Поставено ново ЛЕД енергетски ефикасно улично осветлување во Дебар Маало

Општина Центар продолжува со замена на старото и дотраено улично осветлување, како и поставување на нови улични светилки на улиците на територија на општината.

Во населбата Дебар Маало, на улиците „Коле Неделковски“, „8 Март“ и „Наум Наумовски Борче“ отстранети се бандерите кои го попречуваа движењето и поставени се нови ЛЕД светилки, кои значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија.

Откако кабловските оператори ги симнаа каблите од бандерите под земја на овие улици вклучително и на „Орце Николов“, како дел од последните подготовки за првата фаза на реконструкцијата на улицата, дрвените бандери се отстранети, јавниот простор е ослободен за движење и општината постави ново улично осветлување.

Поставувањето на новото енергетски ефикасно и еколошко ЛЕД осветлување, Општина Центар презема уште еден чекор кон креирање на подобри услови за живот во современа и урбана општина.