Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптеки низ државата


Согласно новиот начин на електронско пропишување на лекови за хроночна терапија, пациентите можат да ги подигнат своите лекови во која било аптека на целата територија на државата, информираат од Здружението на приватни аптеки. – Подигањето на терапијата пациентите можат да го извршат со приложување на документ за лична идентификација или здравствена книшка/картичка, се наведува во …

Електронски креираните рецепти се достапни во сите аптеки низ државата Read More »

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери


Град Скопје започнува пилот проект за тестирање нов вид контејнери за отпад од домаќинствата, односно полуподземни контејнери. Станува збор за полуподземни контејнери со капацитет од 3 до 5 кубни метри од реномираниот фински производител „Молок“ кој преку своите локални партнери покрена иницијатива за тестирање на овие контејнери во Скопје. За таа цел на ул. „Никола …

Во Карпош се поставија полуподземни контејнери Read More »

Чаир со најголем број активни случаи со Ковид-19, следат Бутел, Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош


Во Чаир и натаму има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број изнесува 195, по што следат Бутел со 72, Центар со 71, Аеродром со 67, Гази Баба со 66, Карпош со 64, Сарај со 58 случаи…, покажуваат податоците од Институтот за јавно здравје. Активни случаи има и во Кисела Вода – 39,  Ѓорче …

Чаир со најголем број активни случаи со Ковид-19, следат Бутел, Центар, Аеродром, Гази Баба и Карпош Read More »

Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89


Во последното деноноќие од последиците од Ковид-19, во земјава починаа седум пациенти, меѓу кои и жена на возраст од 46 години, од Тетово. Другите жртви се на возраст од 54 до 87 години. Министерството за здравство соопшти дека регистрирани се и шест оздравени пациенти од Скопје, Прилеп и од Велес. Во последните 24 часа се …

Седум жртви на Ковид-19, нови 125, Скопје рекордер со 89 Read More »

Неделава почнува издавањето на домашната платежна картичка за над 324 илјади граѓани


Над 324 илјади граѓани почнувајќи од оваа недела, па се до 18 јули ќе ја добијат домашната платежна картичка со паричен износ кој ќе може да го искористат за купување на домашни производи до 15 август, најави денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска. Граѓаните од денес преку интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk ќе може …

Неделава почнува издавањето на домашната платежна картичка за над 324 илјади граѓани Read More »

Чулев формирал ривалски синдикат во МВР


Македонскиот полициски синдикат ја повика Владата да го поништи, според нив, штетниот и противзаконски договорот што го потпишал министерот Наќе Чулев со новоформираниот синдикат, бидејќи е спротивен на член 46 од Законот за Влада и Колективниот договор на МВР. За овој потег на министерот тие ги известиле сите релевантни институции во ЕУ и во Макеоднија. …

Чулев формирал ривалски синдикат во МВР Read More »

Ахмети како Мартин Лутер Кинг, бара остварување на албанскиот сон


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика денес сите албански политички партии да се обединат пред изборите и со тоа да застанат зад албанската национална кауза, а тоа е целосна рамноправност на Албанците во Македонија, така што ќе овозможат да се оствари сонот да ја освојат последната недостижна функција досега – премиер на државата. Јас …

Ахмети како Мартин Лутер Кинг, бара остварување на албанскиот сон Read More »

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Кoвид-19 не помагаат никому


Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски апелира пандемијата со Корона вирусот да биде оставена надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника, вели, е само на наша штета. -Никој нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да …

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Кoвид-19 не помагаат никому Read More »

Сопственикот на „Еколог“ премиерски адут на Ахмети?


