Во манастирот Св.Јоаким Осоговски синоќа се одржа наречението за епископ Григориј


Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка синоќа се изврши наречението за епископ на архимандрит Григориј, игуменот на Осоговскиот манастир.
Наречението беше извршено во присуство на митрополитот охридско- македонски, г.г. Стефан и архијереите од Македонската православна црква – Охридска архиепископија, свештеници од кумановско – осоговската епархија, градоначалниците на општините од Североисточниот регион и голем број верници.
По наречението беше отслужена Воскресна вечерна литургија.
Денеска на празникот посветен на архангел Гаврил, во соборниот храм „Св. Николај Чудотворец” во Куманово со служење Света Божествена литургија, епископот Григориј ќе биде хиротонисан за епископ сарандопорски.