ВМРО-ДПМНЕ: Одговорност за криминалот и корупцијата мора да има


Единствено нешто на што е посветена Владата е криминално прелевање на државните пари во џебовите на министрите преку компаниите и организациите на нивните соработници. Анализата со која се фали власта е насочена само кон начините како да го заштити криминалот и корупцијата за која сведочи целата, и домашна и меѓународна јавност, се вели во соопштението […]

Влада: Целосно спроведени три препораки на ГРЕКО за една година


Корупцијата во општеството ја рашири претходната власт. Владата целосно спроведе три препораки од ГРЕКО за една година, онолку колку што претходната власт спровела за цели четири години на ниво на сите институции. Ова се наведува во денешното соопштение на Владата во врска со најновиот извештај на ГРЕКО, телото за борба против корупција на Советот на Европа, […]

Министерство за здравство: Нема да дозволиме недостиг од инсулин


Јавната набавка на инсулин ќе биде распишана на почеток на следната недела и завршени се сите претходни подготвителни работи, информираат од Министерството за здравство. Посочуваат дека инсулинот, кој е со рок на траење до 30 септември 2018, веќе е потрошен во јули или го има во многу мали залихи во неколку инсулински аптеки. – Пациентите се снабдени […]

ДИК:  Граѓаните сами да ги проверат податоците за навремено да се исчисти Избирачкиот список


Државната изборна комисија (ДИК) апелира до граѓаните да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид за есенскиот референдум што трае до 23 август. Од таму нагласуваат дека промените во Избирачкиот список може да се направат само со поднесување соодветна документација. – Единствен начин за да се решат проблемите е постојано […]

Адеми ги повика иселениците да гласаат на референдумот


Министерот за дијаспора Едмонд Адеми ја повикува дијаспората до 23 август 2018 година да се пријави за остварување на гласачкото право на престојниот референдум на веб страницата на Државната изборна комисија https://dijaspora.sec.mk/Default.aspx. – Почитувани сонародници во дијаспората, Собранието на Република Македонија, на 30 јули 2018 година, врз основа на постигнатиот Договор меѓу Република Македонија и Република Грција, донесе […]

Таравари ги отфрла обвинувањата дека локалната самоуправа гради без потребна документација


Општина Гостивар не овозможува градби без потребната документација, вели градоначалникот Арбен Таравари на обвинувањата од огранокот на ДУИ дека со акциите за рушење на дивоизградени објекти, ја сокрива вистината и го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти. – За тој објект има записник  како и за неколку други кои надлежните инспекциски служби ги […]

СЕ алармира за рестриктивните измени во Изборниот закон за медиумите


Советот на Европа вчера на својата платформа за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите објави јавно предупредување за измените и дополнувањата на Изборниот законик, кои можат да имаат негативно влијание врз слободата на медиумите во Македонија. Во предупредувањето, како што соопшти ЗНМ, стои дека македонската држава е изворот на ваквото загрозување на слободата на […]

Со слаб одѕив во дијаспората ќе се „крпи“ цензусот


Деветнаесет македонски државјани кои престојуваат или се на привремена работа во странство се пријавиле првиот ден преку електронската апликација на Државната изборна комисија да го остварат своето право на глас на претстојниот референдум. Доколку пријавувањето се одвива според тој интензитет, без посериозни поместувања, до истекот на рокот на 23 август таа можност би ја искористиле […]

ДИК ќе го дополнува Правилникот за референдумот


Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е предлог-одлука за дополнување на Правилникот за подготвка, организирање и спроведување на референдумот на државно ниво. На седницата се најавени и информации за текот на јавниот увид и пријавувањето на граѓаните за гласање во странство.

Виси аферата со грантовите


Македонија покажала разочарувачки резултати во борбата против корупцијата и исполнила само шест од 19 препораки на ГРЕКО, групата на држави против корупцијата, антикорупциско тело на Советот во Европа. Тие препораки се стари веќе четири и пол години. Во време кога стигна извештајот на ГРЕКО, кое бара да се исполнат препораките најдоцна до 30 јуни 2019 […]

Baldwin versus Whittaker


Just the day before yesterday, in attempt to obtain formal public information, the woman who processed the request forced me to tell her why I needed that information. I said I’m working on a research. “What kind of research?” – She asks. Madam. I say, It’s my job to ask for information, while your job […]

Скопјанец ги претепал двегодишното дете и сопругата


Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф.С. (47) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил две кривични дела „телесни повреди во вршење семејно насилство“, казниво по член 130 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија. МВР соопшти дека пријавениот Ф.С. на 8 август […]

Заев на Фесјбук: Пријателството со Бугарија е искрено


Македонија и Бугаријаат имаат искрено пријателство и соработка. Ова го порачува премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. – Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народа градиме искрено пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури […]

Момче тешко повредено по пад од тракторска приколка


Шестнаесетгодишник од гостиварското село Сенокос вчера се здобило со тешки телесни повреди по пад од трактор со приколка во селото Добри Дол, што ја управувал А.Ч. (25) од село Топлица. МВР информира дека момчето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Гостивар од каде поради карактерот на повредите било транспортирано во комплексот […]

Седумнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила


Македонија денеска одбележува седумнаесет години од загинувањето на осуммината припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година. На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини. Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо […]

Наезда на комарци


Наезда на комарци во Скопје. Задоцнетото прскање и дождливото лето ги намножија инсектите, а граѓаните не можат да најдат спас. Се жалат дека е невозможно да се излезе на отворено, особено на шеталиштата покрај Вардар. Последиците ги чувствуваат сите, а особено децата, кои последните месеци се редовни посетители на дерматолошките ординации. Црвенила, отоци и јадеж […]

Сончево со умерена локална облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. […]

Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот?


Не само договорот за името, кој очекувано наиде на поделени реакции кај етничките Македонци, туку и аферите поврзани со членови на извршната власт кои неочекувано почнаа да испливуваат на површина, според политичките набљудувачи, се некои од клучните причини за благиот пад на рејтингот на СДСМ, како главна владејачка партија, наспроти повоочливиот   пораст кај ВМРО-ДПМНЕ. Иако […]

ЗНМ: Измените на Изборниот законик директно влијаат врз работата на медиумите


Делегација на Здружението на новинарите на Македонија се сретна со претставници на Набљудувачката мисија на ОДИХР, со кои разговарале за измените на Изборниот законик и референдумот, а кои имаат директно влијание врз работата на медиумите. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани истакнал дека власта и опозицијата го злоупотребуваат референдумот за да обезбедат финансирање на нивната политичка […]

Заев-Скапароти: Членството во НАТО овозможува перспективна иднина


Членството во НАТО овозможува перспективна иднина за Македонија – тоа ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот и на поширокиот регион, заклучија денеска премиерот Зоран Заев и врховниот командант на НАТО силите за Европа и командант на Командата на американските сили во Европа, генерал Куртис Скапароти на денешната средба во Скопје. Заев изрази […]