Македонскиот полициски синдикат го честита Денот на полицијата 7 Мај


Фото: Б. Грданоски

По повод Денот на македонската полиција 7 Мај, од Полицискиот синдикат упатија честитки до припадниците на безбедносните сили.

„Сите ние  припадниците на Министерството за внатрешни работи, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска,  да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава, притоа  максимално посветувајќи се да ја гарантираме нејзината стабилност и безбзбедност.

Почитувани колеги, години наназат покажавме дека сме на висина на задачата,  покажавме и докажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.

Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја нашата татковина, а истите треба да бидат пример за сите нас како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Нека нѝ е честит  7-ми мај – Денот на полицијата“, се вели во честитката од  Македонскиот полициски синдикат.