Во среда онлајн самит на Атланскиот совет за Западен Балкан, најавен и Пендаровски


Во среда на 29 јули ќе се одржи онлајн самит на кој ќе учествуваат високи претставници од земјите од Западен Балкан, најави Атлантскиот совет на официјалната интернет страница.

На самитот, како што е најавено, ќе учествува и македонскиот претседател Стево Пендаровски, потоа премиерот на Албанија, Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти, како и Зоран Тегелтија, претседател на Советот на министри на Босна и Херцеговина и Драгица Секулиќ, министер за економија на Црна Гора.

Целта на самитот е да се олесни и и да се промовираат конкретни чекори кон регионална економска интеграција, што може да го стимулира економското закрепнување по пандемијата на корона вирусот, да се зајакне долгорочната конкуренција и да се привлечат инвеститори, наведуува Атлантскиот совет.

Очекуваните економски и социјални влијанија од пандемијата со Ковид -19 врз Балканот бараат итна регионална акција за да се избегне економска стагнација и потенцијална нестабилност. Овој договор ќе демонстрира посветеност на водачите за поттикнување на економскиот развој преку слободно движење на стоки, луѓе и услуги преку границите на регионот. Мерката исто така ќе постави значаен план за привлекување странски инвестиции и забрзување на ефикасното распоредување на фондовите за закрепнување од Ковид -19, се вели во најавата за онлајн самитот на Атланскиот совет, американска непартиска организација која го галванизира глобалното лидерство на САД и партнерството со сојузниците и партнерите.