Амнестијата мотив за ширењето говор на омраза


Група од педесетина лица, кои и претходно и се познати на полицијата, а дел од нив учествувале и во нападот во Собранието од 27 април минатата година, е поврзана со инцидентот во Крушево за време на прославата на Илинден. Некои од нив извикуваа навредливи зборови кон припадниците на албанската етничка заедница и фрлаа со предмети […]

Обезбедени 10 милиони евра за патот Крива Паланка – Деве Баир


Обезбедени се 10 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој за рехабилитација и проширување на патната делница Крива Паланка – Деве Баир (граница со Бугарија), соопшти денеска Министерството за финансии (МФ). Дополнителни 2,6 милиони евра ќе бидат обезбедени како грант преку инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“ на Европската унија со што ќе се […]

Во тек се техничките подготовки за референдумот


По конституирањето на Државната изборна комисија (ДИК) и усвојувањето на Правилникот и Роковникот, продолжуваат техничките подготовки за претстојниот референдум закажан за 30 септември. Според Роковникот, ДИК до 2 август доставува барање до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за доставување податоци за вработените во државната и општинската администрација, администрацијата на Градот Скопје и јавната […]

Иванов потпали „востание“ против Владата: Најсрамна прослава за најголемиот празник


  Полицијата идентификувала десетина учесници во инцидентот на Мечкин Камен за прославата на 115-годишнината од Илинденското востание и тие се повикани на распит. Од МВР, во соработка со Обвинителството, продолжуваат со расчистување на случаите на говор на омраза за време на манифестацијата, а според најавите ќе се испитува и дали има пропусти во безбедносните проценки. […]

Денеска топло со температура до 34 степени


Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Во крајните јужни планински делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд. УВ-индексот ќе изнесува 8. Минималната температура од 13 до 21, а максималната 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и […]

Путин назначи нов амбасадор на Русија во Македонија


Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Сергеј Баздникин за амбасадор во Република Македонија, јави ТАСС. Не се посочува причината за смена на амбасадорот Олег Шчербак кој на таа функција беше од 2010 година.  Сергеј Баздникин е поранешен заменик на началникот на Департментот за планирање на Министерството за надворешни работи на Русија.    

Ахмети: Опозицијата да се приклучи кон заокружувањето на процесот на интеграција


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска, на средба со поранешниот премиер на Словенија Аленка Братушек, како и со словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец, изрази уверување дека апсолутното мнозинство граѓани ќе ја поддржат интеграцијата во НАТО и ЕУ. Воедно ја повика опозицијата да се приклучи кон заокружувањето на процесот на интеграција, бидејќи нашите граѓани, како што рече, го […]

ЕК за говорот на Иванов: Сите да обезбедат имплементација на договорот со Грција


Европската комисија реагираше на говорот на претседателот Ѓорѓе Иванов вчера на Мечкин Камен, во кој тој изјави дека не го поддржува договорот со Грција за името. Брисел порача дека очекува од сите страни да бидат конструктивни. – Очекуваме од сите политички сили да играат конструктивна улога преку поддржување на заедничката стратешка цел на европската интеграција […]

Идентификувани неколкумина од учесниците во инцидените во Крушево


Идентификувани се неколкумина од лицата, кои вчера ширеа говор на омраза и фрлаа со предмети кон владината делегација и странските дипломати, кои учествуваа на празнувањето на Илинден во Крушево. Полицијата преку видеоснимки идентификувала неколкумина од учесниците во инцидентите и тие изутринава се повикани во полициски станици на разговор. Изворите од истрагата за МИА нагласуваат дека откако […]

На вчерашната прослава полицијата била на висината на задачата


Полицијата вчера за време на честувањето на Илинден била на ниво на задачата, соодветно распоредена и во делот на униформираната полиција и во делот на цивилните лица. Секое дополнително распоредување на полициски сили ќе довело до нарушување на духот на празнувањето. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ во врска со […]

