Брзи Ковид тестови и во Велес

Трет ден преку Здравствениот дом во Велес се вршат бесплатни брзи Ковид тестови. Како што информира за МИА,Николче Димовски директор на ЈЗУ Здравствен дом тестот го работи нивна екипа на лаборанти и лекар во зградата на поранешното Основно училиште „Јордан Хаџи Константинов –Џинот“ .
 
Појаснува дека нивниот пункт  е во засебни простории од просториите за Ковид  тестирање кое од поодамна го врши медицинска екипа на ЈЗУ Центар за јавно здравје.
 
Димовски информира дека тестирањето е во терминот од 11 до 14,15 мунти, а дневно се вршат по 40 тестирања со закажување преку Мој термин од матичните лекари. Пациентот треба да го исполнува алгоритмот,односно да има симтоми на Ковид,а не повеќе од пет дена.
 

-За овие брзи тестови, резултатите граѓаните ги добиваат веднаш, а резулататите од истите се доставуваат и до матичните лекари, информира Димовски.