Сопственикот на компанијата „Еколог“, Љазим Дестани е кандидат на ДУИ за првиот премиер Албанец, пренесува порталот Ина.  Од партијата на Али Ахмети сепак велат дека официјално не е разговарано за имиња на кандидати за прв премиер Албанец, туку дека станува збор за концепт. Инаку одамна е позната практиката на ДУИ на функции да поставува членови …

Сопственикот на „Еколог“ премиерски адут на Ахмети? Read More »

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19


Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на својот Фејсбук профил информираше дека советник од неговиот кабинет е позитивен на Ковид-19. -Советникот не се инфицирал додека извршувал работни задачи, односно додека бил на работното место. Последен пат бил на работа на 2 јуни, а тестот го направил на 6-ти месецов, кога е потврдено дека е …

Советник од кабинетот на министерот Чулев позитивен на Ковид-19 Read More »

Ресен – градот кој е имун на корона вирусот (дпл)


Дисциплината, почитувањето на мерките на здравствените власти и менталитетот на жителите се клучот што во Ресен и целата Преспа досега нема ниеден заболен од Ковид-19   Анета Блажевска Битола – Дисциплината на преспанци, координираната и добрата организација на локалната власт со полицијата и инспекциите – изгледа дека тоа е формулата што во Ресен во изминатите …

Ресен – градот кој е имун на корона вирусот (дпл) Read More »

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска


Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто …

МВР: Нови 905 лица од вчера во изолација, 1.143 не носеле маска Read More »

Димитров во Белград на разговори со Дачиќ


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, денеска ќе оствари работна посета на Република Србија. Како што соопшти МНР, ова претставува прва работна посета на шефот на дипломатијата во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји. На …

Димитров во Белград на разговори со Дачиќ Read More »

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување


Засега нема најава дали и кога би се одржала седница на Советот за безбедност со оглед на тоа што вонредната состојба, четврта по ред, истекува в сабота на 14 јуни. Дотогаш се очекува Владата да донесе став дали ќе побара продолжување на вонредната состојба, од што зависи и терминот за одржување на предвремените парламентарни избори. …

В сабота истекува вонредната состојба, засега нема најави за продолжување Read More »

Ден на воздухопловниот ВИНГ


Вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска денеска ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни – Денот на воздухопловниот ВИНГ. Во рамки на свеченоста во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, доколку дозволат временските услови, е предвидена демонстрација на летање од страна на авијацијата на Армијата, како и прелет на авионите Ф-16 …

Ден на воздухопловниот ВИНГ Read More »

Опаѓа бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 во државава


Бројот на новодијагностицирани со коронавирусот во државава бележи намалување. Вчера беа регистрирани 87 нови случаи, завчера 127, а ден претходно 111 случаи. Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува …

Опаѓа бројот на новодијагностицирани со Ковид-19 во државава Read More »

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн


За 270 илјади средношколци и основци, меѓу кои и околу 19 илјади првачиња, денеска завршува учебната 2019/2020 година, првпат во вонредни околности и надвор од училишните клупи кои останаа празни од 11 март поради опасност од ширење на заразата со коронавирусот. Првото полугодие го одбележаа „есенските“ преговори на синдикатот СОНК со Министерството за образование и …

Завршува учебната 2019/2020 од која една третина беше онлајн Read More »

Oблачно, на повеќе места со дожд и грмежи, температурата до 31 степен


Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 19 до 31 степен. Во Скопје и околината променливо облачно со …

Oблачно, на повеќе места со дожд и грмежи, температурата до 31 степен Read More »

Груби најавува гласање неколку дена


 Артан Груби од ДУИ вечерва во Отворено студио на ТВ 24 вести рече дека неговата партија останува на одлуката изборите да се одржат во јули, изразувајќи уверување дека сите партии ќе учествуваат на изборите. – Јас сум убеден дека било кој термин да го определиме за одржување на избори, сите партии ќе учествуваат, зошто не може …

Груби најавува гласање неколку дена Read More »

Д-р Стевановиќ: Ако не ги почитуваме препораките и ако никој не санкционира резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде ист


Со препораки или без препораки, со високи или ниски рестрикции, ако одлучиме да не ги почитуваме препораките, ако притоа никој не санкционира, резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде секако ист. Ова вечерва го истакна директорката на Универзитетската клиника за инфектривни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ во емисијата Топ Тема на телевизијата …

Д-р Стевановиќ: Ако не ги почитуваме препораките и ако никој не санкционира резултатот со бројот на заболени од Ковид-19 ќе биде ист Read More »