Папа Франциско: Климатските промени можат да го уништат светот


Папата Франциско предупреди дека климатските промени можат да го уништат човештвото и ги повика компаниите од нафтената и гасната индустрија да помогнат светот да се префрли на употреба на чисти горива, за да се избегнат поголеми катастрофи.

„На цивилизацијата и е потребна енергија, но користењето енергија не смее да ја уништи цивилизацијата!“, им порача Папата на извршните директори на водечките нафтени компании на дводневната конференција во Ватикан.

Климатските промени се предизвик од епохални размери, рече папата Франциско и додаде дека на светот му треба енергија која ќе го победи загадувањето, ќе ја искорени сиромаштијата и ќе промовира социјална правда. Според него, предизвикот на денешнината е да се елиминира сиромаштијата и гладта со која се соочуваат повеќе од милијарда луѓе, кои би можеле да добијат пристап до таа енергија.