Над 6000 дијагностицирани со Ковид-19, активни се 3479


Бројот на дијагностицирани со Ковид-19 во земјава надмина 6000, а и натаму продолжува трендот на трицифрен број новозаболени, како и секојдневниот црн биланс на пациентите кои ја губат битката со коронавирусот. Од почетокот на месецов евидентирани се 3854 позитивни и 154 починати. Само четири дена беа со помалку од 100 дијагностицирани – на 1 јуни […]

Беса тврди дека ДУИ врши притисок врз гласачите


Функционерот на Беса, Аријанит Хоџа, обвини дека некои од врвните луѓе на ДУИ вршат притисок врз гласачите да размислат за кого ќе гласаат. „Гледам дека некои функционери на ДУИ почнаа да вршат притисок врз гласачите со фразата што е веќе позната во овие 18 години: ‘Ќе видите вие после изборите’. Апелирам до вработените во јавната […]

СДСМ ветува поголеми плати и помала невработеност


За четири години зголемување на минималната плата на 20.000 денари, а на просечаната на 34.000, вети лидерот на СДСМ Зоран Заев на вечерашниот собир во Куманово, заедно со носителите на пратеничката листа во Изборна Единица 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска. Тој истакна дека со одговорни политики, со стабилна и развојна економија, до крајот на […]

Николоски: Ќе се испитува потеклото на имотот на сите политичари и јавни личности


Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во четвртата изборна единица, Александар Николоски на денешниот митинг во општина Новаци рече дека трет ден го повикува лидерот на владејачката Зоран Заев да каже дали е во можност да го докаже потеклото на неговиот личен капитал и богатство и потеклото на богатство на неговото семејство. -Значаен […]

Заев: Требаше да направат спот за бегалката од Будимпешта, а не приспивна приказна за Зоран


Вечерва на собирот во Куманово претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на саркастичен начин ги искоментира неколкуте спотови на ВМРО-ДПМНЕ, а особено последниот со приспивната приказна за деца. „Ги гледате овие спотовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не можам а да не кажам нешто. Не сум за негативна кампања, но веројатно тој што ги искреирал (а знам дека таму […]

Касами: Дојдено е времето ДУИ да оди во опозиција


Биљал Касами, лидерот на движењето Беса и носител на листата на коалицијата „Можеме“ за Шестата изборна единица, вечерва се обрати на собири во населбата Ново Маало во Гостивар и во селото Здуње. Во обраќањето пред сопартијците во Гостивар, Касами рече дека овие избори се важни, бидејќи како што нагласи со нив ќе се симне од […]

Над 17.000 граѓани ја потпишале петицијата за прв премиер Албанец


За само една недела, повеќе од 17.000 граѓани ја потпишаа петицијата „Зошто не?“ како подршка за назначувањето на првиот премиер Албанец во Македонија, по изборите на 15 јули. Но, покрај граѓаните, иницијативата за премиер Албанец е силно поддржана од граѓанското општество: Денес, и четири албански невладини организации и се приклучија на иницијативата. „Ние ја поддржуваме […]

СДСМ: ДУИ да престане да го партизира јавното здравство


Демократската унија за интеграција мора да престане да го партизира здравството, порача денес СДСМ. – Наместо да организираат протести подобро е овие 15 дена до изборите да ги искористат да направат 4-годишен план за реформа и демократизација на својата партија. Четири години во опозиција се доволно време за реформа на една партија. ДУИ треба да […]

Во Тетово, Штип и Гостивар денеска има повеќе оздравени од заболени пациенти


И покрај денешната висока бројка од 176 новозаразени од корона вирусот денеска има и некои охрабрувачки податоци. Најважниот е што се оздравени 80 пациенти и што во некои од кризните жаришта има повеќе луѓе кои се означени веќе како негативни отколку позитивни. Така, во Тетово денеска се забележани 30 оздравени пациенти (нови инфекции има 22), […]

Силјановска-Давкова ќе се залага за повеќе зеленило со „Скопска шума“


Носителката на изборна единица 1 на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ Гордана Силјановска–Давкова денеска на средби со граѓани во Скопје во Градскиот парк истакна дека програмата „Обнова на Македонија“ предвидува мерки за поголемо зеленило во урбаните места за живеење и намалување на аерозагадувањето. „Во обновата оние кои ја читале забележале еден проект кој […]

