Мицкоски до ДУИ: Преку глава ни е да сме граѓани од втор ред


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој е на средби со граѓани во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање за условите што вчера ги упати ДУИ за премиер Албанец и за прифаќање на бугарските барања, рече дека ДУИ таквиот тип барања можат да ги задржат само во сопствените редови за храбрење на нивното членство. – Демократската унија […]

Отстранети рекламни објекти од пешачките патеки во Скопје


Град Скопје спроведе акција за отстранување на билборди и други рекламни објекти од пешачките патеки на неколку улици во градот. „Го ослободуваме јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите. Град Скопје ги отстрани ситилајтовите на улицата Св. Кирил и Методиј и овозможи непречено минување на овој дел од тротоарите“, соопштија од Градот. Градоначалникот […]

СДСМ: Чулев да истражи кој подметнал експлозив во објект на Мисајловски


Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов рече дека СДСМ и лично тој го осудуваат настанот и ги повикуваат надлежните институции до крај да го истражат настанот со фрлената експлозивна направа врз објект на Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ и носител на листа и да го најдат сторителот. -Најповикан во овој случај е Наќе Чулев, министерот […]

Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата кај Мисајловски, за Костадинов, Чулев е одговорен


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја обвини СДСМ за експлозијата во семејната пекара на потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски. „Овде не се работи за ‘случаен’ пожар каков му се случи на Мисајловски пред неколку години, туку за јасна намера. Да не заобиколувам или да се трудам да бидам дипломатски коректен, одговорноста за ова е на […]

Заев: Патот Штип-Кочани главна артерија на истокот


Патот Штип – Кочани е главна транспортна аретерија на истокот и значајна придобивка за граѓаните од целиот овој регион, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој заедно со генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта, Китанов беше во обиколка на експресниот пат во изградба […]

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага за РЕК Битола


Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски обвини дека трет ден Васко Ковачевски и СДСМ молчат за кривичната пријава за рекет од 250.000 евра кои се обидел да го изнуди поранешниот директор на РЕК Битола, иако Ковачевски даде изјава и се закани со тужба. -Трет ден како Васко Ковачевски и СДСМ се обидуваат да ја прикријат аферата […]

СДСМ тврди дека АВМУ ја промовира ВМРО-ДПМНЕ


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кусевска, го обвини ВМРО ДПМНЕ никако да се одвикне да злоупотребива државни институции и органи за лична и партиска корист. -Последниот пример е одлуката на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со којашто партијата ВМРО ДПМНЕ спротивно на Законот е ставена во повластена положба. Ставајќи се целосно во партиска служба, […]

Пендаровски: Имаше селективна примена на мерките


На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мслам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19, изјави претседателот Стево Пендаровски […]

Од денес заразени од Ковид-19 и во Козле


Детската болница во Козле од денеска ќе прима и пациенти заразени со вирусот ковид-19.Како што соопшти вчера Министерството за здравство, ќе има 60 легла за возрасни пациенти и 15 за деца сомнителни или заразени со вирусот. Во моментов таму има 3 деца за кои се чекаат резултати. Предвидено е да се хоспитализираат пациенти со полесна и […]

Oхрид и Струга спремни за гости


Сместувачките капацитети, хотелиерите и приватните станоиздавачи ги добија протоколите за работа во новонастанатата ситуација наметната од епидемијата на короновирусот. Од понеделник е предвидено да ги отворат вратите затворени пред повеќе од четири месеци. Според угостителите од Охридско-струшкиот регион мерките за заштита на туристите, но и на вработените, биле горе-долу очекувани, дури и познати со оглед […]

Чаир се уште на врвот со најголем број активни случаи


Активни случаи во земјава се 2.868 од кои 1.653 се во Скопје. Трицифрени бројки на активни случаи има во Тетово (316), Куманово (229) и Штип (207). Во Штип се направени и 77 скрининг-тестови во градинките, но нема позитивни. Меѓу скопските општини, Чаир е сè уште на  врвот на листата со најголем број активни случаи (363), […]

