Клоца за комисиите кои девет години не ставија лек на позитивната листа


Само една комисија, наместо досегашните 14 комисии, во иднина ќе ја утврдува позитивната листа на лекови. Министерството за здравство почна процедура да се смени Законот за здравствено осигурување и да се овозможи за пациентите да станат достапни и други, нови и поскапи лекови кои сега можат да ги набават само на свој трошок. Овие 14 […]

Сончево и потопло со мала облачност


Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала  облачност. Попладне во јужните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 19 до 28 степени. Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.

Премиерот Заев на аудиенција кај папата Франциск


Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Според агендата, премиерот Заев, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за […]

Конгресмени чекаат одговор од Столтенберг за влезот на Македонија во НАТО


Вашингтон- Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се` уште не одговорил на писмото од група конгресмени на САД, со кое тие го повикаа да го забрза членството на Македонија во НАТО, јавува Гласот на Америка. „Овие писма не доаѓаат брзо. Всушност, постојано испраќаме писма до различни американски агенции и организации, како што беше овој случај. […]

Нова демократија: Дали „Илинденска Македонија“ е се уште на маса


Атина- Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот е сѐ уште на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија,  Костис Хаѕидакис. Тој вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент побарала од премиерот да разјасни […]

Мицкоски чека предвремени избори


Митингот на опозицијата на 2 јуни ќе значи почеток на падот на владата. Да излеземе на предвремени парламентарни избори и да ја поразиме оваа власт, изјавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на средба со поддржувачи во Штип. „Како политичка партија – и во минатото, но и во иднина  ќе нудиме решенија за граѓаните, да го подобриме квалитетот […]

Почна одлучувачката средба за името во Њујорк


Почна средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас – во зградата на Обединетите нации во Њујорк. На средбата, која следува откако грчката страна го одби предлогот за „Република Илинденска Македонија“, присуствува и медијаторот на ОН Метју Нимиц.  Во пресрет на новата средба, двајцата министри имаа одвоени средби […]

Заев и Борисов во Рим: Празниците да не зближуваат, а не да не делат


Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, во придружба на сопругата и владината делегација, денеска во рамки на посетата на Италија и на Светата Столица, а по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, учествуваше во заедничките активности за чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј, со делегацијата на Бугарија предводена од премиерот […]

Платинест медал за црвеното вино „Барово“


Македонското „тероар“ црвено вино „Барово“ на Винарската визба „Тиквеш“, од бербата 2015-та, е наградено со платинест медал на еден од најмасовните меѓународни вински натпревари – Decanter 2018, кој се одржува во Лондон, а на кој секоја година за престиж во винскиот свет се борат над 17.000 вина од најпознатите вински региони. Платинест медал се доделува […]

Македонија стана полноправна членка на Јадранско-jонската иницијатива


Македонија и формално стана полноправна членка на Јадранско – јонската иницијатива на состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на оваа иницијатива што се одржа денеска во Катања, Сицилија. Делегација од македонското МНР, предводена од државниот секретар Виктор Димовски, учествуваше на состанок на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Анџелино Алфано, во […]

Грчки медиуми: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса


„Скопско прашање: Името повторно на маса“; „Двоен состанок на Коѕијас и Димитров со Нимиц во сенка на Илинден“; „Уште една шанса за решение на скопското прашање“; „Средба Димитров-Коѕијас: „Изгоре“ Илинденска, алтернативни имиња на маса“, се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми за денешната средба во Њујорк на министрите за надворешни работи на […]

Уапсени македонски државјани во Грција со 6,5 кг хероин


Со шест килограми и 560 грама хероин, спакувани во 13 пакети и скриени во шасијата на автомобилот, двајца странски државјани, доцна синоќа беа уапсени на влезот на грчкото пристаниште Игуменица, соопштуваат од грчката крајбрежна служба. Според информации на дописничката на МИА од Атина, станува збор за македонски државјани на возраст од 41 и 48 години. […]

Една година влада на Заев, една година економски пропаст


Економијата во Македонија, од водечка во регионот, по само една година е на дното на Европа. Очигледно дека целата влада на Заев нема никаква координација. Владата на Заев не отвора нови работни места, напротив, сведоци сме дека се затвораат фабрики Александар Николоски Изминува една година од формирањето на владата на Заев, а ние сме сведоци […]

Го застрелал оти ја раскинал веридбата со ќерка му


Жител на скопското село Арачиново, И.В. вчера на ул „18“ застанал со моторното возило „Фиат Пунто“ кое го управувал и со пиштол испукал проектил кон А.С.(31), кој со возило бил пренесен во Клиниката по хирушки болести „Св.Наум Охридски“. Му биле констатирани тешки телесни повреди (прострелна рана во пределот на долниот дел од абдоменот). МВР информира […]

Дел од граѓаните на продолжен викенд во Грција


Зголемена сообраќајна фреквенција на граничниот премин „Богородица“ за продолжениот викенд, особено на туристи и патнички возила кои се упатуваат кон Грција. – Работиме со полн човечки и инфраструктурен капацитет за да ги задоволиме потребите на сите што одлучиле да патуваат преку овој граничен премин. Ангажирани се сите шест сообраќајни ленти од кои пет за патничките […]

Во Њујорк одиме со „Република Илинденска Македонија“, Грција со предлозите на Нимиц


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска и утре во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, соопштија од македонското МНР. Во пресрет на новата рунда разговори за името, од македонската Влада потврдија дека остануваат на […]

Коѕијас: Другата страна да покаже прагматизам и реализам за решение


Решенија се решенијата со компромис, другата страна да има прагматизам и реализам за да најде решение, вели грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по средбата со генералниот секретар на ОН, а во пресрет на денешната нова рунда разговори со неговиот македонски колега и медијаторот Нимиц. – Јас велам дека сум ниту оптимист, ниту песимист, […]

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил


Премиерот, Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“. Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе […]

Заев: Добивме потврда плус од Грција дека сме Македонци


Македонија нема друга алтернатива совен НАТО и ЕУ. Република Илинденска Македонија не само што го сочува, туку го унапредува нашиот идентитет. Притоа македонскиот јазик е потврден. Не слушнав сериозни аргументи против ова решение, рече премиерот Зоран Заев во вечерашнава дебата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. -Жицата е заштитена. Добивме потврда плус од Грција дека […]

Мицкоски: Да беше судството независно, ќе ве осудеа


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со премиерот Зоран Заев рече дека судството е заробено повеќе од било кога. Според него, тоа е така бидејќи Заев пред неколку дена доби ослободителна пресуда за случајот Поткуп. – Разговарам со граѓаните низ цела Македонија и она што тие граѓани ги прави несреќни е што […]