„Ла Верита“ тврди: Заев и Филипче сакале да набават кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг


Италијанскиот весник „Ла верита“ тврди денес дека причината за враќање на авансот за вакцините од „Синофарм“ е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг. „Ла верита“ пишува дека поседува две писма од министерот за здравство Венко Филипче, од кои, според нив, пррвото писмо докажува дека  испратил барање […]

Парични казни и затвор за непочитување на полицискиот час


 Парична казна или затвор до една година за физички лица, а парична казна до 30 милиони денари за правни лица, предвидува Кривичниот законик за непочитување на полицискиот час што со одлука на Владата ќе трае од денеска до 22 март од 22 часот вечерта до 05 часот наутро. Непочитувањето на забраната за движење значи извршување […]

Заев му пишал на новиот поглавар на СПЦ


Во интервјуто за регионалната тлевизија Н1 премиерот Зоран Заев соопшти дека му испратил писмо на новиот поглавар на Српската православна црква Порфириј околу решавањето на статусот на статусот на МПЦ.   „Искористив можност да испратам писмо до српскиот патријарх и да му честитам на изборот, секако и да посакам успех во раководењето со СПЦ. Но […]

Продолжуваат да важат само ланските дозволи за движење за служени потреби


Министерството за информатичко општество и администрација соопшти дека од дозволите за движење за време на полициски час кои ги издаде во текот на минатата година, продолжуваат да важат само дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Сите физички лица кои ја добиле дозволата за службена […]

Од денеска до 22 март полициски час од 22 до 05 часот, движење само со посебни дозволи


На предлог на Комисијата за заразни болеси со цел да се спречи натамошен пораст на бројките на заболени и хоспитализирани од КОВИД-19 Владата одлучи од денеска до 22 март биде воведен полициски час што ќе трае од 22 часот вечерта до 05 часот наутро, а движењето во време на ограничувањето ќе биде можно само со […]

Расте бројот на заразени и хоспитализирани со Ковид-19


Бројот на новозаболени од Ковид-19 и на хоспитализирани во земјава секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се уште 872 случаи со Ковид-19, 22 пациенти починаа, а 412 пациенти се оздравени. На инфективните оддели во земјава се лекуваат 899 пациенти со Ковид-19 од кои 353 […]

Почнува вакцинирањето со „Спутник V“


Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска почнува вакцинацијата против Ковид-19 со вакцината „Спутник V“. Во поликлиниката Букурешт, пак, почнува ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“. Вакциналните пунктови и во двете поликлиники ќе работат во две смени, од 8 часот наутро до 20 часот навечер, од понеделник заклучно со сабота. -Поради проширувањето на ковид капацитетите и […]

Облачно со дожд и снег на планините


Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), […]

Заев: Лесно е да се одложи пописот, предизвик е да го спроведете


И покрај најавите за бојкот од повеќе партии и здруженија, премиерот Зоран Заев вечерва изјави дека владата и другите државни институции немаат намареа да го одложат пописот. „Сите велиме дека не знаеме кога ќе заврши пандемијата, никој не ни знае да одговори на тоа, но ние ѝ правиме штета на државата, трошиме кој знае колку […]

Обезбедени се средства за бонус за здравствените работници за период од девет месеци


Владата во рамки на 51.седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од реструктуирање на проектот за итно справување со Ковид-19 во Република Северна Македонија, односно на заемот од Светска Банка во висина од 90 милиони евра, и за оваа своја намера да ја извести банката. Со реструктуирањето на планот за користење на овој заем, […]

Сообраќајот на патиштата по наместа влажни коловози


Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопшти ЈП Македонија пат. Од претпријатието апелираат на внимателно возење […]

„Џонсон и Џонсон“ не може да ги испорача договорените вакцини – ЕУ не е загрижена


Компанијата „Џонсон и Џонсон“ се соочува со проблеми во снабдувањето што може да ги искомплицира плановите за договорената испорака до Европската унија од 55 милиони дози на нејзините вакцини против ковид-19 во вториот квартал на оваа година, потврди претставник на ЕУ за „Ројтерс“. Претставникот на ЕУ кој е директно вклучен во доверливи разговори со американската […]

Ланските дозволи за движење што ги издаваше МИОА ќе важат и за престојниот полициски час


Дозволите за движење во време на полициски час што минатата година ги издаде Министерството за информатичко општество и администрација ќе важат и за време на ограниченото движење на граѓаните од утре до 22 март. На оние кои ги изгубиле дозволите МИОА ќе им преиздаде нови. -Министерството за информатичко општество и администрација е задолжено да објави […]

Нови 872 случаи со Ковид-19, 22 починати, 412 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, а регистрирани се 872 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 459, Прилеп – 51, Кавадарци – 35, Куманово, Битола и Охрид – по 33, Тетово – 31, Гостивар – 28, Штип – 24, Неготино и Берово – по 15, […]

Заев исклучи секаков сомнеж околу набавката на софтверот за МВР


Премиерот Зоран Заев исклучи секаков сомнеж околу набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци. Најави дека преку соодветно соопштение од Владата ќе информираат за сите детали поврзани со набавката на софтверот.   – Дадов насоки да се расчисти работата од позитивен аспект бидејќи е нешто што се спроведувало за време на техничката влада. Видов докази и […]

Полицискиот час нема да важи за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми


 На денешната седница на Владата донесена е одлука за забрана за движење на населението и на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 22 март 2021 година (понеделник). Одлуката за забрана за движење […]

Полициски час од утре во 22 часот до 5 часот наутро


  Од утре во 22 часот започнува полицискиот час, кој ќе трае до 5 часот наутро. Одлуката ја потврди премиерот Зоран Заев, кој дополни дека Владата решила исто така да се воведе  задолжителен  карантин за нашите граѓани и туристите што доаѓаат од Африка. Тој напомена дека имало потреба од такво нешто затоа што, според него, […]

Ковид кај децата: „Ќерка ми не можеше да стане од кревет, пиштеше од главоболки“


Коронавирусот се посериозно ги напаѓа и најмладите во С. Македонија. Иако симптомите се различни, последиците од болеста можат да бидат многу сериозни и кај нив. Некои симптоми се исти како кај постарите Малата Јана има само 6.5 години. Безгрижната детска игра со постариот брат во детската соба, од пред неколку дена ја замени со болнички […]

Ученици од Карпош со нов еко предизвик


  Учениците од основното училиште „Јан Амос Коменски“, од Општина Карпош ќе бидат дел од еко – проект, кој овозможува зголемување на зелениот фонд во општината, преку забрзување на растот на растенијата. Имено, тие ќе ја истражуваат бојата на светлината која најмногу го поттикнува растот на растенијата. Станува збор за проект за кој училиштето доби […]