Заев останува на ставот за Пауновски, но ќе ја прими петицијата од вработените во ДПИ 26/04/2021 15:34 Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски беше писмено известен за сите детали и информации во врска со оправданоста и начинот на распределбата и за тоа дека не ја почитува законската обврска за преземање на дел од нераспоредените административни службеници. Нема никакви предрасуди во нашето постапување, се работи за ефикасност и хиерахиска поставеност во нашиот систем, изјави премиерот Зоран Заев и најави дека пред утрешната седница на Влада, ќе има средба со инспекторите, со цел да ги сослуша за нивната петиција против разрешување на Пауновски. Премиерот рече дека нема никакви предрасуди во постапувањето и оти ќе ги слушнат сите аргументи, вклучително и на вработените во ДПИ. – Состанокот е да се слушнат нивните аргументи. Јасно ги знам прописите, правилата и етичкото постапување и јасно знам каде сака оваа Влада да стигне во својата поставеност, но секако не се сметаме за најпаметни и најинформирани. Сакаме да има ред и поредок и сакаме да се почитува законот – за распределба на овие вработени, за Влада и хиерархиската поставеност и етичкиот однос, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали на утрешната владина седница ќе биде разрешен директорот Пауновски. Се работи за добар јавен службеник, рече Заев, но нагласи дека нема да дозволи инаетење со претпоставени и неспроведување на законите. – Апсолутно нема да дозволам неовозможување на нормалното поставување на целиот владин систем во оваа многу значајна постапка, по едно децениско прашање. Верувајте има причина за ваквиот наратив и поставеност, а тоа е ефикасност и хиеархиска поставеност во нашиот систем, рече Заев. Тој нагласи дека се работи за почитување на закон, согласно кој би требало да се изврши распределба на вработените од К-5 програмата. – Јас сум еден од предлагачите, а Владата е таа што именува и разрешува функционери. Претседателот на Владата е со гласови еден или прв меѓу еднаквите во целиот владин состав, посочи Заев. Премиерот појасни дека директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е детално информиран за неговото непостапување и оти тој во април добил допис од Министерствата за политички системи и информатичко општество и администрација, но дека не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици. – Сите институции имаа целосен и детален увид во планот за распределба кој содржи податоци за сите вработени кои треба да бидат преземени и распоредени, податоци за нивото на работното место, на тековното вработување, податоци за стекнатото образование, како и називот на институцијата во која се презема вработениот. Според планот, ДПИ треба да преземе 32 вработени од кои 29 на работно место помлад соработник и тројца на работно место помлад референт, изјави Заев. Од увидот на образовниот профил на лицата кои се опфатени во планот за распределба, тој рече дека е утврдено дека 24 вработени кои треба да бидат преземени на работни места од категорија помлад соработник ги исполнуваат општите посебните услови односно условот, видот на образование да биде соодветен на описот на работното место. – Ова значи дека овие лица може да бидат преземени како административни службеници. Членот 5 од Законот за преземање на административни службеници, вработени преку К-5 програмата во МПС и односи меѓу заедниците е донесен во декември 2020година. Утврдува истиот закон дека раководните лица во институциите се должни да ја започнат постапката за усогласување на актите за систематизација на работните места со одредбите од овој закон во рок до 30 дена од денот на усвојување на планот за преземање. Ова го прифатија 237 институции, рече Заев. Со процесот на распределбата, Заев нагласи дека се решава децениски проблем и тоа го знаат сите, а преземањето на вработените нема финансиски импликации врз буџетот од причини што станува збор за вработени за кои веќе се обезбедени финансиски средства. Поврзани содржини Со современ потпис на 26 ракотворци, почнува Есенскиот базар во Скопје Сити мол 09/10/2026 11:10 Од “Питијада”до “Дипломатско котле” и гастрономски мастер-класови: Велес ги спојува традицијата и светската кујна 09/10/2026 10:10 Волонтери од ТАВ Македонија и ТАВ Аеродроми подготвија 170 пакети со храна за бездомни лица во рамки на иницијативата „ТАВ Готви“ 09/10/2026 10:10 Карпош отстранува стари возила 09/10/2026 09:10 Во функција еден комјутерски томограф на Клиника, се повикуваат пациенти 09/10/2026 09:10 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд 09/10/2026 07:10 Делови од општините Аеродром и Кисела Вода без струја 09/10/2026 07:10 Плочник во сабота станува место за одржлива мода со над 90 изложувачи и 10 организации 08/10/2026 21:10 Најчитани БГНЕС: Мицкоски направи историски гаф, ги помеша датумите за враќањето на Гоце Делчев 03/10/2026 15:36 Мицкоски: Не сум задоволен од пораките на Лајен 04/10/2026 10:42 Патетика од Бугарија: Македонските функционери ќе мораат да му се поклонуваат на Самоил кога ќе одат во Софија 03/10/2026 13:08 Кос му предложи на Советот на ЕУ да ги укине ветата во процесот на проширување 06/10/2026 17:40 Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер влезе во надзорниот одбор на рускиот огранок на „Глобус“ 02/10/2026 17:30 Украина поставува услов за членство во ЕУ со Брисел. „Не можеме да се согласиме со тоа“ 06/10/2026 20:53