Општина Кисела Вода продолжува со пописот на урбаното зеленило


Општина Кисела Вода продолжува со реализација на проектот за воспоставување на зелен катастар на својата територија. Со пописот на урбаното зеленило во рамки на првата фаза од проектот, во сите основни училишта и градинки на територијата на општината, и во урбаните заедници „Бирарија“, „11 Октомври – згради“ и во дел од УЗ „Цветан Димов“, беа […]

Двајца починати од Ковид-19 во велешката болница


Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти, од кои 11 се сместени на Oдделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни, а останатите потврдени позитивни. Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени, a 20 пациенти се на кислородна поддршка,информира др Весна Неделковска Николова од велешката Општа болница. […]

Официјална Виена: Самитот во Софија покажа дека Западен Балкан има еден пат – патот кон ЕУ


Самитот во рамките на Берлинскиот процес во Софија покажа дека има само еден пат за Западен Балкан, а тоа е патот кон ЕУ, рече министерката за ЕУ ​​во австриската влада, Каролина Едстадлер. Таа изјави дека договорот за заеднички регионален пазар со зелен коридор во правец на ЕУ и во однос на стандардите на Унијата, е […]

Хаг: Кадри Весели се изјасни дека не е виновен за воени злосторства


Поранешниот офицер во ОВК и лидер на Демократската партија на Косово Кадри Весели, денеска, во своето прво појавување пред Специјалниот суд за злосторства на поранешни припадници на ОВК во Хаг (чие полно име е Специјализирани совети и Специјализирано обвинителство на Косово) изјави дека не е виновен за злосторства против Албанци, Срби и Роми низ Косово […]

Десет тони медицинска помош пристигна од Обединетите арапски емирати


Десет тони помош за борбата против пандемијата предизвикана од коронавирусот пристигнаа вчера на аеродромот во Скопје. Помошта е во рамките на Емирејтс еид (Еmirates aid – Covid19 Global response) под покровителство на шеикот престолонаследник и заменик – врховен командант на вооружените сили на Обединетите арапски емирати, Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, принцот на Абу Даби, соопшти […]

Пендаровски: Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време


Создавањето на Европа обединета во мир е еден од најзначајните политички проекти на нашето време. Нашиот континент мина низ тешки периоди во кои доминираа национализми, тоталитарни идеологии, две светски војни и милиони жртви. И после сето тоа уништување и страдање, лидерите на западноевропските земји го избраа патот на градење заедничка Европа врз демократски принципи во […]

За неколку часа се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари


Сите 2.000 дози од вакцините против сезонски грип кои чинеа по 800 денари се потрошија за неколку часа откако почна вакцинацијата во Центарот за јавно здравје Скопје, изјави за МИА директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Александар Стојанов, кој рече дека чекаат да добијат уште 2.000 вакцини кои се уште не им ги испорачале. […]

Експресно исчистен кругот на болницата „8 Септември“


Откако пред два часа објавивме дека во кругот на болницата „8 Септември“ има расфрални болнички кревети, крпи, ракавици, марамчиња, делови од мијалници и друго, тревникот беше експресно исчистен. Таму каде што пациентите чекаа преглед, повеќе нема ни лисје на тревата. Контејнери и канти за отпадоци се наредени покрај ѕидот на болницата, а целата околина изгледа […]

Градоначалниците на Демир Хисар и Новаци позитивни на Ковид-19


Градоначалниците на општините Демир Хисар Марјанче Стојановски и на Општина Новаци Љубе Кузманоски ја информираа јавноста дека се инифицирани од Ковид-19 и веќе се во домашна изолација. Стојановски и Кузманоски имаат добра клиничка слика со благи симптоми предизвикани од Ковид-19, и согласно мерките за заштита од заразни болести и двајцата во наредниот период работните активности […]

Во собраниска процедура законски измени за задолжително пензионирање на 64 години


Пратеници на СДСМ во собраниска процедура го доставија Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи, кој предвидува задолжително пензионирање на 64 години возраст и 15 години пензиски стаж. -На овој начин создаваме услови за намалување на вработените во државната администрација и во јавниот сектор, но и отвораме простор за вработувања на млади […]

Вакцината против Ковид-19 кај нас во јануари или февруари


Очекувањата се дека во јануари или февруари ќе ја имаме вакцината против Ковид-19 согласно сегашната динамика на одвивање на работите, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. И втората компанија после „Астра Зенека“ и компанијата „Фајзер“, посочи министерот, аплицираше да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови. Појасни дека вообичаено тоа е процедура […]

Со брзите тестови значајно се олеснува пристапот, дневно се прават од 300 до 500, вели министерот за здравство


Од вчера почна тестирањето во шест пунктови (во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Ченто“, „Бит Пазар“ и „Млин Балкан“) со брзите тестови во Здравствениот дом Скопје. Има соодветен систем за закажување преку матични лекари заради тоа што брзите тестови имаат своја индикација односно може со нив да се тестираат пациенти кои се во рамките […]

Ужасна слика од кругот на „8 Септември“ во состојба на епидемија


Расфрлани кревети, носилки, „чизма“ од мијалник, медицински ракавици, зелена медицинска крпа, марамче, но и нешто запалено во кругот на болницата „8 Септември“ во Скопје е моменталната слика за болничката институција каде се лекуваат болни од Ковид-19. Во неа, според последниот извештај на Министерството за здравство се лекуваат 79 пациенти, од кои пет се на респиратор. […]

Филипче: Смртноста насекаде е голема, хроничните болни може да останат дома


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека за секоја форма на болеста Ковид-19 има соодветна препорака и оти матичните лекари добро знаат кои пациенти треба да се третираат дома, а која е индикацијата за едно болно лице да се смести во болничка установа. – Смртноста насекаде е голема. Огромен број на смртни случаи во […]

Филипче: Нема потреба од полициски час ако се почитуваат мерките


Засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со вчерашната одлука на Владата е […]

До викендот суво време со магла по котлините


До викендот продолжува периодот на претежно стабилно и суво време со магла по котлините. Не се очекуваат поголеми промени на температурата. Веќе в петок и во сабота попладне синоптичарите најавуваат слаб локален дожд во западните делови. Утринските температури ќе бидат под и околу нулата, а дневните ќе достигнат и до 20 степени.

Матурантите да пријават проекти, ќе се полага во јуни 2021 година


Министерството за образование и наука информира дека годинава државната матура ќе се одржи во предвидениот законски рок, односно јуни 2021 година. Полагањето на државната матура е обврска утврдена со Законот за средно образование и се спроведува според Правилникот за полагање испити од државната матура. Учебната 2020/2021 година се одвива успешно согласно планот и програмата, а […]

Царовска : Училиштата не се трансмитери на вирусот и засега остануваат отворени


Сите мерки кои ги спроведовме ценам дека се добри и го дадоа очекуваниот ефект. Се почитуваат правилата и можеме да констатираме дека училиштата не се трансмитери на вирусот. Имаме помалку од еден процент заразени ученици и наставници во училиштата. Така што, сега засега тие остануваат отворени за учениците од прво до трето одделение и за […]

Влез во Македонија, Србија и Албанија без ПЦР-тест и бесплатно лекување на болни од Ковид-19


Граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе можат да ги минуваат границите и без ПЦР-тест, а доколку државјанин една од трите земји поради Ковид-19 се најде во болница, државата во која се наоѓа ќе ги преземе трошоците за лекување. Ова, меѓудругото, е предвидено во Меморандум за соработка во услови на Ковид-19, кој вчера го […]

Почнува вакцинацијата против сезонски грип


Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираа за МИА од Здравствен дом […]