Владата го демантира Пауновски, добил неколку дописи и укажувања


Продолжуваат недоразбирањата на релација Пауновски – Влада. Откако денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски, изјава дека не добил никакво укажување од Владата за неговото однесување, со реакција на твритер се огласи владиниот портпарол.

– Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања. Во меѓувреме не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици, се вели во твитер реакцијата на портпаролот на Владата.