Втор случај на Ковид-19 кај воспитувачка во истата градинка во Битола


Уште една воспитувачка во градинката „Коца Василева“ во Битола  е позитивна на Ковид-19 , но нејзиниот случај не се поврзува со претходно заболената колешка од оваа градинка, туку со кластер надвор од градинката. Поради потврдата за позитивен случај превентивно се во изолација 13 деца од градинката и уште една негователка од истата група.

Директорката на градинката Снежана Тодоровска потврдува дека има нов случај на Ковид-19 во градинката. Воспитувачката била во изолација од четвртокот, откако нејзиниот сопруг покажал симптоми на вирусот, па со тестирањето во саботата била потврдена болеста.  (А.Б.)