На Табановце зголемена фреквенција на возила


На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.