Можен е договор за СЈО до крајот на мај


Работните групи што преговараат за законот за јавно обвинителство можно е да постигнат договор и да ги усогласат ставовите за статусот на Специјалното јавно обвинителство до крајот на мај, брифираат извори од Министерството за правда. Ако бидат реализирани ваквите најави, двете страни би постигнале договор пред извештајот на Европската комисија на крајот на мај и […]

Комитетот за учебниците изврши детална ревизија на наставните планови по историја


Делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизија на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји. Ова се наведува во заедничкото на соопштение од четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки […]

„Њујорк тајмс“: Бидете меѓу првите што ќе ја посетат Северна Македонија


Светот има новоименувана земја, Северна Македонија, што е добра вест за регионалните односи и за туристите кои во голем број доаѓаат да го посетат југоисточниот дел на Европа, се наведува во репортажата на Њујорк тајмс со наслов „Бидете меѓу првите кои ќе ја посетата Северна Македонија“. Во февруари годинава поранешната југословенска Република Македонија официјално стана […]

„Скопје цвета“ во Градски парк


Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по повод „Скопски цветен фестивал“, што се одржува  денеска и утре во Градскиот парк во Скопје, истакна дека, целата идеја е да се направи спој меѓу скопјани и природата, со цел да се научат граѓаните да ја сакаат природата што е можно повеќе. На овогодинешата манифестација под мотото „Скопје цвета“ […]

Пендаровски ѝ посака успех на Тамара на Евросонг : Само напред девојко!


Претседателот Стево Пендаровски кој речиси пред една недела ја презеде функцијата шеф на државата,  со својата сопруга денеска преку телефон и посака на Тамара успех на настапот на финалето на Евровизија. – Со Бети ѝ посакавме успех на Тамара и нејзиниот тим во финалната вечер на Изборот за песна на Евровизија. Само напред девојко, земјата […]

Маратон на Коридор 8: Тевдовски, Шилегов и македонски атлетичари трчаа за поддршка на Георгиев


Министерот за финансии Драган Тевдовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и атлетичари од Атлетската федерација го поддржаа ултрамаратонецот Краси Георгиев кој денеска трчаше во Скопје, а ќе продолжи со трчање долж Коридорот 8. Трасата е долга 1000 километри и вклучува над 20 градови од  Бугарија, Северна Македонија и Албанија. Целта е да се испрати порака […]

На СПЦ ѝ догоре и сега сака да разговара со МПЦ


Можно ли е затоплување на односите и влегување во некаква финална фаза на решавање на црковниот спор откако по подолго време српските владици решија да го обноват дијалогот со Македонската православна црква? Српската црква, како што нагласуваат тамошните медиуми, имаше еден услов за да се иницира обновување на дијалогот – пуштање на слобода на охридскиот […]

Времен прекин на автобуските линии кон Водно поради манифестацијата „Прв до врв“


Поради одржување на манифестацијата „Прв до врв 2019″  утре од  девет до 10:30 часот нема да сообраќаат линиите кон и од Средно Водно. Времен прекин ќе има на линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Стара железничка станица-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно), соопшти Јавното претпријатие Скопје.

Запалено полициско возило во МВР, пожарот е изгаснат


Од Министерството за внатрешни работи ни потврдија дека денеска во 10 часот во нивниот комплекс дошло до опожарување на полициско возило “Пинц гауер” од засега непознати причини . Полициското возилo се запалилило во кругот MВР во делот кај бензинската пумпа. Од страна на полициските сили и на пожарникари пожарот е изгаснат. Претходно дел од медиумите […]

Камион се преврте на патот Неготино Велес, по удар во патарината кај Градско


Камион се превртел синоќа на патот Неготино – Велес откако удрил во патарината кај Градско која веќе не е во функција. Во несреќата е повреден возачот кому му била укажана лекарска помош во болницата во Велес.  – На патот Неготино-Велес, на стара наплатна станица „Градско“ која веќе не е во функција,  синоќа во 22:15 часот влекач […]

Реинсалу: Република Северна Македонија е позитивен пример за Европа


– Република Северна Македонија е држава ориентирана кон иднината и којашто претставува позитивен пример за регионот од Западен Балкан и Европа, е пораката на министерот за надворешни работи на Естонија Урмас Реинсалу која вчера му ја пренел на македонскиот министер Никола Димитров  кој учествува на годинешната конференција Ленарт Мери во Талин. Како историски подвиг, Реинсалу […]

Образованието на колена: Како ќе се борат за „петки“ со наставници оценети со „единица“


Какви генерации ќе создадат четиринаесеттемина наставници и стручни соработници чии работни обврски се оценети со единици? Ќе добие ли државата осакатени генерации – неписмена младина, од овие кадри поставени во образовните установи? Што треба да преземат надлежните да се надминат ваквите состојби? Во извештајот на Државниот просветен инспекторат за квалитетот на воспитно-образовниот процес во учебната […]

Случај Павле Богоевски: Многу кривични дела, малку докази за „пола“


Освен бурни реакции во јавноста, разговорот на пратеникот Павле Богоевски кој беше објавен на руска социјална мрежа, отвори и многу кривични дела што ќе ги истражува скопското јавно обвинителство заедно со Министерството за внатрешни работи и другите институции. Во четириесетте секунди од разговорот на Богоевски се детектираат многу потенцијални кривични дела, но истражните органи засега […]

Премиерот Заев горд: Јас сум среќен татко, мојата ќерка е матурантка


Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави фотографии од матурската прослава на својата ќерка Александра и напиша „Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“ Ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра Заева оваа година е матурантка и претходно, на својот Инстаграм профил, пријателите ги почести со фотографија од нејзиното табло. Александра  ја завршува четврта година во средното училиште „Јане […]

Аеродром и Ново Лисиче денеска без вода


Од 9 часот утринава без вода ќе останат корисниците од високите зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со вода е поради санирање дефект на водоводна цевка со пречник 400 mm на бул. „Борис Трајковски“ кртосница со бул. „Србија“. Прекинот со вода […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов. -Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива денеска и утре, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе […]

Заев се сретна со Црвенковски


Премиерот Зоран Заев, денеска, му беше домаќин на поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој на оваа средбата се појави во својство на член на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот. Како што информираат од владината прес-служба, Црвенковски го информирал Заев за иницијативата Подгоричкиот клуб да […]

Земјоделството и шумарството може да придонесат за исполнување на амбициозните цели на ЕУ за животната средина


На сите земји кои се членки на Европската унија, како и кандидатите за членство во Унијата, вклучително и нашата земја, во наредниот период во фокусот треба да им биде заедничката земјоделска политика и меѓусебна помош, решавање на се поголемото климатско влијание врз земјоделството и воведувањето нови технологии кои ќе бидат применливи. Ова е заклучокот од […]

Пендаровски потпиша укази на четири системски закони и на Законот за енергетика


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на законите за судовите, за управни спорови, за прекршоци и за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Станува збор за системски закони, чии укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот […]

Џафери: Нема правен основ за нарко-тест на пратениците


Претседателот на Собранието, Талат Џафери, попладнево соопшти дека во Уставот и Деловникот на парламентот нема правен основ според кој би можела да се реализира иницијативата од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, за нарко-тест на пратениците. „Ве информираме дека, во Законот за пратеници, во Деловникот за работа на Собранието и во […]