Нема скриена агенда во пописот, не е доцна сите партии да се вклучат во неговото спроведување, вели Маричиќ


Владата нема никаква скриена агенда во пописот, а неговата политизација и форсирањето негативна кампања, може само да креира тензии, рече вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во гостувањето на ТВ Сител, тој испрати порака до сите граѓани и политички партии, дека не е доцна да се вклучат во спроведувањето на пописот, зашто, како што истакна, […]

(Галерија) Како протестот за „Монструм“, најавен како мирен, се претвори во насилен


Беше најавен како мирен протест против пресудата за случајот „Монструм“. Така и почна, иако на моменти имаше провокации – обид за пробивање на полицискиот кордон, лепење плакати на штитовите и клоцање… Кога многумина мислеа дека така и ќе заврши и дека учесниците ќе заминат, прерасна во насилни демонстрации со фрлање камења врз органите на редот […]

Спасовски: Истрагата мора да покаже каде е пропустот и дали некој помагал на Мијалков


Истрагата во овој дел за случајот со Сашо Мијалков мора да покаже за тоа каде е пропустот, во кој дел од системот и системот да се консолидира за да не ни се повторуваат вакви настани во иднина. Истрагата мора да покаже дали некој помогнал и кој е тој и да се види каде е проблемот […]

Заврши протестот за „Монструм“, осуди за нападите врз полицијата и новинарите


Учесниците во денешниот протест за „Монструм“, но и полицајците се повлекуваат од локацијата на Бит Пазар. До тука стигнаа демонстрантите, кои по полициска проценка за можни инциденти беа спречени да ја поминат претходно планираната маршрута – од паркот во Чаир, кон судовите, па до Владата, каде првично планираа да дадат изјави. Ситуацијата во моментов е […]

Нови 554 заразени со корона вирус, починаа осум пациенти


Во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 258 -Кавадарци 51 -Прилеп 41 -Куманово 25 -Неготино 22 -Охрид 18 -Тетово 16 -Струга 13 -Гевгелија 12 -Битола 11 -Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10 -Штип 8 -Кичево 7 -Гостивар и Валандово – по 6 […]

Во тек се разговори за вакцината „Спутник ви“, пристигнувањето на кинеските се одложува за неколку дена


Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека е потпишан договорот за набавка на руската вакцина „Спутник ви“, а од вчера течат и разговорите со производителот. За да се забрза набавката на вакцините се ангажирал и рускиот амбасадор во нашата држава Сергеј Александрович Баздникин, соопшти Филипче. -Покрај разговорите за кинеската вакцина и вакцините на „Фајзер“, […]

Колегата Јота има тешка повреда на главата, вели Филипче


Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно […]

За Сашо Мијалков 12 години затвор, за Јанкулоска четири


Со изрекувањето на првостепените пресуди заврши процесот за клучниот случај на поранешното Специјално јавно обвинителство во големиот скандал со прислушувањето на илјадници граѓани од страна на поединци во УБК. Двајцата бегалци, Горан Грујевски и Никола Бошковски, добија по 15 години затвор   Слободанка Јовановска Основниот Кривичен суд Скопје денес ги прогласи за виновни сите обвинети […]

Тензично на протестот за „Монструм“ – демонстрантите ја каменуваа полицијата, употребени шок бомби


Протестот против осудителните пресуди во случајот „Монструм“ ескалира откако од групата граѓани кои протестираа беа фрлани камења кон кордонот полицајци. Без успех завршија напорите да се смират тензиите. Полицијата употреби шок бомби по што толпата беше разбиена. Се слушаат и ситрени на возила на Брза помош. Инцидентот се случи кога се чинеше дека протестот е […]

Филипче: Останува системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари


Системот за пријавување за вакцинација преку матичните лекари останува, бидејќи сепак треба да се земаат и анамнестички податоци, вели министерот за здравство Венко Филипче. – Матичните лекари се тие кои ги имаат контактите, тие кои имаат комуникација со пациентите, меѓутоа и пациентите со нив. И добро е да се придржуваат до овој систем затоа што […]

Делегација на Македонија на одбележување на смртта на Борис Трајковски во Ротмиље


Делегација на Владата на Република Северна Македонија, составена од заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, денеска присуствуваа во Ротмиље, Босна и Херцеговина, на одбележувањето на 17-годинишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски. На […]

Бочварски: За десетина дена нов оглас за станови во социјалната зграда во Струмица


Повторно е формирана комисија која работи на нов повик за распределба на станови од социјалната зграда во Струмица, а ресорниот министер Благој Бочварски, очекува да биде распишан за десетина дена. -И во претходниот период имаше неколку обиди да бидат распределени становите од оваа социјална зграда на граѓани на кои тоа им е најпотребно, но биле […]

На иницијатива на Пендаровски се воведуваат две нови одликувања именувани по Киро Глигоров  и Борис Трајковски 


По повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, претседателот Стево  Пендаровски денеска положи цвеќе на гробот на Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Како што соопштија од кабинетото на претседателот на државата, Пендаровски положи цвеќе и на вечните почивалишта […]

Протест на роднините на осудените во „Монструм“: Полицијата блокира кај Мавровка


Протестот што го организираат роднините на осудените во случајот „Монструм“ кој започна денес по 13 часот во Чаир, се префрли кај крстосницата пред Кривичниот суд во Скопје, до деловниот центар Мавровка, каде што силни полициски сили го попречија натамошното движење на учесниците во протестот. Атмосферата е тензична откако група протестанти се обиде насилно да го […]

Заев: Времето на неказнивост го оставаме во историјата


Правосудниот систем е независна власт и денеска гледаме дека ги има сите околности да спроведуваат истрага без влијание и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“. […]

Северна Македонија и САД ќе потпишат нов меморандум за соработка во одбраната


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и помошникот на секретарот за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања Мара Карлин денеска попладне истовремено во Скопје и во Вашингтон ќе го потпишат новиот Меморандум за соработка во одбраната меѓу двете држави. На потпишувањето на Меморандумот во Министерството за одбрана ќе присуствува и амбасадорката на САД, Кејт Брнз. […]

Сончево со температура до 22 степена


Сончево и топло време со максимална температура до 22 степена ќе преовладува денеска во земјава. Во Скопје слично време со максимална температура до 20 степени. Утринските температури, освен во Берово и Маврово, насекаде се над нулата. Најтопло е во Крушево и Виница каде утринава се измерени пет степени.

Денеска Мијалков ќе ја чуе пресудата за „Таргет-Тврдина“, Бошковски и Грујевски одлуката ќе ја дознаат во азил


Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој иако три дена беше недостапен, денеска, сепак, во Северна Македонија ќе ја чуе пресудата за „Таргет- Тврдина“, за разлика од Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои за одлуката на судот ќе дознаат додека се наоѓаат стотици километри јужно од границата, односно во Грција каде што побегнаа за да […]

Седумнаесет години од смртта на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата


Со положување цвеќе на гробот и на спомен-обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 17-годишнината од неговата смрт во авионската несреќа кај Ротимље во близина на Мостар. Како што е најавено, претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на гробот на претседателот  Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на […]