Млади битолчани умираат лекувајќи се сами дома од вирусот 


според планот на топлификацијата за почетокот треба да се приклучат 35 државни и општински институции во Битола кои ќе искористат една третина од капацитетот на системот

БИТОЛА – Сѐ повеќе млади битолчани се жртви на Ковид-19, кои најчесто претходно немале други хронични заболувања, но задоцнетото хоспитализирање резултурало кај нив со смртен исход. Вчерашната вест дека пациенти од Битола на 38 и 39 години починаа поради компликации од вирусот ја вознемири јавноста. Од Министерството за здравство потврдуваат дека еден од починатите речиси две недели сам се лекувал дома пред да биде хоспитализиран. Починатиот 39-годишен пациент бил поп јереј.

„Двајцата пациенти во Болницата во Битола се донесени во многу тешка состојба. 39- годишниот пациент 12 дена се лекувал сам дома, со екстремно ниска сатурација 38 проценти. Откако бил хоспитализиран веднаш бил ставен на кислородна терапија, а му била давана и интензивна терапија по протокол, но болеста прогресираше. Пациентот немал коморбидитети. 38-годишниот пациент исто бил хоспитализиран во тешка состојба со ниска сатурација 61%, со масивна бронхопневмонија и тој бил ставен на кислородна поддршка. Имал хипергликемија“, изјавија од Министерството за здравство.

Вчера во Битола во болнички услови починаа 6 лица со што бројот на починати се искачи на 87. Само во ноември се починати над 50 лица заболени од вирусот. (А.Б.)