Спасовски: Солидарноста за обнова на Скопје водилка и за предизвикот од КОВИД-19


 Приципот на солидарност за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 останува да ни биде водила и во оваа здравствено-економска предизвикана од КОВИД-19, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес кој, како што вели, е запишан како еден најтешките и најтажните денови во историјата …

Спасовски: Солидарноста за обнова на Скопје водилка и за предизвикот од КОВИД-19 Read More »

Заев: Скопје стана симбол на несебична поддршка и на заедништво


Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од денот на катастрофалниот земјотрес напиша дека 26 јули 1963 година е денот чија зора наместо будење, нов ден и нова надеж за Скопје и скопјани донесе траор, плач, неверување и 1.070 погинати сограѓани. -57 години после катастрофалниот земјотрес, споменот за …

Заев: Скопје стана симбол на несебична поддршка и на заедништво Read More »

Во манастирот Св.Јоаким Осоговски синоќа се одржа наречението за епископ Григориј


Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка синоќа се изврши наречението за епископ на архимандрит Григориј, игуменот на Осоговскиот манастир. Наречението беше извршено во присуство на митрополитот охридско- македонски, г.г. Стефан и архијереите од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, свештеници од кумановско – осоговската епархија, градоначалниците на општините од Североисточниот регион и голем …

Во манастирот Св.Јоаким Осоговски синоќа се одржа наречението за епископ Григориј Read More »

Намичева: Старата железничка станица ќе биде вклештена помеѓу неонските реклами


Скопје е денес град во кој е ампутиран најголемиот дел од неговата архитектонска физиономија градена со столетија. Град кој, за жал, приличи на детските боенки каде еден нацртал глава од слон, а другиот додал тело од зебра, вели во интервју за „Независен“, Јасминка Намичева, кустос- советник и архитект во Музејот на град Скопје, на 57-годишнината …

Намичева: Старата железничка станица ќе биде вклештена помеѓу неонските реклами Read More »

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на земјотресот што однесе над 1000 животи


Солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме, напиша утрово на својот Фејсбук профил претседателот на државата, Стево Пендаровски, потсетувајќи се на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година. -Секој #26јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот …

Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на земјотресот што однесе над 1000 животи Read More »

Скопје одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес


Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Оваа година, поради специфичната состојба со пандемијата на Ковид-19, сите активности ќе се организираат согласно строгите протоколи за вакви настани на Владата и Министерството за здравство. Цвеќе пред …

Скопје одбележува 57 години од катастрофалниот земјотрес Read More »

Пет месеци Ковид-19 во земјава: вирусот потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа


По точно пет месеци откога во земјава беше регистриран првиот случај на КОВИД-19 – на 26 февруари кај жена која допатува од Италија, опасниот вирус досега е потврден кај 9934 луѓе. Од нив, излекувани се 5357, активно болни се 4117, а починаа 460 пациенти. Во овој месец беа негативните рекорди на заразени и починати од …

Пет месеци Ковид-19 во земјава: вирусот потврден кај 9934 луѓе, од нив 460 починаа Read More »

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, информираат од УХМР. Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 14 до 21, а највисоката температура ќе достигне од 29 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има …

Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер Read More »

Шилегов: Скопје 2014 не смее да го уништи неуништеното од земјотресот


Со изложбата „Скопска алеја на меѓународната солидарност“ во организација на Музеј на Град Скопје, се одбележа 57 годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови. Изложбата се одржа во Градскиот парк, а пред присутните се обрати градоначалникот …

Шилегов: Скопје 2014 не смее да го уништи неуништеното од земјотресот Read More »

Дојде крај на проблематичната пржинска влада


Техничките и дополнителните министри од ВМРО-ДПМНЕ , кои беа дел од таканаречената Пржинска влада, од денес си заминуваат. Останува само премиерот Оливер Спасовски за да обезбеди континуитет додека не се избере новата. Прв функцијата ја напушти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев. Тој денеска функцијата му ја предаде на Агим Нухиу, кој е старо – …

Дојде крај на проблематичната пржинска влада Read More »

Борис Стојменов ја обвини Општина Центар дека му бара мито за ТЗЗ „Плаза“, Богдановиќ бара извинување


