Над 150 закони доставени до Собранието, дел по скратена постапка поврзани со пандемијата со Ковид-19 и законот за прекршоци


Од 1 до 8 октомври до Собранието се доставени 151 нови предлог-закони, измени и дополнувања на закони и ратификации, голем дел по скратена постапка, за која пракса забелешка беше ставена и во последниот Извештај на ЕК за напредокот на земјата. Во однос на законите по скратена постапка, бројни се усогласувања со Законот за прекршоци со […]

Филипче смени профилна, денеска со повик да не забораваме маски


Министерот за здравство Венко Филипче, откако ги најави новите мерки што ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести, со цел сузбивање на пандемијата од корона вирус, синоќа смени и профилна фотографија на Фејсбук. Тој постави фотографија со маска на лицето. Утрово пак, повикува да не забораваме, односно задолжително да носиме маски, да ги дезинфицираме […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози


Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти АМСМ. Денеска во период меѓу 12:00 и 15:00 часот, компанијата Страбаг АГ со своите подизведувачи ќе врши […]

Светски ден на поштите, писмото „Добар ден, добар човеку!“ на Јана Поповска отпатува во Берн


Писмото  „Добар ден, добар човеку!“ што го напиша ученичката Јана Поповска од ООУ „Елпида Караманди“ од Битола е првонаградено на 49. конкурс „Напиши порака на возрасен за светот во кој живееме“, што го спроведе Пошта на Северна Македонија во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на децата, како дел од активностите за одбележување на […]

Рекордните бројки новозаразени наметнаа рестриктивни мерки


Во земјава вчера беше регистриран најголем број на новозаболени од Ковид -19 од почетокот на пандемијата. За едно деноноќие имаше 364 нови случаи. Комисијата за заразни болести предложи сет на рестриктивни мерки, но засега не се размислува за воведување полициски час. Дел од мерките што ќе бидат доставени до Владата се носење на маска на […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен […]

„Васил Ѓоргов“ утре целосно затворена поради градежни активности


Градот Скопје информира дека почнувајќи од утре), по 18 часот, ќе почне гребење на асфалтниот слој на улицата Васил Ѓоргов, согласно со привремениот режим на сообраќај. Поради тоа, делови од оваа улица ќе бидат целосно затворени за сообраќај, а возилата ќе се пренасочуваат по околната патна мрежа. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во […]

Со новите тестови побрзо ќе се добиваат резултатите, лекот „Ремдесивир“ за болничко лекување, најави Филипче


Двеста и педест дополнителни термини за тестирање за Ковид-19 се пуштени и верувам дека со новите брзи тестови од 15 минути ќе се смени ситуацијата околу добивањето на резултатите од тестирањето, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. – На почетокот на минатата недела увидовме дека практично сите термини во понеделникот за цела […]

Најголем број активни случаи има во Центар – 241, следат Аеродром со 240 и Карпош со 214


Во Oпштина Центар има најголем број активни случаи со Ковид-19, чиј број денеска изнесува 241, покажуваат податоците за состојбата со Ковид-19 во земјата, што ги објави Министерството за здравство. Во Аеродром има 240 активни случаи, во Карпош – 214, Гази Баба – 140, Кисела Вода – 138, Ѓорче Петров – 104, Чаир – 72, Бутел […]

Филипче: Викендот без ДДВ не е ризик по здравјето, има протоколи


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека претстојниот Викенд без ДДВ нема да претставува ризик за ширење на коронавирусот, бидејќи има протоколи и се знае по колку лица можат да влезат на затворено, а дополнително на тоа е задолжителното носење маска и држењето дистанца. -Во таа смисла и групирањето или потенцијални поголеми групи за […]

Дури 184 од новозаразените се од Скопје, починаа тројца пациенти


Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 184 -Куманово 13 -Дебар 1 -Штип 13 -Прилеп 12 -Тетово 19 -Струга 6 -Велес 4 -Битола 10 -Охрид 4 -Кавадарци 5 -Гостивар 4 -Гевгелија 5 -Струмица 21 -Крива Паланка 5 -Радовиш 11 -Кочани 17 -Пробиштип 2 -Македонски […]

