Во општина Карпош се распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места


Зимската служба на Општина Карпош распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Бардовци, Жданец и Трнодол). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.

– Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони, информираа од Општина Карпош.

Од Општина Карпош  наведоа дека се во постојана комуникација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

– Во консултација со стручните лица од оваа институција, се преземаат превентивни активности за полесно справување со најавениот снег. Имено, денеска се очекуваат снежни врнежи во попладневните и вечерни часови, а поинтензивни врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден (од 2 до 5 cm во скопската котлина). Намерата на локалната самоуправа е примарно да се исчистат повисоките места (населби), како и да се обезбеди безбедно движење на граѓаните по пофреквентните зони, посочија од општината.