Бродот на радоста се закотви во скопската зоолошка


 Забавен брод  е поставен на брегот на езерото во скопската Зоолошка градина. „Обично бродовите асоцираат на разделба и заминување, но нашиот ќе се вика Брод на радоста, бидејќи никогаш нема да отплови. Наместо тоа, опремен со вистински јарболи, лизгалки и играчки ќе биде место каде што децата ќе може бесплатно да се забавуваат. Бродот е […]

ДУИ ќе одеше со Џафери ако не се согласеше со СДСМ за Пендаровски


Демократската унија за интеграција, доколку не се согласуваше со СДСМ за консезуалниот кандидат, тогаш ќе  излезеше со свој кандидат на претседателските избори , а тој би бил Талат Џафери, истакна заменик претседателот на ДУИ, Изет Меџити во вчерашната емисија на “Клик Плус”. Имаше гласини и кај СДСМ и кај ДУИ да излезат со партиски кандидати, и […]

Карпошaни ќе купуваат со попуст со „Мој Карпош-Моја картичка“


Општина Карпош, обезбеди посебна картичка за своите жители, преку проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“, со која тие добиваат многу попусти во повеќе од 250 фирми и компании кои работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но, и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси и многу други. За […]

Трговскиот центар во Лисиче добива ново осветлување


Трговскиот центар во населбата Лисиче деновиве ќе добие целосно ново осветлување. Старите и дотраени светилки ќе се заменат со нови 108 лед-рефлектори и светилки, кои се и енергетски поефикасни. Општина Аеродром за новото осветлување издвои околу 2 милиона и 200 илјади денари.

Шекеринска во САД ќе побара побрза ратификација на НАТО протоколот


Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска престојува во работна посета на САД, каде следните денови ќе има средби со високи претставници во Пентагон и Белата куќа, со сенатори, конгресмени и НАТО дипломати. Шекеринска, како што соопшти Министерството за одбрана, ќе има воведно излагање на Конференцијата на НАТО за градење интегритет на тема „Градење на […]

Ципрас: Договорот од Преспа е удар во ножот на национализмот


Договорот од Преспа беше тежок договор, бидејќи удри по ножот на национализмот и квази патриотизмот, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, во говорот посветен на иднината на Европа, на потребата да се формира прогресивен блок пред евроизборите во борбата со национализмот и радикалната десница, на крајот од еднодневната конференција под наслов  „Просперитет за сите во една […]

Силјановска и Пендаровски се поздравуваат преку Заев и Груевски


„Зборуваат за демократија и процедури, а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. Претходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани“, прокоментира професорката Гордана Силјановска-Давкова откако дозна дека конкурент на изборите за претседател на државата ќе ѝ биде колегата Стево Пендаровски. […]

По управни и надзорни одбори се членува и со средно образование


Двајца директори и најмалку 14 членови на надзорни одбори на јавни претпријатија во земјава се со средно образование, што е спротивно на законските критериуми, покажува базата на податоци за членовите на управувачките структури на државните институции што ја изработи Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, пренесува Призма. Станува збор, пред сѐ, за јавни претпријатија […]

Од грип почина 14-годишно дете


На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете. Како што информираат од Министерството за здравство, детето претходно боледувало и од церебрална парализа. Според податоците од Институтот за јавно здравје, до крајот на минатиот месец се пријавени 3.209 случаи со симптоми на грип, ова е петти регистриран смртен […]

Втор човек се излечи од ХИВ – вирусот по третман со матични ќелии


По трансплантација на матични клетки кај еден британски пациент, кој се лечел од ХИВ, тој вирус не е детектиран и тој повеќе не зема лекови, објавено е во медицинскиот магазин „Nature”. Во прашање е пациент од Лондон кај кого во 2003 година е дијагностициран ХИВ, јави BBC. Девет години подоцна откриено е дека боледува од […]

Заев очекува консензус за законот за СЈО


Премиерот Зоран Заев очекува дека законот за СЈО ќе биде донесен со консензус. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека законот влегува во парламентарна расправа со тоа што прво ќе се разговара со најголемата опозициска партија па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците. – […]

Камчев на слобода, на ред е Мијалков


Најбогатиот Македонец, Орце Камчев, по два месеца поминати во притвор во Шутка и два месеца поминати во куќен притвор, од вчера е слободен. Врховниот суд ги прифати жалбите што ги поднесоа Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, со кои бараа да бидат ослободени и од куќен притвор. Оваа одлука […]

Силјановска за „Независен“: Не ветувам инстант решенија, туку битка за правда на Македонија


Професорката Гордана Силјановска – Давкова ги продолжува своите активности во битката за претседател на државата, а новина за неа е тоа што од викендов знае оти противник во трката за Водно ќе и биде Стево Пендаровски. Нивниот професорски бекграунд, барем засега, остава впечаток дека претседателската трка ќе помине без вообичаената црна кампања, напади и дисквалификации […]

Сончево и топло


Времето во Македонија ќе биде сончево. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен. Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на […]

Патот до Водно e полесен без партиска книшка


Со сосема различни профили на претседателски кандидати, двете водечки партии од власта и од опозицијата ќе си ги измерат силите на претстојните избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април. Откако обезбедија предност во внатрепартиските битки, Гордана Силјановска и Стево Пендаровски влегуваат во меѓусебен дуел за претседателскиот трон. Освен што се правници по […]

Во Кривичен судење за „Траекторија“ и „Транспортер“


Во Кривичен денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и „Транспортер“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. На обвинителна клупа денеска, исто така, треба да […]

Средба Џафери-Рикер: Констатирани одлични односи меѓу двете земји


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД, на која биле констатирани одличните билатерални односи меѓу двете држави, заокружени со Декларацијата за стратегиско партнерство и соработка во 2008 година. Џафери, како што соопшти собраниската […]

Гуаидо се врати во Венецуела


Гуаидо, кој се самопрогласи за привремен претседател на Венецуела и беше признат од педесетина земји, пристигна со авион на аеродромот во престолнината Каракас, каде што беше пречекан од свои поддржувачи. Меѓу нив беа и амбасадорите на неколку европски  и латиноамерикански држави. – Веќе сме во нашата сакана земја! Венецуела, ние само што ја поминавме миграциската […]

Рикер: Северна Македонија покажа која е нејзината желба


Политиката што САД ја спроведува на Балканот, а со тоа и во земјава, се поклопува со интересите и аспирациите на земјите за членство во ЕУ и НАТО, смета идниот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, кој денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. Американската политика со генерации, потенцира тој, […]

ДОМ: Жената има право самостојно да одлучува дали, кога и колку деца ќе роди


На собраниската јавна расправа за Законот за прекинување на бременоста, претседателката на зелената партија ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин образложувајќи ја поддршката за Законот, истакна дека носењето на овој Закон  е значајно од два клучни аспекта. „Првиот е почитување на правата на жените, како човекови права. Жената има право самостојно, според сопствената слободна волја, да […]