Охрид домаќин на 4. издание на Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак“


Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од утре па наредните четири дена во Охрид ќе се одржува четвртиот Интернационален гастрономски натпревар „Гастро Мак”. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија, поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид. Најавено е учество на …

Охрид домаќин на 4. издание на Меѓународниот гастрономски натпревар „Гастро Мак“ Read More »

Владата одлучи за 10 отсто да ги зголеми платите на наставниците од април ако се согласи СОНК


Владата вчера на седница ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката за 10 проценти  почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година. – Откако ќе биде постигната спогодба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), со оваа  информација вкупното покачување на платите …

Владата одлучи за 10 отсто да ги зголеми платите на наставниците од април ако се согласи СОНК Read More »

Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“


На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на Владата е усвоена информацијата за организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“. Мерката, како што соопшти владината прес – служба, ќе генерира дополнителни приходи …

Наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“ Read More »

Со заем и грант од Германија ќе се обновуваат студентските домови


Владата вчера на седница усвои информација за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“ на предлог на Министерството за образование и наука. -Владата го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерството за образование и наука да подготви и преку Министерството за надворешни работи да достави одговор до Владата на СР …

Со заем и грант од Германија ќе се обновуваат студентските домови Read More »

Повеќе од 10 милиони евра за инвертер клими за четири града


На вчерашната редовна 158-ма седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат …

Повеќе од 10 милиони евра за инвертер клими за четири града Read More »

Реконструирана зградата на Основниот суд во Тетово


Заврши неколкумесечната реконструкција на зградата во која се сместени Основен суд – Тетово, Основното јавно обвинителство и Државното правобранителство. Објектот доби нов надворешен изглед, а извршено е реновирање и на неколку инфраструктурни елементи на зградата. – Во овој дел се обезбеди средтсва од 100 илјади евра кои се однесуваат на реконструкцијата на објектот. Извршена е …

Реконструирана зградата на Основниот суд во Тетово Read More »

Холандија е за раздвојување на Северна Македонија и Албанија, но нема да става вето


Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет. Ваквиот став произлезе од …

Холандија е за раздвојување на Северна Македонија и Албанија, но нема да става вето Read More »

Венецијанската комисија внесе немир во коалицијата


Додека функционери на ДУИ се обидуваат да го релативизираат првичното мислење на Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците, премиерот Зоран Заев изрази подготвеност Владата да ги спроведе забелешките на експертите во врска со регулативата чие донесување произлезе од договорот што тој го постигна со Али Ахмети пред формирањето на коалицијата. Сепак, сите во …

Венецијанската комисија внесе немир во коалицијата Read More »

До четврток обвинение за „Рекет“ без искази од Јанева и Боки 13


До четврток Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“, дознава „Независен“ од извори во Обвинителството. Обвинението за една од најголемите корупциски афери ќе биде поднесено без искази на првоосомничениот во случајот, Бојан Јовановски – Боки 13 и третоосомничената, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева. Јовановски вчера на пладне со …

До четврток обвинение за „Рекет“ без искази од Јанева и Боки 13 Read More »

Акција „Иди Зима“ во Битола: Предупредувачки знаци за загадување


Денеска Битола се разбуди со знаци за предупредување од загадување. Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола. Затоа, битолските активисти поставија знаци на шахтите. Да потсетат дека Иди зима: – Битола е град со најголем број на заболени од …

Акција „Иди Зима“ во Битола: Предупредувачки знаци за загадување Read More »

Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим


Неодамнешната фотографија од Њујорк, на која премиерот Зоран Заев е на вечера заедно со Срѓан Керим, предизвика бура во јавноста бидејќи станува збор за човек што беше исклучително близок со поранешната власт на Никола Груевски и личност против која се водеше постапка за финансиски злоупотреби во МПМ, кое ги издаваше и ги згасна „Утрински весник“, …

Заев на вечера со „Еколог“ – сервиран и Срѓан Керим Read More »

Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Северна Македонија


Владата на Бугарија денеска треба да ја утврди позицијата и условите за поддршка на евроинтеграцијата на Северна Македонија. Вицепремиерката и министер за надворешни работи Катерина Захариева вчера изјави дека ќе бидат утврдени најважните услови на Софија за поддршка на членството на Скопје во ЕУ. Во пресрет на очекуваната одлука на Советот на ЕУ за отворање …

Бугарската Влада ќе ги утврди условите за евроинтеграцијата на Северна Македонија Read More »

Груевски нема повеќе да биде почесен претседатeл, се менува статутот на ВМРО-ДПМНЕ


Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „24 Отворено“ рече дека најголемата опозициска партија го менува својот статут според кој ќе се избрише функцијата почесен претседател. Сепак, Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен …

Груевски нема повеќе да биде почесен претседатeл, се менува статутот на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Умерено облачно уште денеска, следните денови потопло


Умерено облачно време со ветер од југоисточен правец ќе преовладува денеска во државата. Зголемена облчаност ќе има во утринските часови, а веќе попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе биде во интервал од четири до 12 степени, а дневната ќе се искачи до 23-тиот степен. Во Скопје слично време со минимална температура до осум …

Умерено облачно уште денеска, следните денови потопло Read More »

Заев најавува предвремени избори во редовен рок


Премиерот Зоран Заев уште еднаш најави дека следните парламентарни избори, веројатно, ќе се одржат во октомври следната година или точно за една година. При посета на фабриката „Маркарт“ во Велес, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе има предвремени избори, Заев одговори потврдно, посочувајќи дека предвремени избори ќе има кон крајот на октомври 2020 година, односно …

Заев најавува предвремени избори во редовен рок Read More »

Мицковски: Искрено посакувам безусловен датум за преговори со ЕУ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва во интервју за телевизија 24 изјави дека искрено посакува државата да добие датум за отпочнување на преговори со Европската унија. Рече дека како партија ќе работат кај сестринските партии навистина тоа да се случи и државата да добие безусловен датум. Доколку датумот биде условен, тогаш, како што рече, тоа …

Мицковски: Искрено посакувам безусловен датум за преговори со ЕУ Read More »

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено


Мислењето за Законот за употребата на  јазиците во Република Северна Македонија на Венецијанска комисија е одложено, информира прес-службата на Комисијата, јавува дописникот на МИА од Стразбур. Извештајот беше ставен на дневен ред на 120-та пленарна сесија на Венецијанската комисија закажана за 11 и 12 октомври во Венеција. Комисијата беше поканета да размени мислења со претставникот …

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено Read More »

Шекеринска: Силна поддршка од Романија за почеток на пристапните преговори со ЕУ


Романија е активен поддржувач на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија, беше потврдено на денешните средби на вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска со романската премиерка Виорика Данчила и со министерот за национална одбрана Габриел Бениамин Леш во Букурешт. – Северна Македонија со право очекува следната недела да …

Шекеринска: Силна поддршка од Романија за почеток на пристапните преговори со ЕУ Read More »

Со препукувања меѓу власта и опозицијата заврши вториот ден од собраниската расправа за ребаланс на Буџетот


Со реплики и контрареплики помина и вториот ден од дебатата во Собранието за ребалансот на Буџетот. Пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа околу реализацијата на капиталните инвестиции, странските инвеститори, проектот „МојДВВ“, како и околу тоа кој колку вложувал во културата. Во попладневниот дел од расправата стана збор и за проектот „Скопје 2014“. Пратениците …

Со препукувања меѓу власта и опозицијата заврши вториот ден од собраниската расправа за ребаланс на Буџетот Read More »

На Боки 13 му се укажа лекарска помош, па го вратија во „Шутка“


Бојан Јовановски (Боки 13) е вратен во притворот во затворот во Шутка, откако денеска колабираше за време на давање на исказот  во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред обвинител за предметот „Рекет“, во кој тој е првоосомничен. Директорот на затворот „Скопје“, Есад Рахиќ за МИА потврди дека Јовановски е вратен во притвор по …

На Боки 13 му се укажа лекарска помош, па го вратија во „Шутка“ Read More »