Во болница се лекуваат 1.507 пациенти со Ковид-19
Вкупно 1.507 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет примени пациенти и пет билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на Ковид-19 и четири мајки, а на ГАК има тројца позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.