В среда ќе се знае колку партии ќе учествуваат во кампањата за референдумот


Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во […]

Сите обвинети негираат вина за „27 април“


Обвинетите за случувањата во Собранието на Република Македонија на 27 април минатата година, кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок, на денешното рочиште во Кривичниот суд кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.  Судскиот процес продолжува на 31 август со сослушување на сведоци предложени од обвинителството. Како сведоци повикани […]

Врнежи од дожд уште утре, од среда потопло


Врнежите од дожд што ја зафатија Македонија кон крајот на денот наместа ќе престанат, а веќе од среда се очекува стабилизација на времето со пораст на дневните температури. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека и во текот на утрешниот ден ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи, особено во источните делови од […]

Љата: Дебар не памети тројно убиство во овој век


Тројното убиство што се случи во Дебар, во кој смрттно се застрелани тројца членови од семејството Поцеста, маж, неговата сопруга и малолетна ќерка, ја вознемири целата дебарска јавност, која е во шок и неверување. Дебарскиот градоначалник, Ружди Љата , видно вознемирен изјави дека ваков трагичен настан не се случил во последниот век. – Најпрво изразувам […]

Нови рочишта за „Титаник 2“ и „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случајот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година и за случајот „27 април“, што се однесува за настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. На денешното рочиште за […]

Петмина американски конгресмени на средби во македонското Собрание


Петмина американски конгресмени денеска и утре се во посета на македонскиот Парламент. Станува збор за конгресмените Гери Коноли, Дина Титус, Сузан Дејвис, Дејвид Прајс и Бил Флорез. Тие денеска, според собраниската агенда,треба да остварат средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со тројцата потпретседатели, како и со координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА […]

На Табановце зголемена фреквенција на возила


На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на […]

Обвинителството го истражува тројното убиство во Дебар


Основното јавно обвинителство Гостивар врши увид во приватна куќа во Дебар каде што се пронајдени безживотни тела на три лица. Според првичните сознанија, како што соопштија од Јавното обвинителство, станува збор за тројно убиство, а жртвите се семејство – маж, жена и нивната ќерка на возраст од околу 13 години, кои времено живееле во Италија. Сторителот засега […]

Врнежливо со грмежи и ветер


Во Македонија денеска ќе има позначителна промена на времето, кога во поголем дел од земјата ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд, над 20 литри на метар квадратен. Утринската температура ќе се движи од […]

Атанасов: Уште две малверзации со меленото месо, нови случаи на ГМО нема


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утре на е-влада ќе прикачи предлог-правилник за контрола на спроведувањето на забраната за производство, увоз и ставање во промет на генетски модифицирана храна и прехранбени производи кои содржат ГМО. Како што соопшти вечерва директорот на АХВ Зоран Атанасов во интервју за Телевизија 24, утврдени се два нови случаја на […]

(ФОТО) Димитров и неколку амбасадори се возеа во славното „рено 4“ од Стојаково


Жителите на селото Стојаково, министерот за надворешни работи Никола Димитров и неколку амбасадори денеска ги пречекаа Ѓоко и Ѓорѓи, кои со своето „рено 4“ возеа од Стојаково до Ница. Министерот Димитров на својот фејсбук-профил напиша дека му претставувало често да присуствува на пречекот и дека запознал насмеани и вредни луѓе во Стојаково. „Ѓоко и Ѓорѓи, […]

До крајов на денов нестабилно – од утре заладување


Времето до крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта и ќе се интензивираат, особено во северните делови. Ветерот во ноќните часови ќе го промени правецот во северозападен и ќе се засилува, особено во горниот дел на Повардарието. Како што соопшти УХМР, времето утре ќе […]

(ВИДЕО) Мицкоски апелира до партиите да се откажат од парите за кампања за референдумот


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше средба со граѓаните во Лесновскиот манастир. На прашање од новинар да ги објасни причините за откажување од средствата што Владата ги има наменето за кампања за референдумот, тој рече дека сите политички партии треба да се откажат од средствата за кампањата за референдумот по примерот на неговата партија. […]

Малолетната штитеничка на домот „25 Мај“ не била силувана


Телевизија „Сител“ денеска објави дека лекарските прегледи покажале дека 14-годишното девојче од Домот „25 Мај“ не било силувано . Што точно се случувало во четвртокот попладне во Струга, полицијата уште истражува. Малолетничката, која заедно со други деца од Домот престојувала во летното одморалиште, во струшката полициска станица пријавила дека додека се враќала од плажа непознато […]

Дали Македонија е земја на современи робови?


Дали Македонија е држава во која живеат современи робови, луѓе кои во 21. век кога основните човекови слободи и права се загарантирани со сите меѓународни договори и националните законодавства, се врзани со прангите на современите негативни трендови. Жртви на трговија со луѓе, на принудни бракови, секс робови, економски робови се само дел од појавите кои […]

Партијата на Села ќе го поддржи референдумот


Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовниот разговори на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември. „Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. […]

Петар Атанасов ќе биде предложен за заменик министер


Пратеникот Петар Атанасов од СДСМ на 23 овој месец поднел оставка на функцијата, која треба да биде констатирана на седницата закажана за 29 август. На истата седница, како што информираат од Собранието, се очекува Атанасов да биде избран за заменик-министер за образование и наука. На местото на Атанасов, како што јавува МИА, во собраниските клупи […]

Награда „Мајка Тереза“ за Здравкин и Колеши


Во Собранието на Република Македонија денеска им беше врачена државната награда „Мајка Тереза“ за 2018 година, на активистката Ленче Здравкин и сликарот Омер Калеши. Наградата се доделува за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу […]

Нема да се поместува старосната граница за пензионирање


Фокусот на активностите на Министерството за труд и социјална политика е заштита на идните пензионери и намалување на дефицитот во ПИОМ. Остануваме на истиот став – возрасната граница за пензионирање нема да се поместува. Ова денеска го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во одговор на новинарско прашање до каде е реформата […]

Утре во Драмски комеморација за Петрушевски – џинот од актерската сцена


Комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина вчера од струен удар во скопското село Орешани, ќе се одржи утре во 10 часот во Драмски театар Скопје. – Џинот од македонската актерска сцена својата кариера ја помина токму во Драмски театар уште од 1975 година и остави безброј актерски остварувања, наведе во известувањата за комеморацијата Драмски […]