Димитров најавува 10 милиони евра за спортски ваучер и стаж за спортистите


Никола Димитров, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ1 на коалицијата „Можеме“, заедно со кандидатите за пратеници Дарко Каевски и Горан Мисовски, како и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска се сретнаа со спортски работници од Кисела Вода. -Нема поголем амбасадор од спортот. Спортска нација е и здрава нација. Оттука, инвестиции во […]

Еден позитивен случај на Ковид-19 и еден оздравен пациент во Малешевијата


По пауза од две недели во Малешевијата e регистриран нов пациент, кој е позитивен на коронавирус. Пациентот е од Пехчево и е вкупно шестиот позитивен на Ковид-19 во оваа општина, каде во моментот има три активни случаи. Надлежните информираат дека пациентите се во добра состојба. -Двајцата сопружници кои до денеска веќе 8 ден се во […]

Епидемијата не попушта, денес 176 заразени, деветмина починати


Виоките бројки на новоинфицирани од корона вирусот не се намалуваат. Во последните 24 часа регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19 во земјава. Оздравени се 80 пациенти, а починаа девет лица, информира денеска Министерството за здравство. Спроведени се 870 тестирања, а од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје – 61, Куманово – 8, Дебар – […]

Шекеринска и Митрески во Битола: Вративме стотици милиони евра кај граѓаните


Носителите на изборната листа на СДСМ во Изборната единица 5, Радмила Шекеринска и Јован Митрески, остварија повеќе средби во Битола. „Малите бизниси се столбот на нашата економија. Држава која овозможува услови за сите подеднакво а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме. СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ […]

Спасовски од Куманово: „Можеме“ е сигурна грижа за сите


Носителот од СДСМ во ИЕ2, Оливер Спасовски, денеска во Куманово порача дека „Можеме“ е сигурна понуда на грижа за сите граѓани, за да продолжиме по правиот пат. Спасовски нагласи дека Куманово доби две училишни спортски сали и уште една е во изградба, а и модерен затворен базен изграден во мантатот на СДСМ, а ќе ја […]

Насер Зибери им оддаде почит на Борис Трајковски и Имер Имери


Кандидатот за премиер на ДУИ, Насер Зибери, денеска ги посети вечните почивалишта на поранешниот претседател Борис Трајковски и на поранешниот претседател на Партијата за демократски просперитет, Имер Имери, за да им оддаде почит како на учесници во креирањето на Рамковниот договор. Зибери рече дека со овој гест „оддаваме почит кон луѓето кои дадоа огромен придонес […]

(Во живо) ДИК решава за непочитувањето на мерките во кампањата


Државната изборна комисија денеска одржува јавна седница. Се очекува на седницата да бидат донесени задолжителни препораки за почитување на мерките за заштита од КОВИД-19 што ќе произлезат од протоколите доставени до ДИК од Комисијата за заштитни болести. Членовите на ДИК ќе решаваат и по неколку приговори за непочитување на кампањата поднесени од коалицијата „Можеме“ и […]

Мицкоски за Никола Младенов: Лицемерство на дланка


Вчера во Виница Христијан Мицкоски, образложувајќи ја програмата на неговата партија, рече: „Ќе има за секого по нешто“. И навистина има за секого по нешто – па и за оние што претрпеа многу маки и загуби за време на 11-годишното владеење на неговата партија. Секои избори остануваат запаметени по некои секвенци кои времиња подоцна се […]

Заев: Се што обвинува опозицијата е бла, бла…


Сите што употребија насилство и кои го организираа 27- ми март во Собранието се пред судот на правдата, истакна лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој одговори на новинарско прашање зошто се уште насилниците кои учествуваа во овој настан се уште не се казнети. -Со Законот за амнестија преку Парламентот, а не преку притисоци и влијанија […]

Филипче најави нормализирање на работата на болниците


Болниците во земјава почнуваат да ја нормализираат работата, посочи денеска од Штип, министерот за здравство, Венко Филипче. -Распоредот за враќање во нормала и распоред на пациентите коишто беа одложени заради Ковид кризата е веќе направен и дел од клиниките веќе ја нормализираа својата работа согласно тоа дали даваат лекари и сестри во системот на ротација […]