Грантови од 3.000 до 7.000 евра за туристичките агенции и поврат на туристичката такса


Фото: Б. Грданоски

Дел од мерките кои денес ги презентира премиерот Зоран Заев се однесуваат и на поддршка на туристичката дејност која како што истакна премиерот е една од најпогодените во актуелната криза од КОВИД-19. Во тие рамки се преддвидуваат граантов од 3.000-7.000 евра како и поврат на туристичката такса, но и поддршкаа за платите за туристичките водичи.

„Петтата мерка го потврдува нашиот принцип дека никој нема да биде изоставен и таа предвидува поддршка за плата за туристичките водичи“, рече Заев.

Тој појасни дека на 150 регистрирани турустички водичи за октомври, ноември и декември ќе им биде исплатена минимална бруто плата во висина од 21.776 денари.

За поддршка на секторот туризам, еден од најпогодените од кризата определена е мерката поврат на туристичката такса за 2019 годинаа.

„Тоа се 4.740 субјекти кои организирале ноќевања во 2019 година, ќе им бидат вратени 2 милиони евра колку што изнесува вкупниот износ на туристичката такса инкасирана во таа година“, рече премиерот.

И седмата мерка од вкупно 31 колку што го сочинуваат четвртиот пакет, се однесува на секторот туризам.

„Ја носиме мерката грантови за туристичките агенции. Корисници на оваа мерка ќе бидат 500 туриустички агенции, а нејзината вкупна вредност изнесува 1,9 милиони евра каде што ќе дадеме грантови од 3.000 до 7.000 евра за сите туристички агенции во зависност од бројот на вработени и вкупниот промет во 2019 година, како и во зависност дали се носители на А или на Б лиценца“, рече Заев.