Рекордни 364 новозаболени, болниците преполни со пациенти со Ковид-19


Во текот на последните 24 часа регистрирани се 364 случаи на Ковид-19, информираше министерот за здравство, Венко Филипче, додавајќи дека во моментов има и најголем број пациенти во болница, од јуни  наваму. Починати се 3 лица: од Охрид (73), Гостивар (62) и Радовиш (72). Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти. „Есента дојде, состојбата […]

Филипче: Забрана за семејни прослави, маски и на отворено освен кога се спортува


Забрана за семејни прослави во домовите и надвор од него, задолжително носење маски, марама, шал или друго, секаде при престој на отворено, на затворено се дел од мерките кои здравствените мерки ги предлагаат како заштита од ширење на заразата од Ковид-19, по зголемувањето на дневниот број новодијагностицирани. – Забрана за семејни прослави и собири. Во […]

Дрво падна врз возило во движење кај „Зебра“, кој ќе одговара?


Утрово, врз автомобил во движење падна дрво на улицата „Васил Ѓоргов“ во скопски Капиштец, во близина на Т.Ц. „Зебра“. Добро е што во инцидентот нема повредени, затоа што дрвото паднало врз хаубата на автомобилот, па возачот останал неповреден. Сепак, возилото е значително оштетено. Овој булевар е под реконструкција од пред два дена. Поради тесните тротоари, […]

(Видео) Прес-конференција на министерот Филипче


Денеска со почеток во 14.30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. По рекордниот број заболени, министерот Филипче, по подолго време оржува прес-конференција, на која се очекува да ги соопшти официјалните бројки, но и мерките кои шланираат да се преземат за да се спречи ширењето на заразата.

Американска донација за МВР вредна 460 илјади американски долари


Во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ денеска американската амбасадорка Кејт Мери Брнз му предаде на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски донација за МВР во вредност од над 460 илјади американски долари. Како што појасни минситерот Спасовски станива збор за две донации и тоа медицинска опрема и за лична заштита за припадниците на Единицата за брзо […]

Бочварски: Напредува изградбата на автопатот Кичево – Охрид


Посериозна динамика во изградбата на автопатот Кичево-Охрид, по експропријацијата на сите делници, најавува министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Дополнителните работи со препроектирање на косините, клучки и други зафати, како што оценува, нормално дека ќе го одложат рокот за изградба, а којшто е планиран за јуни следната година. – Процентот на реализација на автопатот […]

Спасовски: Нема ситни и крупни риби, најмногу внимание треба да се посвети на високата корупција


Нема ситни и крупни риби, има оние што се криминалци и оние што не се, меѓутоа секако дека најмногу треба внимание да се посвети на високата корупција, на оние луѓе кои се вклучени во институциите на сиситемот и кои практично соработуваат со оние, што ги нарекувате ситни риби. Ова денеска го изјави министерот за внатрешни […]

Законот за попис не се враќа во владина процедура, ќе се интервенира со амандмани


Владата до Собранието испратила предлог закон за попис и тоа во идентична форма како што беше во собраниска процедура во претходниот парламентарен состав. Министерот за правда Бојан Маричиќ очекува за законот поддршка да даде и опозицијата и тој да биде донесен навреме со цел пописот да се одржи во април наредната година. Во однос на […]

Дане Талески реферираше во Комисија за надворешни работи што ќе работи како амбасадор во НАТО


Новиот амбасадор на македонија во НАТО, Дане Талески, денеска ја претстави својата платформа пред членовите на собраниската Комисија за надворешни работи. Талески пред нив рече дека со квалитет ќе го оправда членството на Северна Македонија во НАТО. Уште тројца, од 16 идни наши амбасадори рефериираа денеска пред Комисијата за надворешна политика. Планот за дипломатски активности во ОН го […]