Кампања пред кампањата: Главни теми (не)почитувањето на мерките за заштита од Ковид-19 и „премиер Албанец“


На три дена пред официјалниот почеток на кампањата за предвремените парламентарни избори закажани за 15 јули, политичките партии се веќе излезени на терен меѓу бирачите, а покрај вообичаените препукувања за тоа кој што направил или ветил, а не направил, како теми ги наметна и почитувањето на мерките за превенција од корона вирусот и идејата на […]

Бројот на потврдени на Кoвид-19 надмина пет илјади, првпат е двоцифрен на починати во еден ден


За 24 часа во земјава починаа 11 луѓе од вирусот Ковид-19, што е најголем и првпат двоцифрен број од почетокот на епидемијата пред четири месеци. Нови потврдени од вчера има уште 185 од 1364 тестирања, а повеќе од половина (96) се во Скопје. Бројот на дијагностицирани достигна 5005. Меѓу заразените се и градоначалникот на Скопје, […]

Претпладне сончево, а попладне нестабилно со дожд и грмежи


Времето претпладне сончево со умерена променлива облачност, а попладне и особено во планинските региони ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Долж пошироко повардарието ветерот краткотрајно ќе засилува. УВ=7 Утринската температура ќе се движи од девет до 19, а дневната температура од 18 до 30 степени. Во Скопје претпладне сончево со умерена променлива облачност, […]

Детската болница Козле од утре ќе прима пациенти со Ковид-19


Болницата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле од утре ќе прима возрасни пациенти заболени од КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство, информирајќи дека се прават последните подготовки за нејзино ствање во функција за прием на позитивни на вирусот. На располагање ќе бидат 60 места за болничко лекување на возрасни и 15 за деца […]

Спасовски: Ковид-19 е тука, опасен е, сите да се посветиме да го намалиме бројот на новозаразени


Премиерот Оливер Спасовски вечерва преку објава на Фејсбук одново аплеираше до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од ширење на вирусот Ковид-19 и со тоа да придонесат за намалување на бројот на новозаразени. – Ковид-19 секојдневно одзема животи. Денешниот висок број починати зборува само за едно: вирусот е тука, опасен е, а може да […]

Заев: Браната „Конско“ ќе наводнува нови 8.000 хектари земја


ГЕВГЕЛИЈА – Земјоделството е основата на нашата македонска економија и исклучително важна стратешка гранка, па затоа производството на храна мора да продолжи уште поинтензивно и никако не смее да запре или да биде загрозено, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев при посетата на браната во изградба „Конско“. „Владата предводена од СДСМ и до сега и […]

Состојбата во Дебар станува алармантна, денес нови 18 заразени, вкупно 29


Во Дебар, градот кој прв беше ставен под карантин откако стана жариште на коронавирусот, а подолг период немаше нови заболени, ситуацијата алармантно се менува. Во последниве 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19, а вкупниот број на заболени од коронавирусот во општината е 29. Градоначалникот Хекуран Дука, на вчерашната прес-конференција, оцени дека ситуацијата […]

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 364 пациенти, петмина на респиратор


Во Македонија има 2.868 активни случаи на заболени од корона вирус, од кои 1.653 се само во Скопје. Следуваат Тетово со 316, Куманово со 229, Штип со 207, Струга со 90, Охрид со 79 и гостивар со 54. Другите градови имаат под 40 заболени. Од заболените, дури 364 се лекуваат во болница, 46 се на […]

Од Ковид-19 денеска починаа 11 лица, нови 185 случаи


Најголем број починати од Ковид-19 во едно деноноќие забележани се кај нас денеска, дури 11, новозаболени се 185, а во Скопје 96. Во последните 24 часа се направени 1364 тестирања, а регистрирани се 185 нови случаи на Ковид-19. – Скопје 96 – Куманово 2 – Дебар 18 – Штип 4 – Прилеп 1 – Тетово […]