дебелина од пет сантиметри. Новиот асфалт се постави на потегот од спојот на улица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“. За реновирање […]

Општина Струмица: Доколку имало нешто што се коси со законот, институциите на ВМРО-ДПМНЕ ќе реагирале


Општина Струмица ги демантира, како што наведува, инсинуациите за наводен судир на интереси, пласирани во јавноста преку денешната прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Вистината вели дека Општина Струмица, по пат на електронско јавно наддавање, изврши продажба на споменатото градежно земјиште, а истото го купи физичкото лице Сашко Брндевски, за кое согласно Законот за градење, […]

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување


Владата на денешната  67. седница донесе одлука за исплата на паричен надоместок и обезбедување здравствено осигурување за последните месеци на вработените во компанијата „Еурокомпозит“ од Прилеп, соопшти владината прес-служба. Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ минатата недела два часа протестираа на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар, барајќи да им се исплати една плата, […]

Се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохол


Ќе се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година. Владата на денешната седница го прифатила предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија, чија цел е укинување на ограничувањата на времето на продажба […]

Турската амбасадорка учениците во „Јахја Кемал“ги нарече идни терористи


„Ајде да се бориме против оваа терористичка организација“, со овие зборови за Приватното гимназиско училиште„Јахја Кемал“, турската амбасадорка во Македонија, Тулин Еркал Кара, ја промовираше Фондацијата „Мариф“ вчера во Скопје, пишува „Portalb.mk“.Покрај тоа, таа апелираше до родителите, децата да ги запишат во Фондацијата „Мариф“, „доколку во иднина не сакаат да бидат терористи“. „Апелирам до сите […]

Лидерска средба во Охрид на 18 мај ?


Планирана е средба на лидерите на парламентарните партии на 18 мај во Охрид, во рамки на дијалогот „Жан Моне“, чиј иницијатор е Европскиот парламент. Според наши информации, во агендата за тридневните разговори меѓу пратениците во Охрид – од 17 до 19 мај, предвидено е и учество на лидерите на партии на работната вчера на 18 […]

Груевски не сака да се брани за „мерцедесот“


  Поранешниот премиер Никола Груевски одби да даде одбрана за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека е очигледно оти нема негова вина со набавката на блиндираниот „мерцедес“, односно по изведувањето на доказите на Обвинителството и на одбраната, произлегува дека не го сторил делото за кое што е обвинет. „Согласно поуката […]

Судењето за „Тенк“ продолжува на 14 мај


Предметот на СЈО „Тенк“ продолжува на 14 мај со изнесување на завршни зборови на инволвираните во овој судски процес. На денешното рочиште што траеше речиси шест часа, одбраната бараше изземање на специјалните јавни обвинители. По барањата на адвокатите на одбраната за изземање на обвинителите, за кои обвинителот на СЈО Стевчо Донев до Судот достави известување од специјалната обвинителка […]

СДСМ: Ги поправаме катастрофалните грешки на ВМРО-ДПМНЕ


ВМРО – ДПМНЕ имаше повеќе од една деценија да ја стабилизира македонската економија, но за жал за време на криминалното пустошење на државата и граѓаните од страна ВМРО-ДПМНЕ, економијата доживеа колапс, а јавниот долг се зголеми тројно, се вели во соопштението на СДСМ. „За само 10 месеци новата Влада предводена од СДСМ успеа да креира […]

Мицкоски: Како градоначалник Заев му продал земјиште на неговиот брат


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на пресконференција соопшти дека актуелниот премиер Зоран Заев во времето кога бил градоначалник на Струмица користејќи ја својата функција продавал државно земјиште, каде по повеќе постапки завршува во рацете на неговиот брат Вице Заев. „Ова е случај каде може многу јасно да се види како се прават бизниси во […]