Пораката на Тито се враќа на Старата железничка станица


Пораката на Тито за Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година, се враќа на источната фасада на Старата железничка станица. Советот на Скопје, на седницата која ќе се одржи во среда, ќе треба да одобри средства во висина од 220.000 денари за Музејот на град Скопје со кои ќе треба да се изработат и постават нови букви на текстот од пораката на солидарноста на Тито.

„Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помош на целата наша заедница тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството на југословенската и светската солидарност“, беше текстот што стоеше на ѕидот на музејот до 2001 година. Беше изваден со образложение дека фасадата треба да се реконструира, но никогаш повеќе не беше вратен назад.