Дескоска очекува висока оценка за правда иако нема договор за СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска во пресрет на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, очекува највисоки оценки иако политичките партии не успеаа да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство со кој требаше да се реши статусот на СЈО.

Министерката вели дека нема напредок во преговорите и смета дека би било идеално да биде донесен пред одлуката за отпочнување на преговори со ЕУ.

„Нашите позиции се принципиелни. Одредби кои нема да значат целосно воспоставуање на правдата нема да дозволиме да бидат ставени во Законот. Се прават напори за преиспитување на ставовите на сите пратеници во прарламентот околу нивната искрена заложба за поддршка на евроинтегративните процеси, но и за поддршка на владеење на право и правда. Кај сите нив стои одговорноста дали ќе поддржат принципиелни решенија од кои нема да иотстапиме или нема да го дадат својот глас, ќе ги блокираат перспективите на нашата земја“, вели Дескоска.

Двете страни имале формални и неформални комуникации, но со месеци, двете страни не мрдаат од позициите.