Сончево и топло, од утре дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб …

Сончево и топло, од утре дожд Read More »

Децата порачаа: Сакаме воздух! – Најброен протест против Вардариште


Со транспарнети во рацете, свирежи и повик за чист воздух и вечерва се одржа протест на жители на Аеродром, кои бараат што поскоро да се реши проблемот со Вардариште, кое постојано им ја труе населбата.  „Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината.  Децата …

Децата порачаа: Сакаме воздух! – Најброен протест против Вардариште Read More »

„Дрисла“ нема ограда, имало три неуспешни обиди за потпалување


Полицијата ќе испитува дали вработени во „Дрисла“ или пак надворешни лица имаат удел во пожарот што веќе неколку дена гори на депонијата, најави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој информира дека до вечерва, а најдоцна утре ќе биде затрупана со земја …

„Дрисла“ нема ограда, имало три неуспешни обиди за потпалување Read More »

Претседател на Управниот одбор на „Дрисла“ е Даме Димитровски, советник на премиерот


  СДСМ денеска преку соопштение нагласи дека со Дрисла (која деновите со чад и миризба го труе половина Скопје) управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ „Даме Димитровски, актуелниот советник на Христијан Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/  Претходно ВМРО-ДПМНЕ …

Претседател на Управниот одбор на „Дрисла“ е Даме Димитровски, советник на премиерот Read More »

Шукова предлага формирање натпартиски стручен штаб за Дрисла, чадот е закана за целиот град


Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град. Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие …

Шукова предлага формирање натпартиски стручен штаб за Дрисла, чадот е закана за целиот град Read More »

МАПАС во Градски парк по повод Денот за пензиска свесност: Информирање, забава и награди за присутните


Во рамки на одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, на 14 септември (недела) од 11:00 до 13:30 часот, во вториот дел на Градски парк (спроти паркот за кучиња), ќе одржи настан на кој сите граѓани ќе имаат можност да се информираат за своите …

МАПАС во Градски парк по повод Денот за пензиска свесност: Информирање, забава и награди за присутните Read More »

И од „Дрисла“ се сомневаат дека политички мотивирано е потпалувањето на пожарите


„Дрисла“ е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување. (Од каде им се купиштата ѓубре во околината?) – Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата …

И од „Дрисла“ се сомневаат дека политички мотивирано е потпалувањето на пожарите Read More »

Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи


Под влијание на циклонска активност во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 25 l/m²) и засилен ветер. Во понеделник ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над …

Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи Read More »

В сабота во Кочани нема да се одржи „Марш за ангелите“


Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 Кочани“ соопшти дека во сабота, 13 септември 2025 година, нема да се одржи редовниот „Марш на Ангелите”.   – На овој ден ќе биде извршен црковен помен на вечните почивалишта, по повод навршувањето шест месеци од трагичната смрт на нашите деца, се наведува во објавата на здружението.

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем


Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава со околу 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и странство. Во своето обраќање, министерот Алиу посебно се осврна на дигиталното …

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за подобар здравствен систем Read More »

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски


  Утрово Скопје се разбуди под густ бел покривач од чад. Или од магла. Додека граѓаните чувствуваа смрдеа, повторно мирис на пластика, чад и гуми, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, уверуваше дека тоа е редовна појава од магла во Ново Лисиче и делови од Аеродром, што се случува на почетокот на …

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски Read More »

Делови од Скопје обвиени во магла и со високо загадување од ПМ честички


Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро,  вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Иако уште вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот …

Делови од Скопје обвиени во магла и со високо загадување од ПМ честички Read More »

Дел од општините Аеродром и Центар без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9.  Поради изведување водоводен …

Дел од општините Аеродром и Центар без вода Read More »

Променливо облачно, до 33 степени


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб …

Променливо облачно, до 33 степени Read More »

Астрономски календар


 Денеска е петок, 12 септември 2025 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 18 часот и 48 минути. Денов трае 12 часа и 37 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина, нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Утре и в сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година  терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:   1.Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива …

Утре и в сабота ќе се прска против комарци во Скопје Read More »

Обединетата македонска дијаспора ги објави добитниците на признанието „40 под 40“ за 2025 година


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги објави добитниците на признанието „40 под 40“ за 2025 година. Иницијативата „40 под 40“ ги слави многуте достигнувања на младите Македонци ширум светот кои имаат значајно влијание во своите заедници и професии. Со овогодинешната листа, ОМД им оддаде почит на вкупно 320 поединци од македонско потекло низ целиот свет од …

Обединетата македонска дијаспора ги објави добитниците на признанието „40 под 40“ за 2025 година Read More »

Против Вардариште денеска се маршираше од мостот до Општината (видео)


Со транспаренти, мегафон и многу побројни од претходните денови, жители на Аеродром и Ново Лисиче, денеска повторно излегоа да го изразат своето незадоволство од загадувањето на нивната општина што доаѓа од Вардариште.  Присутните на протестот ги потсетија надлежните дека истиот воздух го дишат и тие и дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој …

Против Вардариште денеска се маршираше од мостот до Општината (видео) Read More »

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести


Mетанот и другите штетни гасови кои се испуштаат во услови на чад или пожар, покрај негативните ефекти кои ги имаат врз белите дробови, навлегуваат во крвта, па прават оштетувања во крвниот систем, односно го пометуваат хематолошкиот систем, предизвикуваат анемии, срцеви болести. На ова предупредува професорот по здравствена екологија, проф. д-р Драган Ѓорѓев, откако веќе со …

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести Read More »

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“ – вонреден надзор на „Дрисла“


Донесена е забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а надлежен за оваа проблематика е првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Како што информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, …

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“ – вонреден надзор на „Дрисла“ Read More »