Рециклирање отпад во училиштата во Карпош по нов тајминг


Од основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, Општина Карпош ја обновува идејата за повторно рециклирање на отпад: пластика, хартија и батерии, во сите десет основни училишта на нејзина територија. Активностите за рециклирање на отпад, општината ги спроведува во партнерство со организациите „Пакомак“ и „4 SELECT“. Од општинската прес-служба информираат дека сите образовни установи се опремени […]

УХМР најавува снег, мраз и ниски температури


Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а […]

Галопира бројот на пријавени за вакцинирање – утрово стигнал до 20.000


„Од вчера околу 20.000 граѓани изразиле желба за пријавување на сајтот за вакцинација“, изјави Жаклина Чагоровска од Националниот електронски систем – „Мој термин“ за емисијата „Студио 10“. Околу проблемот со сајтот, таа вели дека кога отишол во продукција, големата заинтересираност од граѓаните придонела за паѓање на сајтот за пријавување. „Процесот ни направи проблемит при добивањето […]

Иванов се брани: Не знаел дека ќе има упад во Собранието


Како тогашен претседател на државата од ниту една служба немаше информација за најава на организиран влез на толпата во Собранието на 27 април 2017 година, изјави поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов сведочејќи на денешното судење за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Прашан дали како поранешен претседател на државата имал […]

Маричиќ: Интензивно работиме на дигитализацијата на судството


Пандемијата со Ковид-19 е катализатор на процесот на дигитализацијата на судството, истакна министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на V-та Меѓународна судска конференција на тема „Судството во состојба на пандемија“, соопшти Министерството за правда. Според Маричиќ, и покрај бројните прашања кои се појавија по објавувањето на концептот за дигитализација на правосудството, Министерството за правда […]

За 600 места за полицајци конкурирале 2.964 кандидати


Вкупно 2.964 кандидати се пријавиле за полициски службеници на последниот јавен конкурс на МВР објавен во декември лани, на кој треба да се вработат 600 полицајци. Од пријавената бројка 2.365 се мажи, а 599 се жени, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска  го посети Центарот за обука во Идризово каде почна процесот на […]

Без струја утре повеќе делови од Скопје


Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Сарај, Карпош и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје. Во периодот од 8 до 15 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков“, броеви 25, 27, 29, 31 […]

(Во живо) Прес на Оливер Спасовски


Центар за обука – селекција на кандидати за полицајци. Прес-конференција на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Проследете ја во живо:

Силен ветер корнеше дрвја низ Битола


Силниот ветер што дуваше во текот на целата ноќ  во Битола, корнеше дрвја во Градскиот парк и старата битолска касарна.  Низ улиците летаа гранки, искинати кабли, а на булеварите  има и превртени контејнери. Ветрот беше со над 80 километри на час, а на моменти имаше и посилни удари, па битолчани ги остави без сон. (А.Б.)

Поројни врнежи и ветер од 70 километри на час


Времето денеска ќе биде облачно, со пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен. Ќе дува и силен ветер од преку 70 километри на час. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 8 до 15 степени. Како што информира УХМР, претпладне ќе дува умерен до засилен ветер […]

Одложено е примопредавањето на донацијата вакцини од Србија, потребна е дополнителна документација


Заради неопходна дополнителна техничка документација се одлага примопредавањето на вакцините од Србија за Северна Македонија, соопштија доцна вечерва од кабинетот на српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Примопредавањето на вакцините ќе биде реализирано во наредните денови. Првично беше договорено примопредавањето на донацијата на вакцини од Србија да се изврши во текот […]

За вакцинирање против Ковид-19 веќе се пријавиле 8.000 граѓани


Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8.000 регистрирани граѓани! – напиша министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил.    „Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот ‘Мој термин’ и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот […]

МЗ: Граѓаните кои ќе се регистрираат за вакцина нема потреба да го информираат матичниот лекар


Министерството за здравство информира дека пуштена e во употреба веб-страницата „Vakcinacija.mk“ (https://vakcinacija.mk/) на која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против КОВИД-19. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да прими вакцина против корона вирусот може да се пријави на веб-страницата.   – Граѓаните потребно е да ја пополнат апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација […]

Попладнево повторно сообраќа воз од Скопје за Кочани


Патничкиот воз од Скопје преку Велес и Штип за Кочани по два дена прекин, попладнево од 15:20 часот повторно тргна од Скопје, помина низ Велес, и е на пат за Кочани, информираат од раководниот тим на Железничката станица во Велес. -Возот два дена не сообраќаше, откако во понеделникот во 17:20 часот, пред Овче Поле, на […]

Ноќеска повремени врнежи, од утре пороен дожд и силен ветер


УХМР за утре најавува пороен дожд кој некаде ќе надмине 20 литри на метар квадратен и силен ветер од преку 70 километри на час. Во наредните денови се очекува и заладување поради продор на студена воздушна маса. Облачноста ќе почне да се зголемува уште денеска, во вечерните часови, почнувајќи од запад, а во текот на […]

Османи од Луксембург: Поддршката од пријателите е мотив да работиме посветено на реформите


Поддршката од нашите пријатели претставува мотив уште понапорно и посветено да работиме на нашето реформско досие, се до конечната цел полноправно членство во ЕУ, изјави денеска во Луксембург шефот на дипломатијата Бујар Османи за време на средбата со неговиот домаќин, луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил, Жан Аселборн. Двајцата министри, […]

Новозаразени се 389, починаа четворица, а оздравеа 998 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 389 нови случаи на Ковид-19 во:   -Скопје 140 -Прилеп 34 -Кавадарци 33 -Куманово 21 -Велес 20 -Охрид 15 -Делчево 14 -Битола 13 -Тетово 12 -Струмица 12 -Неготино 11 -Штип 10 -Гевгелија 8 -Гостивар 6 -Берово 6 -Свети Николе 4 -Крива Паланка 4 -Кратово […]

Во Карпош засадени 60 ореви


Комуналните служби на Општина Карпош засадија 60 ореви во дворовите на повеќе градинки и основни училишта. Дворовите на воспитно – образовните установи   се лоцирани внатрешно меѓу населбите. На овој начин, со садењето на овие висококвалитетни дрвја уште повеќе се зголемува меѓублоковското зеленило. Со денешната акција беа опфатени градинките: „Мајски цвет“ (Тафталиџе 2), како и […]

Од Чаир и Бит Пазар подигнати 172 непрописно паркирани автомобили


Во последниве три месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ имаат санкционирано и подигнато 172 возила од територијата на Чаир и Бит-пазар. Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните  возила на јавните површини и прават прекршоци по основ на паркирање на коловоз, […]

Скопските улици и плоштади ќе се одржуваат чисти со десет нови машини


За одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини ЈП „Комунална хигиена“-Скопје набави специјални машини, кои денеска ги промовира, за сите скопски општини. Станува збор за машини со вшмукувачки систем составен од вакуумски вентилатор со контрола на бројот на вртежи од кабината и можност за хидраулично активирано истурање на отпадот, опремени со резервоар за вода […]