Инцидент во строгиот центар на Скопје се случи денес откако на градилиштето кај ТЗЗ „Плаза“ (поранешно „Беко“), интервенираа полиција и градежен инспектор на Општина Центар кои спречија градежни работници да продолжат со градба на објектот за кој општината тврди дека нема соодветна документација. На градилиштето беше присутен и сопственикот на локацијата екс министерот за финансии …

Борис Стојменов ја обвини Општина Центар дека му бара мито за ТЗЗ „Плаза“, Богдановиќ бара извинување Read More »

Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје


Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје – на мерната станица Зајчев Рид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за мерењата на наврнат воден талог до 17 часот. Нестабилна облачност која наместа беше проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер почна да се развива околу пладне …

Во Штип за девет часа наврнале 19 литри дожд на квадратен метар, пет во Скопје Read More »

Вирусот во Битола се шири со геометриска прогресија


Короната прави кластери во текстилна фабрика, комунално претпријатие, приватни фирми, меѓу медицински лица, невработени и пензионери   БИТОЛА – Со геометриска прогресија расте бројот на заразени од Ковид-19 во Битола, односно за многу кус период се удвои бројот на позитивни случаи. Само во последните две недели регистрирани се 42 нови случаи, што е 38,5 проценти …

Вирусот во Битола се шири со геометриска прогресија Read More »

Во среда онлајн самит на Атланскиот совет за Западен Балкан, најавен и Пендаровски


Во среда на 29 јули ќе се одржи онлајн самит на кој ќе учествуваат високи претставници од земјите од Западен Балкан, најави Атлантскиот совет на официјалната интернет страница. На самитот, како што е најавено, ќе учествува и македонскиот претседател Стево Пендаровски, потоа премиерот на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах …

Во среда онлајн самит на Атланскиот совет за Западен Балкан, најавен и Пендаровски Read More »

Нови 137 случаи со Ковид-19, починаа деветмина


Во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 60 -Куманово 13 -Дебар 5 -Штип 16 -Прилеп 3 -Тетово 7 -Струга 1 -Велес 3 -Битола 5 -Охрид 1 -Гостивар 11 -Кочани 1 -Пробиштип 1 -Демир Хисар 1 -Виница 1 -Свети Николе 3 -Кичево 5 Починати се …

Нови 137 случаи со Ковид-19, починаа деветмина Read More »

Попладне и во вечерните и ноќни часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


УХМР за попладнево и за вечерните и ноќни часови најавува развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Чулев замина, Нухиу стана министер за внатрешни работи 


Досегашниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денеска  официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Агим Нухиу, кој како кадар на ДУИ беше негов заменик во МВР. – По денешното примопредавање на должноста, согласно со постојните законски одредби, Нухиу ќе раководи со Министерството до изборот на нова Влада на Република Северна Македонија, …

Чулев замина, Нухиу стана министер за внатрешни работи  Read More »

Недемократските тези и популистички изјави може да го отежнат стартот на преговорите со ЕУ, предупредува Советот на амбасадори


Советот на амбасадори одлучно е против настапите на поедини партиски челници со популистички изјави и услови во предвечерјето на официјални разговори за идната коалициона влада и предупредува дека недемократски тези можат повторно да ги забавуват процесите и да го отежнуваат стартот на преговорите со ЕУ. Во соопштение во пресрет на процесот на формирање коалициона влада, …

Недемократските тези и популистички изјави може да го отежнат стартот на преговорите со ЕУ, предупредува Советот на амбасадори Read More »

Населението во Македонија се повеќе старее


Според процената на населението, на крајот на минатата година во земјава имало 2. 076.255 жители, што е за 7.083 лица повеќе во однос на 2014 година и 23.533 лица повеќе во однос на 2009 година. Во периодот од 2009 до 2019 година, се забележува континуирано зголемување на доселените странци. Податоците на Државниот завод за статистика …

Населението во Македонија се повеќе старее Read More »

Намален бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче во објава на Фејсбук посочува дека процентот на хоспитализирани лица заболени од Ковид-19 во изминативе две недели е намален за речиси два процентни поени. – Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со Ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси два проценти, односно од 11,5 …

Намален бројот на пациенти со Ковид-19 во болниците во Скопје Read More »