Нови 447 случаи на Ковид-19, 10 починати и 331 оздравен пациент

Фото: Б. Грданоски

Во последните 24 часа од направени 2.543 тестирања регистрирани се 477 нови случаи на Ковид-19, 10 починати лица на возраст од 47 до 88 години, сите починати во болнички услови и 331 оздравен пациент, информира Министерството за здравство.

Бројката на нови инфекции изнесува 18,7 отсто од тестираните, што е во рамките на просекот од последните денови. Од новозаразените 221 се од  Скопје, 27 од Куманово, Дебар – 1, Штип – 13, Прилеп – 24, Тетово – 12, Струга – 3, Велес – 7, Битола – 15, Охрид – 17, Кавадарци – 20, Гостивар – 18, Гевгелија – 5, Струмица – 20, Крива Паланка – 6, Радовиш – 6, Крушево – 5, Кочани – 4, Пробиштип – 3, Македонски Брод – 2, Пехчево – 3, Берово – 7, Валандово – 2, Виница – 4, Делчево – 8, Кратово – 2, Свети Николе – 3, Кичево – 7, Ресен – 10 и Неготино – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 331 оздравени пациенти од: Скопје – 26, Куманово – 23, Дебар – 8, Штип – 1, Прилеп – 21, Тетово – 14,  Струга – 18, Велес – 9, Битола – 15,  Охрид – 21, Кавадарци – 16, Гостивар – 3, Гевгелија – 4, Струмица – 7, Крива Паланка – 14, Радовиш – 3, Крушево – 2, Кочани – 5, Пробиштип – 1, Валандово – 2, Виница – 2, Кратово – 2, Свети Николе – 1, Кичево – 1, Ресен – 3, Неготино – 9.

Починати се 10 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 47 и 83), еден од Прилеп (77), еден од Тетово (50), еден од Струмица (88), еден од Битола (61), еден од Гостивар (80), еден од Гевгелија (60) и еден пациент од Пробиштип (66). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 87.590, бројката на оздравени пациенти е 68.695, на починати е 2.657, а бројот на активни случаи изнесува 16.238. Од вчера се евидентираат четири контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 37.967, активни 9.963
• Куманово 4.939, активни 476
• Дебар 695, активни 139
• Штип 3.405, активни 199
• Прилеп 4.416, активни 350
• Тетово 4.907, активни 698
• Струга 2.106, активни 176
• Велес 2.895, активни 385
• Битола 3.138, активни 368
• Охрид 2.603, активни 415
• Кавадарци 2.337, активни 483
• Гостивар 3.497, активни 448
• Гевгелија 1.230, активни 211 (81 лице од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 210 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 2.430, активни 446
• Крива Паланка 694, активни 105
• Радовиш 661, активни 76
• Крушево 181, активни 28
• Кочани 1.667, активни 157
• Пробиштип 470, активни 35
• Демир Хисар 238, активни 29
• Македонски Брод 234, активни 16
• Пехчево 172, активни 29
• Берово 554, активни 70
• Валандово 323, активни 34
• Виница 472, активни 67
• Делчево 698, активни 219 (188 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 205, активни 16
• Свети Николе 1.057, активни 68
• Кичево 1.630, активни 185
• Ресен 680, активни 119
• Неготино 1.089, активни 228 (173 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2.543 теста се преку: ИЈЗ-478, ЦЈЗ Скопје-80,  Авицена-303, Биотек-213, МАНУ -117,  Жан Митрев (Филип Втори)-145, Систина со PCR метода -260, лабораторија Лаор –88, Судска медицина-4, ЦЈЗ Битола-67, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-39, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -694, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 423.696 тестирања на Ковид -19.