Шкендија ја зголеми предноста во однос на Вардар

Лидерот Шкендија е чекор поблиску до нов шампионски трофеј, откако за два бода ја зголеми предноста пред Вардар по одигрувањето на 31. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци денеска го совладаа Шкупи и освоија три бода, додека Вардар ремисира со Беласица и освои само бод.

Во дербито на дното, Силекс ја совлада Победа.

Постигнати резултати:

Академија Пандев – Работнички 3:1
Македонија ЃП – Ренова 3:1
Победа – Силекс 0:1
Шкендија – Шкупи 5:1
Вардар – Беласица 1:1.

Табела: Шкендија 69 бода, Вардар 58, Академија Пандев 50 (натпревар помалку), Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 34, Беласица 31, Победа 23.