Голем пад на новозаболени, но пак многу починати – дури 37


Фото: Б. Грданоски
Ако се суди според бројката на утврдени нови инфекции, третиот бран на корона кризата како да стивнува, но бројката на починати и натаму е многу голема. Според извештајот на Министерството за здравство во последните 24 часа починале дури 37 лица, а во исто време регистрирани се само 86 нови случаи на Ковид-19. Ова е потврда на она што го кажуваа епидемиолозите дека бројот на мсртните случаи ќе биде висок најмалку две недели откако ќе почне намалувањето на новите инфекции.
Поради викендот вчера беа направени помалку тестови – 808, а од нив само 10,6 отсто биле позитивни, 86.
Огромниот број од овие позитивни случаи се во Скопје – 58, во Куманово 6, во Прилеп 5, Тетово и Штип по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево по 1
Од починатите 11 се од Скопје (48, 61, 61, 65, 69, 74, 76, 77, 80, 83 и 90), 5 лица од Охрид (55, 64, 66, 72 и 85), по 4 лица од Битола (67, 77, 89 и 91) и Кавадарци (71, 73, 76 и 78), по 3 лица од Куманово (65, 76 и 84) и Тетово (73, 76 и 80), од Прилеп 2 лица (53 и 54) и по едно починато лице од Велес (61), Струмица (64), Струга (60), Делчево (69) и Валандово (71).
Регистрирани се 856 оздравени пациенти од:
-Скопје 377
-Битола 79
-Прилеп 57
-Охрид 55
-Куманово 49
-Штип 36
-Велес 31
-Струга 20
-Тетово и Гевгелија по 19
-Гостивар 16
-Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш по 14
-Кичево 9
-Струмица 8
-Кочани 7
-Ресен 6
-Берово 5
-Богданци 4
-Валандово 3
-Крушево, Виница и Кратово по 2
-Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица по 1
Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.