Силјановска дојде во ВМРО, се пребројуваат резултати


ВМРО-ДПМНЕ ги пробројува резултатите од денешното гласање за претседател на државата. Во седиштето на партијата, пред малку пристигна и професорката Гордана Силјановска-Давкова. На прашањето околу слабата излезност на гласачите во средините претежно албанско население, таа кусо одговри дека тоа се должи на неуспешноста во мисијата консезуален претседател, алудираќи дека СДСМ и ДУИ погрешно ги процениле […]

Излезеноста на изборите до 18:30 часот е речиси 40 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани, соопшти вечерва на прес-кобнференција претседателот на ДИК Оливер Деркоски. Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто,а најниска во Боговиње 17,93 отсто. Деркоски […]

Заев со честитка до католиците по повод Велигденските празници


Со победата над смртта и со воскликот „Христос воскресна! Навистина воскресна!“, со воскреснувањето на Исус Христос денеска се слави и надежта за победа над сите човечки ситуации на страдање и неправда. Со радоста на овој, и на сите идни Велигдени да ја негуваме силата за изградба на едно општество за сите, за мирољубива заедница во […]

Иванов: Очекувам помирен мандат за мојот наследник


Претседателот Ѓорге Иванов по денешното гласањето на претседателските избори изјави дека очекува денот да помине во најдобар ред како што и доликува на земја која е веќе три децении во демократија. – Изминативе денови граѓаните имаа можност да го слушнат сето она што го нудат кандидатите и денеска да ја донесат својата одлука. Тоа што […]

Притвор за косовски државјанин што превезувал 58 мигранти


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, косовски државјанин за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што информира Обвинителството, во текот на вчерашниот ден осомничениот пеш ја поминал македонско – косовската граница и по […]

Џафери: Изборите да протечат мирно


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери утрово гласаше во селото Форино со неговата сопруга. Пред да дојде на избирачкото место се информирал и го проверил избирачкиот список за да види дали се наоѓа во него, бидејќи, како што рече, за референдумското изјаснување го немало. – Значењето од излегување на избори и од […]

Пендаровски: Да оствариме предност, за да бидеме поблиску до Европа


Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски по гласањето денеска изјави дека очекува мирен изборен ден, а на крајот убедлива предност. – Очекувам мирен и спокоен изборен ден, впрочем како што и доликува на една европска и демократска држава. Очекувам висока излезност, затоа што граѓаните знаат дека не станува збор за […]

Река: Ќе докажеме дека сме држава подготвена за ЕУ


Кандидатот за претседател Блерим Река заедно со сопругата го оствари своето право на глас во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел. -Со вакво убаво време, мислам дека и расположението на граѓаните е такво. И се надевам дека со оваа ќе докажеме дека сме држава која е спремна да ги почне преговорите за членство во […]

ДИК: Излезeноста до 18:30 часот 39,71 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 18:30 часот изнесува 39,71 отсто од обработени 91,54 проценти од избирачките места проценти или на гласање излегле околу 700 илјади граѓани, соопшти вечерва на прес-конференција претседателот на ДИЛ Оливер Деркоски. Најголема излезност има во Гевгелија 59,25, Кавадарци 53, Карпош 49,89 отсто, а најниска во Боговиње 17,93 отсто. […]

Силјановска-Давкова: Ако не влезам во втор круг, ќе гласам за Река


Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова денеска гласаше во Основното училиште „Коле Неделковски“. – Ова се посебни избори. Не зошто јас сум кандидатка и не зошто првпат жена има шанса да биде претседател на Македонија, туку заради условот. Ние треба да го докажеме европскиот, реформски, демократски капацитет и со фер и демократски […]

Ахмети: Важно е сите да ги признаваат изборните резултати


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска гласаше на избирачкото место 0816 во Зајас. По изјаснувањето, Ахмети истакна дека посакува овие избори да се слободни, според потребните стандардите, да ни служат за уште еден чекор кон зачленување на земјата во Европската Унија и за заокружување на процесот за НАТО интеграциите. – Важно е сите да ги […]

Тачи: Фер избори за да ги забрзаме чекорите кон НАТО и ЕУ


Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи заедно со сопругата го оствари своето право на глас во објектот „Стара градинка“ во Тетово во 9 часот и 30 минути. -Верувам дека денеска ќе имаме успешни, фер, мирни и демократски избори и државата Северна Македонија ќе ги забрза чекорите кон НАТО и Европската Унија-рече Тачи.

Затворени гласачките места


Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на првиот круг од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во […]

Западните медиуми за претседателските избори во Северна Македонија


„Северна Македонија избира претседател по договорот за смена на името“, е насловот на написот на Дојче веле, во кој информира за претседателските избори во државата. Во текстот се посочува дека тројцата кандидати за претседател се про-европски и про-НАТО настроени, но сепак во фокусот на кампањата беше договорот со Грција со кој се реши повеќедеценискиот спор. […]

Мицкоски: Да победи правдата


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска гласаше во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. -Денеска граѓаните треба да бидат гласни, треба со ливчето и со пенкалото во рака зад гласачката кутија масовно да излезат и одлучат еднаш засекогаш да бидат поразени неправдите во Република Македонија. Да победи правдата. Граѓаните треба да бидат гласни против […]

Заев: Да избереме претседател кој ќе не води напред


Од сите нас се очекува сериозна одговорност доколку постигнеме две работи: успешно избереме претседател на државата и секако да избереме претседател кој ќе не води напред, рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по гласањето на избирачкото место 1730 во Струмица, каде гласаше заедно со сопругата Зорица. Повика сите да покажат сериозна зрелост ако […]

Во Скопје најголема излезеност има во Карпош, во Шутка и Сарај најмалку се гласа


Највисока излезеност во скопските општини за претседателските избори до 17 часот има во општина Карпош, каде гласале 43,51 процент од избирачите. Од друга страна, најслабата излезеност на гласачките места е забележана во општините Шуто Оризари и Сарај, каде излезеноста е 16,98, односно 16,68 проценти. Веднаш зад Карпош е Центар каде гласале 43,39 проценти од регистрираните […]

Приведен гласач во кумановско Тромеѓе


Полицијата  привела едно  лице во гласачко место во кумановското село Тромеѓа  кое го фотографирало гласачкото ливче, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК) Куманово. За случајот,  како што додаваат оттаму, е во тек подготовка на записник. Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека настанот се случило во 16 :49 часот, […]

Дерала: Избирачките одбори мора да ги почитуваат медиумите


Врз основа на извештаите од набљудувачите, како и според сведоштвата на новинарските екипи, одделни избирачки одбори не им дозволувале пристап на новинарски екипи до избирачките места. ЦИВИЛ остро реагира на попречувањето на работата на професионалните новинарски екипи и побара од Државната изборна комисија да упати повик до сите избирачки одбори да ја почитуваат работата на […]

Излезноста до 17 часот е 35,13 отсто


Одѕивот во првиот круг на Претседателските избори до 17 часот изнесува 35,13 проценти, според пристигнатите информации до Државната изборна комисија (ДИК) од 79,73 проценти од избирачките места на кои досега на гласање излегле 496.784 граѓани. – Доколку би го следел овој тренд на процентуална излезеност, а имајќи предвид дека досега се обработени само 79,73 проценти […]