Манчевски: Над 60.000 граѓани ја симнале СтопКорона, очекувам бројот да се зголеми


Досега имаме над 60.000 симнати апликации СтопКорона. Често повторувам дека бројката не е мала, но навистина очекувам да е поголема, особено сега во ова време кога се олабавени рестриктивните мерки но и кога имаме зголемен број на заразени и многу е важно да ги користиме сите можни алатки за идентификација на контактите, изјави денеска министерот […]

ГДУ: Ова да бидат последни избори без попис


Граѓанско демократската унија (ГДУ) уште еднаш го изразува своето големо разочарување од фактот што самонаречените “големи” партии повторно го заобиколија пописот како исклучително важен процес пред одржување на парламентарните избори. -Ние ги уверуваме сите граѓани дека еден од приоритетите на новото Собрание, во кое ГДУ ќе има свои претставници, ќе биде неодложно одржување на попис. […]

(Во живо) Прес-конференција на Инспекцискиот совет


Денеска со почеток во 13 часот прес-конференција ќе одржи претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, заедно со Стојко Пауновски – директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова – директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висара Риза – директорка на Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Аљајдин Хавзиу – директор на Државен инспекторат […]

Финансиска поддршка за средношколци и студенти од семејства со ниски приходи


Парична поддршка ќе добијат млади од 16 до 29 години кои потекнуваат од семејства со ниски приходи. Владата усвои три уредби на Министерството за образование и наука со кои се детализира реализацијата на мерките за поддршка на младите на оваа возраст чија цел е подобрување на стандардот на учениците и студентите, јакнење на нивната куповна […]

Адвокатите на Јанева разочарани, не виделе докази за вината


Двајцата адвокати на Катица Јанева изразија разочараност од пресудата и казните, најавувајќи дека правда за случајот ќе бараат и пред меѓународните судови. Тие сепак се надеваа дека повисоките судови во Македонија ќе имаат поголемо чувство за правда и правичност бидејќи не виделе докази за вината на обвинетата Јанева. -Ние сме разочарани како одбрана на Катица […]

Градинките ќе се отворат навремено, деновиве целосно ќе заврши скринингот на вработените, најави Спасовски


Премиерот Оливер Спасовски очекува градинките да се отворат навремено кога ќе биде завршен комплетно скринингот и кога ќе се почувствува дека и децата и вработените во градинките ќе бидат безбедни. Тој информира дека вчера од Министерството за здравство бил известен оти уште некој ден ќе заврши целосниот скрининг на сите вработени во градинките, по што, […]

Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната


Денешната пресуда беше очекувана од почетокот на овој судски процес. Знаевме дека ќе биде вака брутална казната и оваа пресуда најмалку се заснова на докази, изјави по објавувањто на пресудата за „Рекет“ бранителот на неправосилно осудениот Бојан Јовановски, адвокатот Сашко Дуковски. Тој посочи дека немало изготвено вештачење, а судот во образложението на вината  се повикувал […]

Русковска не знае кога ќе се суди за „Империја“


Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет”. Таа најави жалба и за двете пресуди, но […]

Боки 13: Политичка пресуда, ви наредиле да ми го продолжите притворот


Осудениот Бојан Јовановски – Боки 13, место да се произнесе за побараното продолжување на притворот, се скара со судијката и ја обвини дека донела политичка пресуда.Таа побара да го изнесат од салата, но бидејќи продолжи да зборува за притворот, судијката дозволи да остане. По изрекување на пресудата во случајот „Рекет“, во кој Бојан Јовановски – […]

Девет години затвор за Боки 13 – седум за Катица Јанева


Девет години затвор пресуди судот за обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, а  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор. Според судот, виновни се затоа што го искористиле своето влијание да извршат службено дејство што не смееле, а со кое била олеснета постапката за Орце Камчев во случајот „Империја“, тој бил ослободен од […]

На 22 јуни квалификационо тестирање за упис во средни училишта


Министерството за образование и наука информира дека јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број на ученици со ист број на поени од предвидениот број на ученички места во конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021 година, ќе организираат квалификационо тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот. Учениците кои […]

(Во живо) Пресуда за случајот „Рекет“ – Катица Јанева не е присутна


По шест месеци судење денеска Крвичниот суд Скопје ја објави пресудата за предметот „Рекет”, каде обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева. Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева не беше присутна во големата сала на Врховниот суд, каде ќе се прочита пресудата, поради здравствени и семејни причини. Нејзината адвокатка е присутна во судницата. […]

МЗ: Го мобилизираме целиот здравствен систем


Министерството за здравство соопшти дека капацитетите во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и Градската општа болница „8 Септември“, преку систем на ротација се зајакнати со медицински кадар со цел подобро и побрзо справување со коронавирусот. Станува збор за 54 доктори и медицински сестри кои се прераспределени од јавно-здравствените установи ширум целата држава. – […]

Некрофилска кампања на приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ


Членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ злоупотребуваат невини животни за да упатат закани кон политичките неистомисленици, објави денес Фронтлајн. Една таква вонемирувачка фотографија е објавена на фејсбук профилот на извесен Ѓорги Стојков Ќосето. Тој на фотографијата за уши држи зајак со прст вперен (како пиштол) кон животното и на самата објава напишал „ГОТОВ СИ“. Во […]

Земјава се соочува со најголемата здравствена криза, надлежните велат има капацитет за справување


Здравствените власти во земјава вчера повторно регистрираа високи бројки на заболени од КОВИД 19. Вкупно беа евидентирани 193 нови случаи и девет починати. Капацитетите во болниците се полнат, а медицинскиот персонал е преморен. Активирана е и монтажната болница каде веќе се сместени тројца пациенти, а во лекувањето на болните се вклучуваат и трите најголеми приватни […]

Променливо облачно со слаб ветер


Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен и западен ветер. На повеќе места, ќе има нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено повеќе во источните и североисточните делови на земјава. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 11 до 17, а највисоката температура ќе се движи од […]

Заев: Македонскиот јазик е нашето минато, сегашност и иднина


Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ Зоран Заев, по повод иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно. – Kако што бев горд минатата година, кога ја предводев Владата на Република Северна […]

Зибери: Најголем број од заразените од познати кластери


Во Скопје поголемиот број заразени со коронавирус се постоечки кластери каде што се шири заразата меѓу членовите од семејството, но факт е дека има и некои нови кластери. Затоа ни се зголемуваат и бројките овие денови, изјави вечерва директорот на Институтот за јавно здравје Арбен Зибери,во гостувањето на Топ тема. – Во последните десет дена […]

Неготино го погоди силен дожд, интервенираат пожарникари


По обилниот дожд во Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари. Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Илиев за МИА изјави дека со пумпи ја црпат надојдената вода во строгиот центар на градот.   Жителите на Неготино паметат неколку поплави во градот во минатото, од кои две поголеми.