Став на вицепремиерот Анѓушев за вчерашните немили настани во Крушево


„Во врска со вчерашните немили случувања за време на одбележувањето на националниот празник „2-ри август – Илинден“ во Крушево, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, како предводник на владината делегација на свеченоста, изразува жалење што Ѓорге Иванов, од позицијата на претседател на Република Македонија, не покажа доблест и не собра […]

Заев на одмор во Охрид, повеќето министри во Грција


Премиерот Зоран Заев од годишниот одмор ќе искористи неколку денови во следниот период, а ќе ги помине со семејството во Охрид, неговиот заменик и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски замина на одмор во Црна Гора, а заменик-претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде седум дена на одмор во Грција со […]

На вчерашната прослава полицијата била на висината на задачата


Полицијата вчера за време на честувањето на Илинден била на ниво на задачата, соодветно распоредена и во делот на униформираната полиција и во делот на цивилните лица. Секое дополнително распоредување на полициски сили ќе довело до нарушување на духот на празнувањето. Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев во интервју за 1ТВ во врска со […]

МВР за прославата на Илинден ангажирала преку 400 полицајци


МВР за вчерашната прослава на Илинден во Крушево имало информации дека се можни групирања и тенденциозни дејствувања на одредени групи со намера нарушување на јавниот ред и мир, поради што, како што соопшти попладнево, ангажирало 180 припадници на униформираната полиција, 70 полициски службеници во цивилна облека, 120 припадници на Одделот за специјални полициски операции и […]

Заев понудил влез во Владата, ВМРО-ДПМНЕ барала амнестија


Премиерот Зоран Заев денеска обелодени дека и понудил на ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот. Но, ВМРО-ДПМНЕ го одбила ваквиот предлог, но останала цврсто на барањето за амнестија. – Дадов понуда до 2020 да бидам премиер, но подготвен сум да го споделам својот мандат со ВМРО-ДПМНЕ, да го одработиме референдумот, но […]

Заев: Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“


Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев од отвореното студио на 1тв во Охрид. Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезеност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат како сакаат. – Пред лидерите на политичките партии […]

Заев: Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации


Ѓорге Иванов и опозицијата не можат да ги надминат својата немоќ и фрустрации. Несериозно е на таков начин, како вчера од Мечкин Камен, цинично да се испраќаат пораки. Само политичка фрустрација е однесувањето на така високи функционери.  ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата се крстеа во референдумот повеќе од една деценија, му кажуваа на народот дека граѓаните ќе […]

Лицето од Македонија убиен близу Кабул е од Скопје и имал 37 години


Ден по киднапирањето и убиството на македонскиот државјанин близу Кабул се дознава дека се работи за жител на Скопје, кој бил роден 1981 година. Претседателот на “Содексо,” Денис Машуел преку соопштениe поставено на официјалниот сајт на компанијата изрази жалење за немилиот настан. – Ние сме длабоко натажени и шокирани по дознавањето за трагичната загуба на […]

Терористички акт е нападот во кој беше убиен Македонец, според авганистанските власти


Портпаролот на авганистанските власти денеска го оцени киднапирањето и убивањето на тројца странци, меѓу кои и македонски државјанин, во Кабул како терористички акт, најверојатно извршен од талибанци. Исламистичките бунтовници се активни во некои делови на округот Мусахи, каде што беа пронајдени телата на вработени во француската фирма „Содексо”, соопшти портпаролот на началникот на полицијата во […]

Кабинет на Иванов: СДСМ со манипулации прави притисок врз претседателот


Кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов најостро ги отфрла тврдењата на пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, и соопшти дека тие се „големи лаги и манипулација со цел да се дефокусира јавноста“. „Јасно и очекувано е дека политичката партија СДСМ преку вакви манипулации се обидува да изврши притисок врз претседателот Иванов, поради неговите политики и […]