Сиљановска Давкова и Мицкоски на велигденска литургија во Соборниот храм


Кандидатот за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска Давкова и лидерот на партијата Христијан Мицкоски утрово заедно присуствуваа на Велигденската литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

-И по два милениума се собираме овде сите како верници. Сигурно е тоа најголемиот ден. Јас верувам дека е тоа ден на животот, ден на радоста. Погледнете ги лицата на луѓето, ќе се уверите во тоа. Мислам дека е овој ден и специфична опомена за сите нас, ако, како вели владиката, возљубено се чувствуваме тогаш треба и дел од нас да ставиме во она што се вели, чест, радост, вечен живот. Јас така се чувствувам денеска, рече Сиљановска Давкова, која при тоа не сакаше да дава други изјави за медиумите, како што рече, заради посебноста на овој ден.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски приликата ја искористи на сите верници кои го празнуваат Велгден да им го четита празникот, посакувајќи многу здравје, среќа, љубов, бериќ за нив и нивните семјства.

-Да се радуваат да празнуваат, да бидат задоволни од тоа што го прават, и на крај да си ја сакаат татковината Република Македонија, порача Мицкоски.